Ja sum vo italija i tuka e isto minimalno za poracka 10e ali dostavata e besplatne,neznam vo mkd Site raboti sto gi ima na shein gi ima i na temu i e poeftino, stalno gi namaluvaat proizvodite , Idat site komplet so si poracala
Исто и мене не ми е јасно. И кај мене беше 600, иако нарачав дупло повеќе од тоа. Како за промовирање на новоотворена апликација за онлајн пазарување, очекував многу повеќе поволности, попусти, кодови и слично. Демек, тркало вртиш, како не! Само си се врти и на секој истото му се паѓа: 185 денари попуст за нарачки над 1850 денари (тоа ти е 10 посто) и искрено мене не ми се виде тоа како кој знае што, па не се затрчав да купам глупости, само колку да се рече дека попустот е искористен. Гледам по други држави имаат многу промотивни денови, игри, предизвици по инстаграм и фејсбук за собирање поени, подароци и слично. Се надевам дека ова ќе дојде и кај нас. Сега, како што реков порано, мене на мисла ми е АлиЕкспрес. Моето искуство со нив е 98% позитивно, и нема лесно да го заменам за Тему, од причина што на Али има буквално милијарда производи од кои 90% не се присутни на Тему. Поради тоа, очекувам дека за брзо време Али ќе даде јаки поволности за нас, поради конкуренцијата што се појави. Од трета страна, пак, прочитав нешто ЕУ почнала да вмешува прсти, им било сомнително сето ова со Тему (реално, многу продавници може да затвори, особено онлајн шо продаваат на фејсбук...) па ќе испитувале што и како. Се надевам дека нема да у*ерат работа и да го повлечат. До душа, ние секако не сме во ЕУ.
И вториот пат ли е минимален износ 600 денари јас кога нарачував за во Германија првиот пат беше 10 евра а веќе вториот пат минималниот износ беше 25 евра?
Мојата ја поделиле на два пакети, па ќе видиме кое кога ќе стигне. Кај мене сеуште си дава минимум 600ден. Не знам зошто кај сите е различно.
До сега не ми се случило да ми поделат нарачка,а сум имала и од 10е ,20е па и 50е.Секоја нарачка има различен минимален износ и цените кај сите се различни во зависнос од попустите шѕо ги имаш.
Ја спуштив апликацијава, разгледав и не ја разбирам возбудава на луѓево. Исто како Али експрес, ништо ново. Демек побрзо, секако последниве нарачки од Али ми стигнуваат за 10-14 дена.
Леле завидувам како стигаат толку брзо од Али, моментално чекам пратки од Август. Многу ме интересира зошто некои пратки стигаат толку брзо, а за некои многу се чека.
До сега никогаш немам порачувано ни од Али ни од Тему, секогаш преку некој порачувам ама сега сакам сама веќе да си купувам оти ми е мака преку друх. Ве молам ако може да ми каже некој како оди процедурата би ви била многу благодарна❤️
Наводно сите пратки од Али ќе се доставуваат преку ЕЛС. Ако е така новите нарачки ќе стигнуваат побрзо, пред два дена нарачав баш ме интересира кога ќе стигнат.
Не знам за вас, ја си лупнав 100 евра на разноразни глупоштарии и тоа како прва нарачка. Па и блуза нарачав. Инаку да, како што имаше пишано член погоре, во Америка на пример има ОГРОМНИ попусти и многу големи ваучери (до 200 долари) за попуст, овде кај нас само тие 3 кодови се и ништо друго не можеш да користиш како попуст. Јас се имав по грешка регистрирано со Америка како држава, ми даде да вртам тркало и добив 3 бесплатни производи, што нормално не можев да го искористам кога се сменив во МК. Како и да е, забележав дека многу производи се поевтини од алиекспрес, и тоа по 200-300 денари на производ од пример 1000 денари, малку ми е чудно како со оглед на тоа што и тие и тие праќаат директно од Кина.
Разликата е што на Тему ти е се free delivery ама затоа имаш услов минимум цена за нарачка и демек предноста е што се стига заедно и за поскоро време
Сами што креирав акаунт на апп и уште не сум порачала ништо, јер 30 ден на сметка иам до плата ама божем да полнам кошничка, е сеа по ова што го читам горе, треба ин 1800 вредност да направам за фри шипинг?