Имаш кликнато на тие наградните за поврат на кредит. Јас немав таква опција и никаде не можам да најдам како се добива... Ако е кај М Оне мене ми стигна денес, а спремна бев да стигне после 1 месец... Според мене Виа пост се најдобри, можеш и да се договориш да ти донесат на друго место.
Ми стигна на апликацијава 800 денари credit back и ме однесе на производи да одберам во наредни 3 саати. Ова како фунционира, како се користи и дали е фејк ? ХЕЛП Ми стигна пред пола саат од ELS_Posta. Добро е за сега нарачкиве стигаат на време да не ги урочам.
Направив нарачка за да добијам credits back во слулајов 800 денари. И тие 800 денари треба да се добијат исцепкано во наредните 7 дена. Дали некој има искористено credits при купување и како се користат ?
Колку што имаш собрано, а се собираат на Тему сметката, од наредната порачка ќе ти ги намали. Пример ако имаш 800 денари кредит, а следната порачка ти е 1000 денари, ќе ти се искористат тие 800 и ќе платиш само плус 200 денари. Само не знам дали имаше рок до кога треба да се искористат.
Доста се лажете со тие кредити и попусти од Тему. Тоа се шеми што идат во директна корист на Тему, а не на купувачот.
"Купонот" од 3000 се всушност 10 купони по 300 денари за да направиш 10 порачки и на секоја да искористиш по 300 денари попуст. Мене така ми испадна, се излажав купив 2 работи за да го добијам тој купон и откако видов што е работава ја откажав одма нарачката. Жива глупост, ако ми треба нешто ќе си купам не мислам да се лажам со квази купони и да правам 10 порачки.
А дали автоматски ќе се одземат тие средства пред плаќање на наредната нарачка или јас ќе треба да ги активирам предходно ? Па не ми менува ништо, не ме тера да земам нешто што не ми треба и онака тие продукти сакам да ги купам. На крајот на денот ако имам -800 денари од сметката зашо да не ги искористам
Автоматски, се што е како кредит дали преку price adjustment, credit back итн. Кодови со попуст немам користено и не знам. Со внесување на шифра тоа.
Не сфаќам, за овие 800 денари им правам claim во наредните 7 дена. Ваљда се акумулираат за на крај да ги искористам. Ајде во Недела ќе ви кажам пошо ќе треба уште една нарачка да направам па ќе видам дали ќе можам да ги искористам сите
Ќе ги собираш тие 800 ден. седум дена и на крај ќе те тера да пазариш најмалку 1500 ден. за да искористиш 300 денари од кредитот и така на цепки до 800 ден.. па види ти сега дали ти се исплати. Според мене тоа ти се маркетинг трикови да трошиш повеќе пари на Тему.
Тркалото кога врти, и добиваш 2 500 денари бонус, дали ги добиваш истите исклучиво ако избереш производи од понудениот асортиман, и плус уште со еден производ платен од свој џеб?
Аха, јасна ми е фората. Али добро, и онака ќе правам уште 2-3 нарачки и толку ќе биде, што искористам, искотистам. Среќа имам контрола и не купувам работи што не ми требаат безразлика на цена.
Нема да те тера да пазариш 1500 денари. Јас сум правела и помали порачки и сум плаќала само со тие credit средства.
Точно, и јас исто. Баш пред некој ден направив порачка за која платив само 55 денари, остатокот беше од собрани кредити, ми ги даде тие 800 денари да ги собирам.
Одеднаш ми ги даде мене сите што ми беа во кредит. После тоа со нова порачка одново да собирам, нови 800 денари.
Кредитот можеш да го користиш кога сакаш и нема ограничено минимум нарачка. Јас ретко купувам глупости така да ми доаѓаат гратис некои порачки.
dali nekoj ima poracuvano bikini,kupaci od temy? dali se isti kako na slikite i dali se dobri so merkite?
Дали од различни награди се акумулираат кредитите, или кога ќе собереш еден после 7 дена ако земеш друг од 6000 од тркалото ќе се соберат сите или овие првите се поништуваат ? Нешто читав по интернетов такво нешто дека правеле ..