Не, како што ги собираш кредитите при секоја наредна нарачка ќе ти се одзимаат од сумата автоматски. Ви се десило нарачката да ви ја донесат на домашна адреса у сред ден и да не сте дома и да нема кој да ја земе, како се справувате со тоа ?
По комшии ако нема никој дома. Одма ми се наоѓаат бабите по комшилук, плус ќе си имаат муабет што толку порачувам
Мене денес ми даде да изберам два подарока со тоа што ќе направам нарачка од 1100 денари и ќе ми врати 500 денари назад во форма на кредити. Значи сепак испадна дека не е превара и плус исплатливо е.
Не, ќе го собираш во наредните 7 денови и после можеш да го користиш одеднаш, или ако порачуваш нешто на пример после 4 денови, ќе си платиш со тој кредит што го имаш собрано за тие 3-4 денови.
На тему е зголемен, ама на царина не е. Износот над минималниот лимит што подлежи на царинење на царина Тему ли ќе го покрие, или нарачката ја цепкаат на помали нарачки за се да пројде на царина ?
Каде стигаат пратките во СК? Дали на домашна адреса или в пункт? Кои од каргава ги носат дома, кои в пункт?
Цепкаат. Затоа пак нема едно нешто поскапо од 2500, зошто тука е лимитот за царина. Ако купиш нешто од 4000 нема да има како да го поделат.
Јас конкретно имав пратка 2300 негде беше, се заедно беше пратено и ништо не платив плус. Пишуваше на неа вредност 30 евра мислам беше.
Го свртев тркалото и ми даде 9000 кредит бек, и ми дава дека ми трае до 26 расцепкано на 12 различни суми, и за секој дава за нарачка над одредена сума. Сега треба до 26 да направам 12 нарачки за да ми ги одбијат тие 9000?
Царина се плаќа над 90€, од 22 до 90€ се плаќа само ддв. А ддв-то е покриено од страна на тему. Така да лимитот е зголемен и до тој лимит не се плаќа ништо плус.
Дали ако направам нарачка со можност да добијам credits back ќе добијам credits ако искористам credits за цела нарачка ?
Дали овој кредит можам цел да го искористам со правење порачка од 600 ден? до сега сум немала кредит ...
Дали имате нарачано стикери убави како за детска соба,да покриваат цел ѕид? Гледам има многу не знам какви се ,ми треба препорака
Може мала помош , како да ги контактирам Виа Пост ( гледам пратките кај нив ми се ама не се ажурирани ич до каде се пратките )