Прв пат нарачувам и не сум запознаена како оди процедурата. Денес е крајна дата за испорака на пратката. Не ми е доставена. Дали веќе утре ( ќе поминат 24ч) можам да барам рефундација на средствата или не? И што доколку побарам рефундација на средства а ја добијам пратката среда, четврток?
Откако ќе се прати пратката од страна на продавачот има едно speed up ама мислам дека тоа чиста формалност само. Друг начин да се забрза нема На фб страната за тему Македонија баш имаше членка некоја пишано дека си порачала и стигнал таблет и дека супер функционира. Поддржувало апликации да си симнеш. Мене во план ми е следниот месец да нарачам па ќе видиме.
Видов некој нарачал за 5$ deal пишал од мк, како се добива таков дил за нов корисник е попустов или треба и некој код за попуст. Не очекувам нешто вау ама за постара генерација за скролање по фб ќе го биде секако
Сум направила грешка,сум порачала по 2 пати? Може да се вратат од кога ќе стигнат ? Или додека не е стигмата некако да ја сопрам,иначе веќе е во испорака
Дали некоја девојка од овде има порачувано рамни сандали од тему? Бев по трговски пред некој ден и искрено за тие пластики што тропкаат кога ќе идеш не ми се дава по 2000ки. Гледав слични некои има и на тему, па ако има некоја феминка линкче и слика од производот супер би било да сподели
Имате нарачувано за вас а и за децата обувки како за во вода оние како чорапи што се? Сакам да нарачам шубе ми е ...
Девојки дали имате платено ДДВ за нарачки над 1200 денари? 2600 направив конкретно, да знаев дека се плаќа ќе си ги поделев
Еве некој го има пишано ова. Јас нарачав вкупна сума од 3.800 сега па ќе видиме порано самото ги цепкаше на 1200
Ддв-то е платено од страна на тему. Тоа си го пишува и на тему. Така да нема да платите ништо и над 1200 ден. т.е до 5414 денари
Направив 2 порачки од тему и ми стигна ваква информација за двете Дали е само кај мене или.има о други такви случаи? Зошто би делеле пратка од 800 ден и со 4 производи?
https://share.temu.com/igInbfOvMIA Овие ги имаме. Не знам што цена беа тогаш. Тенок е материјалот горе ама за еден одмор бркаат работа. Додуша и кнап и се на ќерка 22-23 опцијата и ја избрав исто како други обувки што носи. Ама може требаше број плус.
Ве молам за искуства со M ONE гледам многу негативни коментаро ме фато страв...а ми треба нарачката бар до средина на Јули
Мислам дека не е проблемот m one него наша курирска што ги презема од нив. Од M one ги презема овде вип пошта ако не се лажам ама од царина чим излезат стојат во магацин или кај курир подолго него што патуваат од кина. Јас нарачувам во Црна Гора ми стигаат преку M one ми за два дена откако ќе ги преземат они (m one) т.е откако ќе поминат царина.
За нарачка на облека кои димензии ги следите Body measurements или Product details? По слики и од тоа body може дури и во С да влезам а ова другото ни во ХЛ не спаѓам..
Јас се водам по тоа bidy measurements и до сега не сум утнала бројче. Ако сум измеѓу го нарачувам поголемото за секој случај. Си викам ај може со перење ќе се стесни па ќе си дојде таман