Но сепак кредит бек е најдобра понуда кога дава, на пример за нарачка од 3000 ден да ти врати 1.200 ден после една недела е супер плус сега има доста нови продукти на Тему не е како на почетокот
Ќе се проба и тоа некад, чим доста викате дека е корисно. Последно, и не спамам више, значи со овие кредити плаќаш, без да ти повлекува од сметка ни денар?
Го собираш кредитот секој ден, горе во пребарување ке пишеш подигнете кредит и ке те префрли ке кликнеш подигни, после недела дена можеш во целост да го искористиш.
Најдобра понуда да ама ако од таа пратка на нешто бараш рефундација на пари после 90 дена нема да ти ја даде таа опција со кредит бек. Не прашувај како знам
Credit Back - не е тоа кога мора да купиш од тие што ону ти ги нудат работи, а не и да си бараш сам што сакаш?
Они што ти ги нидат работите, но и на тие што ти се во кошничка ако имаш нешто ставено може и на нив, јас цело време имам во кошничка ставено што сакам да нарачам и кога има кредит бек користам нарачувам.
Јас имам порачано, ми се допаднаа по изглед и по квалитет. Сега не се Бонати, но се удобни и доволно растегливи.
Стварно е ова таблет за 0 денари за нови корисници? Или имаше кај стефонатор еден код, две работи бесплатни за нови корисници меѓу што и смарт часовник?
Јас да оние со наметка и се супер Инаку да се надоврзам на темата си нарачав сандала топ стварно и во живо многу убава ама за жал ми е голема
Да, за нови корисници. Баш имаше на фб групата некоја си нарачала таблет за 0 ден. како нов корисник. Само што таблетите се живо срање, ама па за 0 ден можда и се исплати
Ова нели е само ако нарачаш други производи за одредена цена, па потоа ти го даваат таблетот бесплатно? Не знам точно како е за нови корисници сега. Мене ми имаше дадено 4 бесплатни производи и баш си одбрав добри што беа сите над 1000 денари (меѓу кои и таблет), ама условот беше да направам нарачка од 3700 денари за да ми ги дадат тие 4 бесплатно, а навистина немаше што да купам за толку пари и се откажав.
За нови корисници не знам како е за стари дава услов да нарачаш. Неколку пати ми излезе за до 1000 ка и порачав после ми бараше 3200 се откажав сеа пак намали на 1400 ама се едни исти работи ми дава не ми треба ништо од тоа. Инаку таблетот не е којзнае што ,за дете е ок или за филмчиња ама ако е наполнет со апликации ќе кочи.