И мене ми стигна слична порака пред некое време, па бев до таму зашто исто пишуваше да се подигне пратката во следните два дена. На телефон никој не креваше. И замисли, не работеа, заклучено беше, а на вратата залепен толкав лист со работното време. Следниот ден маж ми го пратив, му рекле дека таа порака автоматски им се праќала, као немало везе не знам што. Ми ја донесоа пратката до дома на крај. Ништо чудно и кај тебе да испадне вака, освен ако не смениле политика поради летните одмори ако куририте им се на одмор.
Конечно ги добив, ми рекоа дека таа порака стигала пошто на некои им се брзало па ако сакале нарачката побрзо да ја земат дека можат од пошта директ да ја подигнат. А ако не ја земеш, ќе ти ја достават преку курир.
Па можат да допишат "ако не се подигне ќе ве контактира курир" кога веќе автоматски на сите се праќа пораката.
Секако дека може, ама пошто не пишува еве вака како мене ќе им се јавуваат луѓе по 1000 пати со истото прашање.
Мене овој пат многу брзо ми стигна пратката. Требаше после 9 ти август, денес ми ја донесоа. Не очекував. Ја порачав на 21 или 22 јули.
Почнаа да заебаваат овие пак.. Таман ги пофалив дека навремено ми ги носат, ете ги пратките си дремат недела дена у магацин.. Иначе зависи, нема правила, може пред 12, може после, а може и подоцна, после 17 часот. Те контактираа ли?
Дали знаете колку време стои пратката на released by customs? Веќе една недела стои така, а ми требаат за на одмор Или кого можам да контактирам?
Вчера дента коа пишам на темава, по некој саат ѕвонат ме бараат. Арно ама една пратка само, таа што порано пристигна ни трага ни глас нема од неа. Мислев двете, вика една само за вас има.. Ќе мора денес да се иде. Па вајда не ја изгубиле бе. Ме нервира шо цела недела пројде како е стигната, и ја нема.. Има таква опција секако, само треба да знаеш кај ти е, дали во главен магацин, дали во локалната канцеларија кај што живееш тој реон, дали ја шета курирот, кој да знае тоа.
Леле и мене ми стои од понеделникот истото и ми требаат за вторник одам на одмор. До сега вака не се случило, обично одма го праќаат после царина ама сега не знам ни каде да се обратиме.
Ми стигнала пратка пред два дена, која не бев во можност да ја подигнам. Се јавив во ЕЛС, фино им објаснив дека сум на одмор и дека ќе одам да си ја подигнам директно од кај нив. Ми рекоа да појдам во ЕЛС спроти крстот кај Џевахир, ќе ја причуваат неколку дена. Прашањето ми е, каде се наоѓа точно ова ЕЛС, вработениот со кој зборев не ми даде никаква адреса, само ми кажа кај крстот од страната према Лисиче населбата, првиот објект. Мене на мапава тука некој Автоплац ми дава. Дали некому му е позната конкретнава локација на ЕЛС? И колку време после неподигање ја враќаат назад?
Дијагонално од крстот на раскрсницата. Првата куќа на булеварот, има стоматолошка ординација и елс во приземјето. Нема да промашиш.