А зошто од друг град? Инаку некои автоматски пуштаат такви пораки. Ако сакаш сама да ја подигнеш, да не чекаш курир да ја достави. Ако не ја подигнеш, за ден два ќе ти ја донесат.
Секогаш од Вип пошта вакви пораки пуштаат, и секогаш ми носеле до дома. Нема логика до друг град да идеш, почекај мислам ќе те бараат.
Таму е најблиската база на Вип пошта затоа изгледа. Но ајде ќе почекам од понеделник да видам дали ќе ме бараат, денеска секако не можам да одам до база таму. Нема смисла ние да ги бараме нив кога од Тему си е платена достава до дома.
Прочитав некаде дека била српска компанија као посредник нешто така, после они ќе ја предадат пратката кај нас на некое карго. И јас имам една таква пратка и ужасно многу ддолго време ја чекам, што не ми се случувало досега. Ама ај, ќе почекам уште малку.
Дали некој добил credit back?!? Во последно само ситни понуди кои можам само 3 часа да ги искористам добивам. Соработуваат со елс... не се брзи како елс , но не се ни како вип пошта Едно 10 дена плус од првиот рок за достава. Толку чекам јас...
Како ви иде статусот на нарачката сега преку овие Трансфера? Вака ми стои мене веќе 3 дена Kod kurira / Na isporuci Završen 26.08.2025 15:22 Ако е кај курир зарем не ја носи истиот ден? колку се чека тука?
Трансфера е во Србија, посредници се. Кај тој курир е, нивниот, после треба до тука да го достават до базата на некое карго, зависи кое.
И да не ви искача на отварање апликација, пишете горе claimcredit и ќе ви ја даде страната. Ама обично така дава 35-40% и само на артиклите на страната. Ако ми се отвори тркалото само, тогаш ми дава 50% и плус може и од cart да бирам, што поише ми одговара.
Кога ќе побарам преку лупата, ми прикажува „this activity has expired“. Досега цело време ја користев опцијата credit back, ќе купам, ќе полнам кредити и постојано во круг. Последниот пат немав потреба да купам, па неколкупати ми ја прикажа таа опција, но не ја искористив. Сега, кога сакав да купам, не ми ја понуди повторно како опција.
Нема кредит бек, излеа толку беше, штета.. Нешо се искурчија и овие, не им се дава. За овие Трансфера, првата пратка баш глеам стигнала за 9 дена. Имам уште една преку нив, за на адреса кај дм, 9 дена се поминати од коа е пратена, уште статус дека се спрема за царинска проверка стои. Виа пост алал да им е, точно на првиот рок ми стигна. Елс се изгледа секогаш, како тие M one што соработуваат со Вип пошта.
Јас пред 7 дена искористив 50%, денеска последен ден го собирав кредитот, моментално еве вака ми покажува:
Имаш ли направено пауза од собирање кредити? И мене вака ми даваше, но повеќе од еден месец ништо не нарачував од Тему. Сепак, цело време ми праќаа понуди, на пример, еден ден 50% credit back, друг ден 40%... Потоа престанаа. Кога пак сакав да искористам, ми пишуваше дека е истечено и ми ги дава сега само тркалата, а тие ми се баш безврска. Credit back навистина беше најисплатливо.
Па не, ќе стигне една пратка ќе нарачам друга. Може да имало една недела до две пауза, не повеќе. Дефинитивно најисплатливо, ќе нарачам за 1200, ќе платам 600, и пак ќе соберам за следен пат да платам пола. Така може преку 10 пати нарачав по тек на неколку месеца.
Не е точно. Подмирено си е тоа од страна на тему. До 5000+ и нешто денари не се плаќа ништо, освен тоа што ќе си го платиш на тему како нарачка
ДДВ, царини, увоз, такси си зависат од државата и нејзините закони Во Македонија моментално законот е: Доколку испраќач е фирма - за пратки до 22 евра не се плаќа ништо. Од 22-90 евра се плаќа ддв. Над 90 евра се плаќа и ддв и царина. Доколку испраќач е физички лице - за пратки до 45 евра не се плаќа ништо. Над 45 евра се плаќа и ддв и царина. Од царината до сега не сум избегала. Секоја пратка што ми е била над 90 ми ја царинеле и сум плаќала околу 45% од сумата. А во праксата пресметувањето на ддв над 22 евра не ми се десило