Конкретно за тему, откако го подигнаа лимитот за нарачка до таа сума (5400 мислам беше) не се плаќа ништо.
Последните неколку нарачки ги чекам скоро 1 месец. Им се пожалив ама нема веза, секако си е во рамките на дозволеното време за испорака. А само сакав да им укажам на тоа дека има голема разлика во однос на досегашните нарачки, да видат до што е проблемот. Искрено, поради ова, не направив нова нарачка во меѓувреме. Тотално заборавив што нарачав а тоа што памтам-ми требаше уште пред една недела и сега кога ќе ми стигне ќе биде доцна...
Не е до Тему, до нашиве доставувачи е. Премногу пратки има, па не знаат да се организираат за побрза достава. Поточно, не се замараат. Инаку од Тему брзо стигаат, за една недела максимум се тука.
Реално е, ама тие 9.000 ти се поделени во ситни ваучери од по 100-200-300 денари за една нарачка. И имаш рок од 2-3 дена макс да ги користиш
Праткава пошто не ми е стигната а ми дава опција за рефундација да направам, дали ако направам рефундација и во меѓувреме поштарот ќе ми ја донесе пратката или?
Помината е датата за да ти стигне? Почекај уште ден два па напрај рефундација. Не си ти крив што не ти стигнала на време. Јас имав ситуација каде ми стигна известување дека пратката е доставена а ја не сум ја добила. Одма направив рефундација, парите на кредит баланс ми ги вратија, а пратката стигна следниот ден. Пишав во поддршка дека сум ја добила пратката да си ги повлечат парите од кредит баланост ама ми рекоа дека е во ред нема потреба од повлекување и да си ги искористам за следна нарачка
Пратката пишува дека е кај поштарот а од ЕЛС на 26ти август ми рекоа дека бо рок од 33 часа ќе ја добијам...
Пратките многу успориа. Треба 6 пратки да добијам,сите стојат пред царинење,значи,од првата до последната,сигурно поминаа, месец дена
Pisuva paketot deka ke stigni so transfera...so br na sledenje na pratka velki e predadena na kurur ama na sprski pisuva ...toa znaci na nasive kururi ili kako ?