Јас имам побарано да ми ги вратат парите бидејќи материјалот не беше ист како што пишува. Си побарав да ми ја вратат сумата на картичка, ми ги вратија парите во рок од 24 часа без да ги вратам работите по карго
Скоро една недела ми стига нотификација “picked up by custom clearance company”, што се случува, до сега пуштена ќе беше од царина.
Ти ја даде ли повторно? И ова се мисли на таа нарачка платена со кредитите или си рефундирала од таа претходната, пред да ги добиеш кредитите? Коа враќаш по карго, или со задржан производ? Шо вака се искурчиле и тие?
Ако ви касни пратка периодов што сте ја нарачале, еве зошто можи да е. Четките од Тему се борат против природата да стигнат до мене.
Ми ја даде само еднаш од тогаш т.е од забраната до сега. Баш ретко ја дава. Рефундирање барав за производ од нарачката кога го користев кредит назад.
Имам нарачано две досега и сум презадоволна. Големи се, дебелки, не се кинат, сега си ги користиме како украси во детска
Само да известам дека нарачката стигна Е сега, дали ќе стигнеше вака брзо без да им се качам на сите на глава, не знам. Заклучок: бидете најдосадни на свет
Имам порачано една персонализирана белегзија, супер ми ја направија, се туширам без да ја вадам нема никаков проблем. Треба само да гледаш да е stainless steel.
Dali ste poracuvale tepisi i stazi od Temu? Me interesira dali bi gi zadrzale na carina deka se golemi a dosega samo sitnici sum poracuvala vo mali kesi
Дали некој успеа да земе бесплатен подарок? Поканив 4 пријатели кој прифатија (за да се потполни лимитот) и пак ми е цифрата за плаќање 0.10 ден наместо 0 ден.
Две ланчиња имам и супер се, и се капам со нив и парфем прскам, немаат сменето боја, само барај да се stainless steel
Леле колку е досадно ова со подарокот, демек. Анимации шо траат пола саат за да, на крај, не добиеш ништо. Како функционира ова? Знае некој? Или да прогуглам да барам по странски форуми... Мислам дека нема врска, ама ај.
Јас имам порачувано обетки, ланчиња, прстени ми е се ок и се stainless steel, но еден саат ист материјал почна да ми пушта црно. Така да зависи. За накит сум презадоволна, се бањам со нив нема гајле, инаку обична бижутерија не сум порачувала од причина што кожата ми се нафрлува.
Каде досадуваше? Мене утре ми поминува крајниот рок за достава, ги нема уште. За пратките преку iMile, брза пошта е тоа или може и друго наше карго да е? Каде се отвара тикет неможев да најдам? или прво да помине рокот треба?