Епа кога никој не се буни, следно е и сите да се царинат, како што беше порано. За скоро време и воздухот ќе почни да се наплаќа, оти уште то остана бесплатно.
Секако порачуваме дрангулии, барем јас, голема работа ако не порачувам повеќе. Барем ќе заштедам на глупости што фрлам пари. А овие се чудат како до пари да се дочепат.
Иако законот е поднесен, поради локалните избори сè уште не може да се гласа. Очекувањата се дека ќе биде усвоен во средината на ноември, а ќе стапи на сила осмиот ден по објавувањето во „Службен весник“.
Како ќе се наплаќа даноков, во цената во моментот кога ќе се нарачува или при испорака? Ако се наруча од друга земја а стигне во мк исто ддв ќе има?
За сите пратки од странство ова ќе важи, така јас го разбирам. Наводно да се заштителе домашните компании и производство и така ќе имало поголема потреба од нови вработувања.
Кој знае и дали нешто ќе биде од ова. Живеам во Црна Гора и од нова година 2025 донесоа закон да се наплаќа ддв на сите пратки од странство. Е ама тему го покри ддв-то т.е го вклучи во цената ама ги дигна цените на сите производи. Е беше фрка на почетокот со курирски служби праќаа пораки дека мора да се плати ддв па да се подигне пратка ама се побуни народ па престанаа да наплакаат. Ако биде нешто од законов во МК мислам тему (конкретно) исто ќе постапи, ќе си покрие ддв ама цените ќе ги качи