Убаво им текнало да го заштитат домашното производство, но кога некој ќе се сети да стави некаква контрола на маржата која ја прават домашниве трговци? Како можи истиот производ 5 пати поскапо тука да го продава? Нормално дека од Тему ќе сакам да порачам во тој случај, а и бесплатна е доставата. Па сега се жалат дека им била намалена побарувачката. Ако веќе стапува ова во сила наскоро, најубаво ќе е сега да си порачаме новогодишни тракатанци.
Таман обичниот народ се порадува на ефтини и убави работи, се поднови што никогаш не би мислел дека ќе го има ради тоа што не може да си дозволи тука оти било скапо, и ете ти сега проблем.. Овие навистина сакаат да го до осиромашат народот, да купувале "домашно" а цените на домашното начукани во вис.. Со одлукава, логично е Тему да ги покачи цените како би го покрил данокот при извоз во државичево.
Тие ќе те најдат, не ти Во promotions види, ама и како шо спамаат ко луди, не е можно да не ти дојде нотификација. Стално ми доаѓаат такви понуди за 2 подарока, но секако треба да напраиш нарачка, има таков услов. Последниве 2 пати до кај 1100 беше условот, а може да е и над, и тоа многу над оваа сума. Глупо е шо мораш да порачуваш само од понудените, а не ствари од кошничка. Ептен да се погоди нешо шо го сакаш/ти треба па да се решиш на ова, иначе не се исплати да порачуваш. Давале и 4 подарока понекогаш. А мислам на два пати иам земано вака подароци со нарачка. Спојлер
Ова со ддв само у затуцани земји ко нашата воведуваат кај што има преваранти продавачи што истите производи од тему ги продаваат 20x поскапо па им се квари бизнисот Како што се крш и тие цени од тему се скапи.
Не знам баш колку и дали ќе бидат исклучени од оданочување тие над 22 евра. Да не' ни начукаат и царина и на нив ова хоштаплериве. Па и предизборно бе ваква глупост, автогол сами си даваат ама тие си знаат. Нека расте незадоволството кај народот. Тие првин да си ги регулираа тие на црно кои им работат и продаваат на фб, ни фирма ни данок ни бутур.
Не наседнувајте на ова е чиста глупост. Јас нарачав за 3500 денари и наместо наеднаш или на два пати ми ги даде расцепкани ваучерите за неколку нарачки каде мора да се нарачаат износи од 4000,5000, денари. Стварно без врска. Со триста финти пробуваат. Ја откажав нарачката откако ја платив поднесов барање за рефундација, ама не во вид на кредити туку на картичка да ми ги вратат тие 3500. Има некоја искуство со ова? И дали мора на маил да потврдам или не се бара тоа туку само банката да одобри рефундација?
За нарачки над 22 евра плаќате ддв? Или ги ставаат во посебни нарачки? Одамна не сум нарачала имам заборавено како беше.
не треба ништо да се одобрува, обично си даваат рок од 10-20 дена дека ќе ти ги вратат парите ама моето искуство е дека брзо ги враќаат, за неколку дена