Го користев овој гел за туширање, и преубаво мириса!! Дури и откако ќе се облечев го чувствував мирисот на кожата. Милина. Ќе си го земам сега и парфемот.
Го имав овој пред неколку дена и си го потрошив . Многу убаво мириса и траен е. Сакав пак истиот да си го земам, ама кога го мириснав овој се предомислив и наредниот месец овој си го купувам дефинитивно, преубав е Многу ми се допаѓаат сите, зошто се поразлични од останатите парфеми, бидејќи се цветни и со некој одреден мирис, не знам ама мене многу ми одговараат овие парфеми. И + им е тоа што се трајни .
Го купив и јас орхидејата убаво мириса цветно некако пудерасто едвај се одлучив помегу овој и бел мошус ама нареден мие мошусот ме подсека на детството толку чисто мириса што имаш чувство како само што си излегол од бања малку на почетокот е јак но после се смирува и доага до израз неговата убавина абе прекрасен е морам да го имам,а тој црниот со жолти китки што е немаше тестер така на капачето што имаше прснато баш и неможев да го осетам ама изгледа и тај е цветен( мене ми мириса на липа)
Даа!! супер парфем.. мене Ми поклони партнерот за матура ваков... Само беше во кафеава боја... "Tesori d'Oriente HAMMAM " уште го имам,, несакам да го потрошам хихи...
http://www.mcbody.ch/images/ORCHIDEA_Parfum-100-ml.jpg Разочарана од трајноста на парфемот па не мириса повеке од 2 саата БУ се потрајни од овој а од тестерот што се прскав ми миришеше цела ден раката додека не се истуширав сакав и бел мошус да го купам но поради трајноста се предомислувам
Го користам парфемот и гелот за туширање од орхидеа. Ми ги купија за матура како комплет, од тогаш ми се омилени! За во лето ептен ми е погоден мирисот. Сега гледам колкав избор имало, човек да не може да се одлучи! Сега кога ќе го потрошам ќе си пробам друг со млеко за тело
Еленче, мој предлог - пробај го тој во средина, со мирис на лотосов цвет. Спојлер Совршен е, а во комбинација со млекото за тело, оооо - рај! И траен е мирисот и на млеката за тело, што мене ми е од голема важност. Ставам навечер и мирисот ми трае и наутро кога ќе се разбудам. Мојот следен парфем од колекцијава (заедно со млеко за тело и дезодоранс) е тој со мирис на бел мошус. Уф, со душа чекам.
Ваков добив од бившиот на подарок и стварно прекрасно мириса. Го добив пролетоска,па не ми текнало да си земам сеа за секој ден прскање
Го манијачам овој Мишелка што го поставила а гледам и доста го фалите. Само јас си сакам цела колекција, гел за туширање, лосион/крема и парфемче. Како одат комплетите? Мислам што има во нив? Цена?
^ Преубав е Иначе,имаш различни колекции. Можеш со гел за туширање да го најдеш,лосион,путер што и да донеле кај нас.. Ама мислам дека не ги ставаат сите парфеми во колекции,сепак да прошеташ да видиш Патем некој дали ги видел овие? Веројатно се нови,ми изгледаат убаво
Ooo, кашмир + сандалово дрво - тоа мора да се проба! Јас ги немам видено тука кај нас, треба да прошетам деновиве, од радозналост, не дека ми се даваат пари. А овој од лотус уште не ми е потрошен, мислам, си го користев сама и денес гледам - шишенцето повеќе од преполовено, си велам КАКО !? Баш враќав на порака од Симона и мајка ми ми влезе во соба и низ цела соба ми се рашири миризбата од парфемов - натрапникот е пронајден. Кога ќе ми се потроши пак ќе си го купам, не би сакала да го сменам, иако искрено, се двоумев дали да го пробам тој со мирис на мошус, ама се приврзав за овој и некако не ми се менува баш. А може да ја наговорам мајка да купи нов лотус, а јас да си се почастам со мошус.
Абе мишела пишала дека ја има колекцијата, гел парфемче и лосион па затоа прашувам, и пишав ама не ја знае цената на колекцијата, мислев да не заглеал некој
Симонче колекциите барем јас имам видено само со парфем и гел за туширање се движат до 400ден ( 385-395) зависи каде лосионите за тело се околу 200ден а кремите незнам е сега ти можеш да си комплетираш да си земеш колекција со парфем и гел и посебно да си купиш лосион за тело п.с. провери во некои маркети имаше колекции исти како тие во кутија само овие во прозирно кесенце и се поефтини и имаше и мешани ( на пример мошус гел за туширање и хамам парфем)
Јас кога купував пак од овој со лотос што е, видов имаше комплет со парфем и гел за туширање, па се мислев да земам од гелот, ама мислев дали е добар, да не пак ме чеша коза од него За цената не ми текнува колку беше.А инаку сакам да си земам од гелот, комплет со парфемчето од лотос што е.Се заљубив во ова од лотос и не го менувам, па што сака нека е
Парфемчињата се убави и трајни,имаат интензивен мирис,но геловите за туширање ја сушат кожата,јас го имам тој од бел мошус,убаво мириса,но по употреба ја чувствуваш кожата затегната,лосион и крем немам користено,и искрено мислам дека треба да се користат во студените месеци,само орхидејата ми мириса свежо.