Спојлер Прејако ми мириса и ми се лоши. Го имам користено овој И добар ми е за зимно време, траен е. Сега го имам дезодорансот, кој исто е доста траен цел плакар ми мириса на него
Дефинитивно нема потраен и појак парфем од тесори Најубави ми се сивиот црниот и црвениот А и цената е повеќе од прифатлива
Супер ми се пафемиве.Пед некое време го земав црвениот и сум задоволна.Кај и да е ќе треба нов да земам при крај е овој што го имам
Сум пробала многумина парфеми од оваа колекција.. и гелови за туширање и разни креми но најнмогу ми се допаѓа.. tesori d'oriente orchidea della cina..пробајте нема да зажалите
Сте го виделе некаде низ нашите продавници овој Kashmir,Sandalwood And Vetiver ? Баш сакам да го пробам, можеби би ми се допаднал.
Јас го имам сивиот. Преубаво ми мириса и не ветрее брзо. И гелот за туширање го имам, ама многу ја суши кожата.
мене мм прв подарок што ми даде беше баш оваа колекција златнава парфемчето,гелот за туширање,и млекото за тело и затоа ми се мн драги...а и преубаво мирисаат
Мене премногу на орхидеи ми мириса(кивам од него), еве го стои на полица, само 2 пати се имам прснато.. Ѕирни го по парфимериите, не мора да значи дека тебе нема да ти се свиѓа xD
Одамна ги меркам ама ми беше страв да ги земам бидејќи читав дека се премногу јаки. И си реков ајде зима е сега таман за некој ваков да пробам и пред некој ден го земав Hammam и сум тотално разочарана. Мирисот е толку многу слаб и кога ќе се прснам јас минимално го осеќам мирисот а камоли некој друг да ми го осети парфемов после саат. Не знам што е работава што е таков... тотално спотивно од тоа што очекував Дали само овој Hammam е таков или ....
Незнам, мож само тој е таков, јас имам од лотос, не да мириса убаво,несвест, цел ден мирисам на тој од лотос, ма и повеќе, а и облеката ми мириса од лотосов, абе убавини, тонам Па и два имам земено, за секој случај да не снема, а мож и ќе треба да ги испразнам продавнициве една кутија, доволна ќе биде
Јас само овој го имам користено.Убаво мириса,но сепак е јак за мој вкус.Сакам убаво да мирисам,но ако сум постојано свесна за мирисот ми смета.
Јас и го подарив овој на другарка ми, и знам дека по некое време ја прашав со каков парфем си многу ми се допадна . Не се сеќавам колку беше цената, но не верувам дека беше повеќе од 400 ..колку е? Да си го земам
crazylady не сум сигурна ама мислам околу 380, до 400 највеќе. Јас таман сакав овој да го земам, ми го донесоа на подарок овој што е погоре постиран од бел мошус ли е појма немам, ама не ми се свиѓа како мириса така да кај и да е деновиве ке си го земам овој како на Мишелка
Сестра ми го доби за подарок парфмечево, преубаво мириса и трае многу долго, алиштата уште ми мирисат. Мора да си го земам.
Кога прв пат почнаа да ги носат овде беа многу поефтини од сега. Видоа дека почнаа да им се трошат па ги покачија цените. Како и да е, го имам овој. За разлика од други парфеми со таа цена траен е, иако не е многу по мој вкус бидејќи потешко мириса (но во тоа е и суштината на „ориенталните“ мирисни ноти ). Овој го купив за подарок и многу и се допадна на личноста за која беше наменет: Спојлер