Не знам зошто имав одбивност кон овие парфеми, ама пред извесно време на подарок добив колекција и се вљубив во мирисот! Колекцијата се состои од парфем, лосион за тело и вакво слично фенерче Спојлер Мирисот веднаш ме потсети на свежина, така што сигурно пролетва ќе го изнаносам! Едит: simoncelicius, сестра ми во парфимерија ја видела колекцијава и чинела околу 500 ден.
Многу ги имало бре. Сите ги сакам! Јас го имам овој парфем, од јасмин и преубав ми е. Цел ден ми трае, зглобовите дури и утрото кога ќе ги мириснам уште има трага. обожавам кога ми мириса, ме смирува некако. http://www.faciliaffari.it/img/p/676-862-large.jpg Се мислев меѓу јасмин, орхидеја, и лотос и продавачката рече дека од орхидеа тој бил свеж, потсетувал на омекнувач и го одбрав овој. Кога една другарка го мирисна ми рече дека и личел на машки парфем.
Девојчиња, колекцијата што ја спомнала Ана, ја видов и во еден локален поголем маркет. Чинеше 450 денари, беше баш иста како онаа од сликата, со фенерче, парфем и купка најверојатно. Така да, проверете и низ маркетите - сигурно ќе најдете.
Да, и јас ова го видов во еден поголем маркет, би требало да го најдете. Цимерка ми го има тоа дезодорансчето/парфемчето шо и да е. Многу убаво мириса.
Дали може некој да ми каже дали ги има во Тинекс, Макси Д.... или само по парфимерии може да се најдат?
Ги има и низ поголемите маркети, јас ги имам гледано и низ Тинекс, ако не се лажам. Слични се и со цените во парфимериите.
Да ти кажам преубаво мириса има и други Tesori парфеми нив ги немам користено само овој го користам скоро 3 години. Мислам дека нотата е лотос. Можеш на интернет да видиш да пребараш.
Да ти кажам преубаво мириса има и други Tesori парфеми нив ги немам користено само овој го користам скоро 3 години. Мислам дека нотата е лотос. Можеш на интернет да видиш да пребараш.[/quotТи благодарам ке го побарам и се надевам дека ќе го најдам па ќе пишам за впечатоците....