Доста се трајни, сум имала повеќе, ама најомилен ми е оној со мирис на лотосов цвет. Ми траел по цели ноќи на излегувања, а на марамите и облеката се заджувал и подолго - секогаш носам марами или шалови (во зависност од временските услови нели) и обавезно прскам малку парфем и по нив, па конкретно парфемов траел од утрото кога сум го прснала, дури до наредното утро иако веќе видно изветреан, ама уште се осеќа. Повеќето мириси се појаки и специфични и искрено, не се за сечиј вкус, ама мене ми се одлични, посебно овој лотосовиот, уф. Морам да си го купам пак!
Мирра - сив парфем сте го користеле ли? Дезодорансот е преубав и премногу трае Дали е иста миризбата на дезодорансот и парфемот?
Потпис и од мене за парфемиве, преубави се, долго траат. Сите скоро ги имам мириснато а веќе долго време ги користам Моментално го имам вториов кој ми е некаде при крај, следно си го земам првиот, некако најубав ми е од сите, ма да ниеден не е лош
Не можам да ги поднесам. Тој од лотос ми мириса на пипс за муви. Ништо чудно што се така евтини и во секоја продавница можат да се најдат...море, што зборувам? Таа цена е многу за оној мирис. Или можеби само мојот нос не го поднесува, гледам има голем интерес.
го имам тој од бел мошус и го користам само во зимски период бидејќи во лето би ме угушил, траен е но малку пресилен за мене. ама преубаво ми мириса така да не можам да му одолеам
јас ја имам оваа колекција ја добив за подарок.. внимавам како ја трошам и замалку ќе заборавев да кажам преубава е
Е овие се многу добри, ги имам пробано Хамам и црвените. Мирисот е прекрасен, незаменлив... ги препорачувам! Мада се малце скапи
Убедливо омилен - Hammam. Пристојно долготраен, штета што не е и повеќе. На прво прскање има некоја поостра и посвежа нота, а потоа „омекнува“ и се забележува мирис на ванила, таков мекан и пудрест, како кадифе (ауууу, парфеми треба да рецензирам со овие зборови) Ама навистина за тие пари е супер парфемче и има одлична цена. Fiore del Dragone е исто така ок, малку појак парфем и мислам дека и за нијанса подолготраен. Papavero del Tibet Овој го имав одамна, на почетокот ми беше некако сензуален, остар и несекојдневен парфем, ама подоцна како уште повеќе да стана концентриран седејќи во шишенцето, зашто никако не се трошеше и доби силна арома на скапани цвеќиња. Не сум гадлива личност, ама овој може да ме доведе до мачнина и точка на повраќање, толку е силен. Orchidea della Cina е многу подобар цветен избор. Женствен, летен и многу понежен. Мириса на чисто, на цвеќиња измиени од летен дожд.
Овај го користам сега сакам да купам ново пошто прикрај ми е И сакав со вас да се посоветувам каков да земам, според вас кој е најубав и отприлика цена да ми кажете.