Јас пред некој ден мојот гел за туширање го искористив како купка - истурив малку и ја наполнив цела када со вода. Ле-лееее... цело купатило и ходник мирисаше Многу пена се направи, па се нурнав меѓу балончињата и не излегов скоро два саати! Туку, сакав да прашам - млеко за тело од овие колекции каде имате видено? Досега неколку парфимерии поминав, ама секаде најдов само гел за туширање и парфем. Евентуално дезодоранс
Во Синоличка секако го има, ако нема таму провери во Диор или во Киси трејд - и таму имаат голем избор. Инаку Ана, провери низ поопремените маркети или некои помали локални парфимерии, мора да има млека за тело. Јас дури и во Космо ги имам приметувано, ако те носи патот, провери и таму. Многу интензивен мирис имаат млеката за тело, како парфем се.
овие се едни од нај трејаните парфеми кои ги имам користено до сега ги имам користено само сивиоти црниот црниот ми е нај убав
Сивиот дезодоранс Мирра прекрасно мириса Ме интересира дали има нешто на Ванила да "удара" мирисот повеќе
Си го купив Hammam-от ама некако не сум задоволна од него.Убав е мирисот, не викам не, ама не е баш интензивен и долготраен како што јас си го замислував(или очекував ). Flor di lotto стопати е поинтензивен, кога се мислев помеѓу тие двата го пробав на тестер и два дена ми издржана раката. За разлика од него со Hammam-от двапати се прскав во текот на една вечер, поточно го обновував мирисот оти не го осеќав на мене.
Мене баш ми се убави, уникатни и трајни еве овој со орхидеја ми е омилен од тесори и парфемот и дезадорансот ми се свиѓаат супер се<3
Од овие добив за матурска и кога ќе ставев се чуствував како да мирисам на некоја бугарска певачица, премногу ми се јаки сакам лесни парфеми или пак луксузно тешки. А овие не ми се допаѓаат воопшно јаки ми се.
Е ги испробав повеќето и орхидеја и сега еден друг од лотос е овие ми се сега на врвот најомилени парфеми ми се
Верна сум му од прв ден кога го сретнав.Веќе скоро 6 години. Незаменлива арома и мекост на млекото за тело.
Да си дадам мислење за сите што досега сум ги испробала. 1.White musk-чист,пудераст,свеж мирис.Одговара на негувана жена со дискретна шминка и елеганта облека. 2.Pepe rosa-чист ,пудераст тежок мирис.Одговара на строга ,закопчана до грло жена. 3.Orhidea-весник на пролетта,со фармерки и маичка,или лелеав фустан...идеален.Мој фаворит. 4.Afrika-зачински и остар,за машки идеален. 5.Jasmin-убиствено женствен.Втор на листа. 6.Dragon-освежителен,иритантно остар.Трет на листа. 7.Vetiver-машки и класичен. 8.Egipat-тежок и женствен мирис.И се уште непотрошен. 9.Lotos -возбудливо пријатен,пак ќе го купам. 10.Hamam-елегантно обичен и ефектен. Овие ги имам испробано не знам дали постојат и други мириси.
Каде во Ск може да се најдат овие парфеми? На толку пофални зборови, сакам и јас да се подновам со барем еден
@Nausicaa ги има во сите поголеми маркети (Мај маркет,Туш) и парфимерии.Ама сите на едно место никаде не сум ги приметила.
Пред скоро време, го зедов гелот од тоа што е од лотос, преубаво мириса, само некако брзо ми се троши Воодушевена сум од парфемот, сега и од гелот за туширање.И, понатака ќе си го користам, се надевам нема да го тргнат од продажба.Во однос на мирисот, помеѓу парфемот и гелот, мислам дека гелот е малку појак, ја задржува истата нота како од парфемот, но малку, мислам за нијанса е поразличен од самиот парфем, но како и да е преубаво мириса, башка и трае мирисот, после капење, доста долго време.Го префалив, ама кога е нешто убаво, заслужува пофалба