Има гелови за туширање во поголемите маркети, Веро, Рамстор и во ДМ. Спојлер: . https://fem-img.herokuapp.com/ae625e1abc9da6b3877185fb79a9e3cc585dc716/?url=http://i47.tinypic.com/15gpj5c.jpg Не барај зашто нема. Види во СК.
Се обидувам да најдам подолхо време, не можам никаде. Веро, Тинекс, ДМ ги немаат геловите за туширање. Конретна локација каде да најдам?
Каде во Скопје можат да се најдат повеќе видови од парфемиве? Во поголемите маркети сум сретнала 4-5 врсти, а гледам на постови од претходни години спомнати се некои што воопшто ги немам сретнато овде. Кој маркет или парфимерија се најснабдени?
каде можам да ги најдам сите тесори д'ориенте парфеми во Штип или Кочани? предложете машки парфем што трае и има нормална цена.
За жал кај нас увезуваат само две три врсти од овие прекрасни парфеми. Вајт маск е според мене најбаналниот од сите а токму него го има секаде кај нас. Во Албанија и Грција ги начекав сите, ги има преку 20ет врсти! Буквално паднав во несвест на МИРА и АФРИКА!!! Таква сензуална ванила најблиску ја има во Кашмир од Шопард. Кога и да ги ставам сите ме прашуваат кој парфем е. А чинеа само 3 евра на попуст. Порачајте ги онлајн, има преку 20 врсти. Или ако ве носи патот за Албанија или Грција побарајте ги по големите супер маркети. Парфемиве Тесори се чудесија со исклучок на овие два три, според мене најдосадните што ги носат само кај нас. Ја прашав една продавачка зошто не увезат нешто од другите врсти, ми рече, не се трошат, нашите се навикнати на овие три и не сакаат да експериментираат. Ова е најбаналниот од цела серија! И мене ми е многу одвратен, а најмногу го купуваат! Овде кај нас е најзастапен, за жал. Ако одиш за Албанија или Грција, пишав и подолу, во поголемите маркети и парфимерии ги имаат скоро сите врсти меѓу кои има фантастични. Или онлајн порачка.
За зима најдобри се Мира, Африка и Бизантиум. Интензивни се и многу слатки. Од Бизантиум облеката ми мириса со недели. Сите три имаат ванила некаде. Еве го, има сребро боја како и мошусот, ама се вика МИРА. Мене ми е најсвојствен за себе. Потсетува на Кашмир од Шопард.
Мира го нема кај нас никаде. Само во странство, а лично го имам најдено во Грција и Албанија. Можеш да го порачаш од нет.
Зависи, некои траат подолго некои не. И најмногу зависи од твојата кожа. Ист парфем ќе мириса и трае различно на секоја кожа.