E морав да отворам тема за Body Shop затоа што имаат прекрасни производи,и морам да ги пофалам Имаат препаративна и декоративна козметика,одлични лосиони,путери за тело,гелови за туширање,креми за лице,шминки,четки абе се,не ке можам да доискажам какви супер производи имаат Cте користеле нешто од Body Shop?Bи се допагаат нивните прозиводи? Kако заборавив да кажам,имаат одлични парфеми
Купив еднаш и некои производи никогаш повеќе не би ги купила. Во една бела корпа плетена идеа заедно спреј за тело и крема за лице. Океј кремата е топ посебно од кокос и од јагода. Многу убаво ми мирисаат, но спрејот за тело од јагода не можам да го поднесам. Многу е јак и грдо мириса. За други производи не можам да коментирам затоа што не сум ги пробала.
Преубави се.Редовно ги користам путерите,сите сум ги пробала,но најубав ми е Shea Body Butter. Исто и од бадем многу ми е убав,посебно мирисот . Имам користено и нешто од шминките,но на колекцијата за тело и давам предност. А тоа несесерите за подароци со мини верзии од призводите ,преубави се.
^ Тоа е Beauty Shop во Скопјанка,не Body Shop Имам користено парфемни масла,одлични се посебно во трајност. Само што мене нотите не ми се допаѓаат на маслата,од сандалово дрво имам и уште едно беше не ми текнува,абе многу се јаки мислам ќе повратам Леле само да се отвори кај нас,последните пари ќе ги дадам на нив ако треба. Тоа путерите и спрејовите слабост ми се ..
Ах, Боди шоп Oва е најубавиот гел за туширање некогаш што сум го користела Hема поубав, со гранули, цел ден мирисаш на јаготка преубав е, штета што кај нас нема боди шоп
Body Shop, да имам неограничен буџет,би ги купила сите путери за тело, гелови за туширање и тоа пилинзите.....се тоа така добро и трајно мириса ... Мммммммм.....
Не знаев дека имало и кај нас продавница. Јас добив на поклон несесер со производи од the body shop од UK, а и во Грција налетав на нивна продавница, па си купив прекрасен гел за туширање од зелено јаболко. Сон им се производиве, само единствениот парфем што го пробав - white musk некако не ми остави некој голем впечаток. Не беше лош, ама ниту импресионирачки добар. Просечен, би рекла.
А да не си го видела овој боди шоп и помешала случајно ? http://bodyshop.com.mk/za-nas/ Има еден боди шоп кај борис трајковски и тоа е овој горе на линкот. Значи,нема кај нас The Body Shop отворено сеуште
Пред некоја недела купив маска Seaweed Ionic Clay Mask (за комбинирана и мрсна кожа) и ептен сум задоволна, а што е најважно, не тестираат на животни!
препреееее задоволна сум, чичко ми ми испрати од Австралија производи. Имаше крем од јаготка и сапунчиња