И јас ги сакам тие што гребат До сега оној од Стокомак најубаво ми се погодил, а Зиаја никакко да го пробам
Дали некој ги пробал лосионите од мошус? Имаат три вида.. Многу го сакам мирисот на мошус но има разлика од бренд до бренд и не мириса секој исто.. Во мојот град нема боди шоп па не можам да ги мириснам затоа ако може некој да сподели мислење..
Да уште пред 5-6 год, супер е за нормална кожа, не е многу густ како тој со кокос на пример. И мириса преубаво
Го нарачав вчера, денес стигна. После ќе одам да ја подигнам пратката и да го пробам Ванила сакам, ама ако мава на тиквии
Некоја да не има нарачано последниов период? На 7 Јан направив нарачка уште абер немаат, а во јуни кога нарачав за 2 дена стигна. Им пишав секаде, не одговараат
Ги имате ли користено продуктите со white musк? Поточно за парфемите и спрејовите. Трајни се? И ја видов денес колекцијата со pupkin spice. Ги има некој користено?
Парфемите не се трајни, воопшто. Порано го имав black musk , не трае ни еден саат. За Pumpkin spice , многу ми се допаѓа путерот за тело
Гледам одамна си прашала ама ќе одговорам може ќе ти помогне Како некој што обожава мошус и има пробано еден куп парфеми во кои главна нота е мошусот овој е еден од најдоброте. Јас ја имам маслената парфем варијанта White Musk, мириса чисто и нежно како бебе, трајноста му е и повеќе од одлична го осеќам цел ден, често го ставам пред спиење заедно со Тесори White Musk кремот за телот мене ми мирисаат преубаво во пар, ме опушта, дефинитвно underrated секојдневен мирис кога само сакаш да мирисаш убаво и чисто. Некогаш и ставам дури и на коса неколку капки Само не е баш нешто што би го носела во елегантни и свечени прилики, ама ако сакаш нешто со пристапна цена за работа/школо/ онака необавезно во било која сезона, е супер
Убави се производиве? Ме заинтересираа, би сакала нешто да си пробам...ако имате искуство со некои производи, препорачајте ми
@Cherry blossom89 јас ги имам користено путерите, гелови, јогурт и крем за раце. Од путерите сум презадоволна. Јогуртот исто како млеко за тело ми е, дава хидратација но, повеќе ми се допаѓаат путерите. Шеа, кокос, бадем, моринга и пампкин спајс ги имам пробано убави се. Шеа би го ставила на прво место. Геловите просечни. Кремите за раце скапички ама убави. Сеа се сетив и спреј некој или боди мист имаше во еден од сетовите од кокос ништо специјално, го шприцам кога ќе го видам као освемувач низ соба
Имам пробано неколку производи и до сега се, ама баш се ми се погодило. Можи ова да е еден од единствените брендови каде се што сум пробала ми се допаднало. Путерот за тело од шеа ми е еден од омилените, многу убава ја прави кожата и мирисот трае долго, го користам преку цела година ама особено во зима ептен ми е погоден. За коса шампонот од чајно дрво исто преубав особено за масна коса, ја прави свежа и со волумен. Од мирисите пишував претходно за White musk маслениот парфем, последно ја земав тоалентната вода Wild Jasmine и се заљубив општо обожавам мирис на јасмин и голем дел од парфемите ми се со таа нота, трае некои 4-5 часа што е и повеќе од солидно како за тоалетна вода, мирисот е нежен, онака пролетен секојдневен, не е некој уникатен што би остајл впечаток, ама за секој ден вреди. Исто го имам и Full Iris го земав бидејќи на фрагрантика беше означен како сличен на еден од моите омилени - Escentric 02 на Escentric Molecules, би рекла дека е 90% сличен само за 1/4 поефтин, па си го користам него да го заштедам E02.. Само тажна вест прочитав дека The Body Shop ќе ги затвара продавниците и ќе работи само онлајн и ќе повлекувале многу производи од продажба
Прво прочитав на редит за оваа вест, после прогуглав и ми излезе дека е вистина.. брендот прогласил банкрот во 2024, Не знам за кај нас во Мк но штом веќе затвориле голем дел од продавниците низ Европа можно е и кај нас.. искрено се надевам дека ќе продолжат да постојат, ако не барем онлајн