Само сапунот го имам пробано, ништо специјално. Следно на листа ми е путерот од моринга. Јогуртот преубаво ми мириса и собава после него дур не излуфтирам мириса. Гелот го имам исто, ама гел ко гел не се задржува мирисот, ова залева.
Од колку мл ги земаш путерите? Како мириса моринга? Појма неам. Јогуртите претпоставувам се потечни, сигурно убаво хидрираат. Путерот од шеа мнг слаб мирис бе Не ме стрви плс Убаво ми изгледа и ова, вкусно Ај да те прашам искрено пошо двата бренда ти се познати, Лаш или Боди шоп? Што поише вреди ме интересира. На Лаш путерите и ти знаеш не им се вака, ко лосиони се, другиве баш баш путери, поцврсти за размачкување приметив. Го добив на поклон сетчето со шеа, неам сува кожа, пишува дека е за сува, па врска неам да кажам како негува во тој поглед. Нормална ми ја прави, нежна..
Има тва типа на луѓе за моринга: или им е ужасно одвратен мирис, или им мириса многу убаво. Јас од таа линија го имав гелот за туширање, преубав ми беше. Од Dewberry не знам за путеров, ама го имав боди-јогуртот, ми доаѓа повеќе да го изедам него ли да го мачкам.
Не знам што да мислам у случајов Имаат тестери овие? Можно е да сум од тие што би рекле одвратен Јогуртот може бољи е од путерот, путерот го порачав заедно со сетот Strawberry. Сите у мини травел сајз
Имаат на лице место тестери. И чешма да се измиеш раце. Единствено не знам во продавница дали ги имаат истите попусти ко и онлајн. За хидратација и трајност на мирисот подобри се путерите. Мене шеа путерот ми има убав мирис ама пошто е за "very dry skin", а јас со кожата немам толку голем проблем, претешко ми се впиваше и го осеќав ко "мрсен" на тело, ама преубаво мирисаше. Јогуртов од дива капина исто убаво мириса, ама првично го зедов пошто полесен ми е од путерот и полесно ми се впива на кожата. Мислам дека ако путер го осеќаш убаво на кожата и ако ти треба хидратација, тогаш ти е подобра опција од јогурт. Исто путер и од манго имам користено, полесен ми е за разлика од шеата ама мирисот не ми е нешто посебен. Од јаготка само го имам мириснато тестерот, не беше лош, овошен и пријатен мирис.
Не го осеќам убаво, се чудев шо е таков безврска Ко да не се размачкува одма, густ, тоа ради тоа шо бил за ептен сува кожа викаш.. Не е лош мирисот, баш е clean, ама ми е обичен некако, сакам појаки. Реално за нас шо неаме сува кожа путер можда и не треба толку. Ќе пробам во иднина и од јогуртите.
За мирис пробај од боди мист спрејовите. Го имам користено само овој Cranberry Crush. Не прави ништо на кожата, ама пижамите ми мирисаа два дена на него. Во Мк не знам дали го има се уште, го имаше есеноска, ама и да го нема овој од другиве колекции можно е да се наоѓа некој спреј поубав.
@Mrs. right Хмм, по путеров и јогуртиве од ТБШ почесто во последно време посегнувам, плочката од Лаш еднаш неделно кога имам време да се тинтрам ја користам. Путериве на ТБШ се поцврсти за разлика од јогуртот. Од 200мл земам путер стално, бидејќи највеќе ми се исплаќа кога се на акција. Еден имам од органска шеа е тој не ми е гибнат 150мл е и ми е помрсен некако и не ми мириса на ништо затоа и за украс ми стои Јогуртиве побрзо се упиваат некако структура имаат како млеко за тело и убаво ми хидрираат. Првично на тепка го зедов зимоска овој од брусница (сеа кога ја ставив сликава гледам истата линија е како мистот што го постирала @MarigoldA . И од овој просторијата мириса. Моринга да ти кажам на што мириса споредба појма немам, едино да појдеш да го душнеш да видиш дали ти се свиѓа. Гелот го добив на поклон и ептен убаво ми мирисаше па, кога беа на попуст искористив да нарачам јогурт. Овој од капина го гледав, ама мислев да не ми мириса киселкасто некако па, не ни нарачав. Ми фатија око и Velvet Fig and Pistachio и Ajwa Date and Honey. Можеби ќе се прелажев малечко пакување да земам од Velvet Fig and Pistachio зошто во главава си имам увртено дека ова другово со урми мириса на Sticky Dates, ама немаат. Мистовиве не знам дали сите иста трајност имаат, мене во комплетот кога нарачав од кокос цела линија ми стигна, ама шо знам трајност од соба до соба и повеќе не го осеќам Тестери искрено не знам дали праќаат, до сега не сум добила во пакетчето, а и не сум ни побарала Не знам дали би испратиле, следно баш ќе си ја пробам среќата па, ќе ве известам што сум добила И овие за разлика од Лаш имаат почесто попусти 20% - 30%, а не како другиве еднаш годишно.
Јас ги имам пробано и јагодата и моринга, кокос , шеа , со слива , ванила , последните два што ги набројав се од limited edition пред неколку години ги имаше. Кокосот е за посува кожа и шеата исто. А за мирисот и јагодата и моринга поготово ми се омилени. Овој путер за тело Virgin mojito ми беше супер и прв производ купен од Боди шоп ама за жал го нема оддамна
Несесерот од мини сетот со јагода им е ужасен. Материјалот обична хартија што се гужва и витка. Не ми е за поклон некако Би го дала гелот и путерот заедно со некое благце. Кремчето за раце го отворив, и ќе го задржам, смачкано малце ми стигна.. Мирисот на јагода обичен, просечен, не е ниту лош. Мирисот на Dewberry ме бендиса, многу поубав од јагодата
@MarigoldA баш ми иде да се изедам поради мирисов @Antolinaa не е киселкасто толку, дури слатко мириса. На попуст се И поише ми се свиѓа формулата на јогуртот отколку путерот. Повеќе хидрира. Боди мистот пресладок е, но не знам дали би траел дека овошен и лесен мирис. Може и за лето да се користи, свеж ми делува. За шишето стаклено браво, првпат спреј за тело да видам во стаклено. Како тоалетна вода може да пројде.
Дали ја пробал некоја новата колекција Elderflower & White tea да сподели импресии, ме интересира како мириса, во последно сум опседната со нота на чај