Некоја да не го пробала да сподели дали е траен? На добар попуст е моментално. Се мислам дали да си го земам.
Сѐ што содржи вакви ноти, јас ќе го купам. Заедно ќе банкротираме. Најубаво да нѐ банираат од темиве зашто не знаеме за доста. Сѐ што ќе се види тука, морало да се проба.
А таман од тему се откачив последните два месеци прекинав да нарачувам, ете ти сеа козметики секакви... а не само од тука, и од фрагрантика треба да изедам бан, ги спамам со прашања за парфеми, наместо да опишувам парфеми кои сум ги пробала...
А до кога им важи уствари попустов? На сајт им пишува до 31 август, а на фб ова ми излезе. Како 72 часа? Малку ме збуни.
Мене на спрејчето многу ми се допадна мирисот, а не сум ни љубител на силни мириси. Не ми мириса многу интензивно за во лето, мислам не е лимонесто и флорално, ама не ми е ни угушливо како за овој период, има некоја свежина. На пример за споредба, спрејот од Sugar Pumpkin линијата ми има далеку поблаг мирис, "позимски" што би се рекло.
Преубаво мириса путеров Баш е путерче у права смисла, путерасто и млечно, се осеќа и медест мирис, као некој топол напиток Воопшто не ми е нападен ниту мене, понежно мириса. Има пре глатка текстура. Спрејот може да е за нијанса појак ради алкохолот. И спрејчево овошно мириса совршено
Супер, мило ми е што ти се допадна. Јас путерот го немам пробано, моментално го имам тој од манго, следно ќе го земам овој од урми
Јас Три дена се канам да пишам и никако да пишам. Лосионот за тело Life is... мириса свежо. Осеќам јасмин најмногу. Хидрира супер, ми се допаѓа и мирисот. Се задржува на кожата 4-5h сигурно. Од цела пратка ова ми е полн погодок, а на тепка го нарачав според мирисните ноти. Velvet Fig & Pistachio - овошно ми мириса. Мислев ќе ми е претежок мирисот ама овој ми е посвеж за разлика од Ajva-та. Попрво би посегнала по овој. Ajwa Date & Honey - Не знам зошто ми се имаше увртено во глава дека можеби потсеќа на Sticky Dates од Lush, ама нема врска. Благичко медесто ми мириса. Е путеров од Vanilla - не знам дали имав превисоки очекувања, малку се подразочарав кога го отворив. Потечен, покремаст е од другите путери. Благесто мириса. Мирисот му е еееептен суптилен, 3-4 саати се задржа на кожа. Хидрира се океј, само чуден ми е малце веројатно дека кремаст е. Не е како јогуртите, ама не е ни како другите путери. Убаво мириса ама очекував појак тортест мирис Среќа малечко пакување зедов.
Нишо тогаш, попусти да се чекаат за него, скап е вака Сеа и Пампкин треба да излезе, те читав си го користела, не е ко Пампкин спајс на Лаш нели? Пошо претежок ми стана, ми се згади тој.. Ajwa пресовршен мирис ми има, ќе го сакам и спрејчето, намалени се прилично путерите и спрејовите
Да се надоврзам , Pumpkin не е воопшто како тој на Лаш, барем на мене ми имаше и некои ноти на ванила внатре.
Пампкин на Лаш го немам пробано, ама овој на боди шоп има ноти на ванила, би рекла и повеќе ванила осеќав во него отколку во овој Ванила што се вика Е тој убав ми беше. Овој новиов ми е меееххх ништо специјално.
Леле ама мене нова опсесија ми станаа, цело време го манијачам сајтот Кажете и за Almond milk путерот каков е Баш ме израдувавте за Пампкин, ќе го иам у предвид, прекјут им се амбaлажите на таа линија Неам сува кожа, ама путериве дефинитивно викам дека им се поубави од јогуртите Морингата со сила ќе се троши, се заебав, а ме предупредивте дека е поспецифичен мирис