Сме немале тема за серијава, а во тек е третата сезона. Сезоните се по десет епизоди. Станува збор за три девојки кои работат во ''Скарлет'', списание за жени. Кет управува со социјалните мрежи, Џејн е новинарка, а Сатон е асистентка на главниот за модниот оддел. Трите се најдобри пријателки и го следиме нивниот живот со секојдневните борби од модерното време. https://m.imdb.com/title/tt6116060/ Серијава ми е навистина забавна, едвај ја чекам секоја епизода. Кет некако ми се издвојува, баш ми се допаѓа нејзиниот лик. Ако не ја гледате дајте и шанса, супер ќе ви дојде.
Ја гледам серијава. Девојките се откачени. Само многу се истакнуваат негативности.Тврдоглавост,пиење,кукање... И тоа што Џејн и Кет напредуваат,а Сатон не. На моменти они две се многу дигнати.
Како кукање? Баш секогаш гледаат решение да најдат и да се надмине проблемот. Дури ни пиењето не е толку исфорсирано колку што може да биде, не дека треба да е проблем тоа. Мене ептен ми се допаѓа нивното пријателство и како се секогаш тука една за друга.
Силното пријателство е оној елемент што ја држи серијата на нозе. Моментите кога се незадоволни од работните задачи се малку оф,типично клише,ама има солиден материјал за добра 3 сезона ако продуцентите и сценаристите не зезнат нешто.
Баш тоа е реалното, се да е во ред би било клише. Една од подобрите серии во моментов. Ми се допаѓа што е реална, одлично се справуваат со проблеми кои ги има скоро секоја жена. Jacqueline секоја епизода се повеќе и повеќе ме воодушевува.
И јас си ја гледам редовно, ме освежува на некој начин. Серијава ми е баш girl power, убаво се прикажани секојдневните проблеми со кои се соочуваме ние жените, и интересна ми е за гледање искрено и ради нивните работи. И јас како помала се замислував дека би работела такво нешто Убави пораки си испраќа серијава.
Спојлер Супер беше епизодава. Не сакам да раскинат ич Ричард и Сатон, супер хемија имаат некако, ама како натаму да ја тераат работата Да имаше дете од претходен брак Ричард ќе беше супер, ќе му беше средена таа страна. Вака... Патрик на нерви ми гази, сакам да се отарасат од него. Досаден е. Треба Џаклин да ја има повеќе, подобро беше кога она ги водеше работите.
Спојлер Мене Џејн и Пинстрајп воопшто не ми се допаѓаа претходна сезона, ама оваа ми се многу смешни и интересни. На друга страна, Ричард и Сатон не ми се допаѓаа и не го гледам заедно. Срцето ми де скрши кога испадна дека Тиа е стрејт, баш видов многу хемија и мислев дека ке дадат нова девојка на Кет. Една послаба епизода. Ама многу си ја сакам серијава.
Кога излегува 4та сезона? Патем, нешто што не ми се допадна во последнава сезона е тоа што машките апла лиглиња ги прават. Ок, феминистичка серија, топ. Ама не до толку. Ричард од ладнокрвец наеднаш стана потрчко увек насмеан и расположен. Типот на Џејн, од женкар наеднаш романтичен моногамец . Се ок, но преекстремно ги сменија ликовите во понашање на цена-грлс пауер.
Јас се опседнав со серијава. Сè уште сум прва сезона но ептен ме привлече. Со оглед на тоа дека има 4 сезони, се надевам и дека во наредните ќе е еднакво добра. Сакав некоја ,, полесна" серија, но сепак со добра содржина, и иако не бев воодушевена, планирав да ја гледам Emily in Paris, но го прочитав коментарот од @sweet-cherry во темата, каде ја предложува The bold type, па решив таа да ја гледам бидејќи првично ми се допадна повеќе од другата. Серијата има прилично висок рејтинг, содржината ми се допаѓа, модата која ја негуваат исто. Ликовите се одлични, актерите добро се вклопени. Се надевам нема да разочара понатака.
Ми останаа уште 5, 6 епизоди од 4та сезона. Што ќе правам после тоа, не знам. Се заразив. Некој да предложи некоја слична ваква добра серија?
Штета заврши серијава, баш ми е жал, а имаше уште многу работи за истражување. Спојлер И крајот беше премногу cheesy, мислам Кет главен уредник, океј, едвај се спаси од таму, па демек неа ќе ја постават за уредник, смешки. штета крајот така што го ушлакаа. И со Сатон исто, Ричард бебе ќе посвоеше, одобрено комплет, ама ај не. Можеа подобро да го изведат крајот.
И јас ја завршив. Буквално како на брзање без план, како некој да им рекол со наредна епизода завршувајте ја серијата. Штета на крајот лошо ја завршија.
И мене не ми се допадна крајот, многу избрзан, баш како да нема утре, сѐ се случи наеднаш. Воглавно последната сезона најмалку ми се допадна од сите.