Прекрасен филм, темата на филмот е како може природата со еден потег да стави крај на светот. Мене многу ми се допадна. За оние кои не го гледале, го препорачувам. Оценка 10/10.
Овој ми е омилен филм со ваква тематика. Бев мала кога го гледав, ама откако го гледав првиот пат, го даваа уште неколку пати на ТВ и секогаш го чекав да го гледам пак и пак..
А зошто посебна тема за филмов? НЕка оди во последно гледани филмови...или не што слично...не знам, безпотребно трупање на теми
Што е страшно ако фимот е постар? Филмот е баш ОК за својот жанр и во ред е ако и се допаднал и и оставил впечаток на девојката. Не треба никој да коментира во темите или да отвори тема за Војна на ѕвездите, Господар на прстените, филмовите на Чаплин, на Хичкок, на Клинт Иствуд... зашто се стари?