Тоа е сегашниот Бери, а он не е заинтересиран за убивање на мајка му, сака да се врати и да ја спаси.
Убиецот е оној жолтиот Флеш,ама некако не верувам дека е доктор Велс,мислам дека сосема трета личност ќе испадне.
Мислам намерно сакаат да не наведат дека доктор Велс е убиецот и на крај ќе испадне сосема некој неочекуван,дека вака нема да биде интересно ако се знае. Инаку тоа крвта што ја најдоа на Бери е дека Бери сега ќе патува во времето за да го спречи убиството на мајка му и мислам ќе успее. Ама и мајка му била вмешана во некој таков проект со метахјумнс сигурно,инаку зашто би сакале да ја убијат?
Спојлер: S01E15 Не се нормални продуцентите,не маткаат 14 епизоди,а во оваа лупнаа се наеднаш И сепак Велс бил виновникот,ама срцето ми се скрши за Циско,се надевам ќе се врати Бери назад и ќе го спаси некако. Од друга страна,сега фактички се врати во ноќта на убиството на патологот,и можеби ќе го фати оној што го контролира времето.Така,ни бакнежот со Ирис нема да се случи,а нема ни да дознае таа дека тој е Флеш,ниту пак ќе го откријат Велс. Ми се допаѓа во која насока тераат,само ме интересира кој е тој Thawne(Велс),ми звучеше познато,ама не знам каде се спомна порано.
Спојлер Дефинитивно не го очекував ова! Мноогу работи се случија во една епизода, Велс е уствари обратниот Флеш ,ова најмногу ме изненади. Се си мислев дека ќе испадне некој трет,неочекуван и испаѓа на крај дека мајка му на Бери е само жртва. Сиско нема да умре,сигурна сум дека сега Бери ќе го спаси само да не чекаме до season finale за да се вратат во сегашноста,таман почна да биде интересно ваљда нема да ја влечат приказнава до крај. И некој нека ја убие Ајрис плис зашто не можам да ја сварам ама ич!!!
Спојлер Најпозитивна работа од новава епизода само дека Ајрис не се сеќава на ништо. Ако почнам да правам листа на најантипатични ликови од серииве, она ќе биде некаде на врвот. Значи ептен ми е лигава и одвратна и се радувам кога не ја даваат толку често. И многу лош пар се со Бери,многу. Знаев дека Сиско нема да умре ама не очекував Капетан Колд дека ќе го спаси. Само почесто нека го даваат, иако сметам дека улогава му ептен дебилна и дека му стојат посериозни улоги и дека е актер со многу потенцијал ама нејсе да не бидам офф топик добра беше епизодава,сега Бери ќе биде тој што ќе ја открие вистината.
Спојлер: S01E17 I did not see that coming Очекував дека има нешто добро во Велс,дека е жртва на ситуација,а тој испадна дека не е Харисон Велс,туку Еобард.Прво мислев се споиле како Рони и оној научникот и дека одвреме навреме преовладува карактерот на вистинскиот Велс,ама изгледа тој е мртов.Всушност Еобард му ја реплицираше ДНА да изгледа како него,а не знам дали му ги апсорбира сеќавањата и интелигенцијата,или само телото,се надевам ќе подобјаснат за тој дел. Бери добро е што почна да се сомнева и да сфаќа некои работи,но почна на сите да си го кажува идентитетот,исто како Стрелата,поарно да не носи маска Многу ме заинтересира патот на приказната на серијава,последниве епизоди ептен се задлабочија,а според промото следната епизода ќе биде лудило кросовер со Arrow и Atom.
Цајканот што му е партнер на Џо и дечко на Ајрис. Спојлер Па сега за сега, така е. Но, нели крвта која ја пронајдоа на ѕидовите не се совпаѓа со онаа на Велс. Како и да е, претпоставка ми е само, не знам дали така навистина ќе биде.
Заборавив на крвта комплетно И сакам Бери да биде со Кејтлин,не со Ајрис,глупа и антипатична е,нека оди во некој паралелен универзум,да не ја гледам
Спојлер Ако продолжи и Бери ко Оливер сите ќе му го дознаат идентитетот и тоа уште во прва сезона. Се надевам вистинскиот Др Велс е некаде во тоа тело зашто не сакам скроз да го избришат неговиот лик, он ми е еден од поомилените. А не ми е јасно зашто крвта на др Велс би ја имала на ѕидот кога нели после тоа Еобард му го превзема телото? Или сум сфатила нешто погрешно? И знаете што сфатив,дека и Џо некако ми станува антипатичен во последно време заедно со неговата најнајодвратна ќерка. Се надевам во финалето ќе ја убијат или нека ја префрлат во некој нов спин офф со Реј од Arrow..