И во минатата сезона многу брзо го вратија. Во една епизода натрупаа се.. Сакам само и Кејтлин да се бори со супер зликовците тоа би било супер. А не во минатата сезона ја прикажаа како зликовец. Иако пак беше супер, но во склад со тимот ке биде бомба.
@Adi888 денес ќе излезе или на gledalica или на serijesad. Вчера се емитуваше во Америка, денес сигурно ќе излезе и кај нас.
Првата епизода ми беше премногу добра. Ок, во глобала сите први епизоди се добри. Ептен ми беше чудно тоа што, шест месеци не се обиделе да го вратат Бери, и доаѓа самураито, и одма им текнува, т.е. Сиско работел на тоа, претходните шест месеци, абе ај. Па и само три негативци им се појавиле во шест месеци, ко што разбрав. И Ајрис толку заинтересираност да нема за враќање на Бери, еве незнам. Второ не ми се допадна во епизодата, тоа што Бери си збори глупости, ама му спомнуваат дека Ајрис е во невоља, значи тешкото пореметување го снемува за момент. И тоа што Ајрис им била ,,д босс,, абе ајде. Она знае да биде шефица. Кејтлин ми е премногу срцка, само не разбрав зошто и се изгуби моќта. А и сакам таа да биде дел од тимот. А и негативецот е баш интересен лик. У целина, интересна епизода. 40 минути ми поминаа како 10.
Се надевам дека сезонава ќе биде поразлична од претходните три. Конечно сменија негативец, кој во претходните три сезони беше спидстер. Време беше нешто да сменат.
Премногу рано ми е да предвидам дали ја оправија серијата или не, единствено за нијанса е подобра режијата, малку поинтересни кадри.
Мене ужасна ми беше првава епизода. Ајрис значи органски не можам да ја поднесам и кога видов дека ја ставиле како демек главна, ми идеше одма да ја исклучам епизодава. Која квалификација ја има она, освен тоа дека му е свршеница на Бери? Нити е научник, нити е мета, освен тоа што се плетка таму кај што не и е работа и проповеда памет, а самата нема ни две чисти. А сите па како ја слушаа, дури и комично ми дојде, не ми се веруваше дека Сиско и преќути на почетокот. Не ми се свиѓаше минатата сезона што се околу неа се вртеше со Савитар, и се надевам дека сезонава ќе ја стават малку во заден план, зашто има многу поинтересни ликови од неа што заслужуаат повеќе внимание.
Се согласувам со Тики, Ајрис е толку досадно суштество. Јас сакам да се заврти малку повеќе приказната кон Кејтлин. И каде отиде оној што беше заљубен во неа? Или пропуштив нешто или си замина? Баш е срцка.
Лоша прва епизода, дури не сум сигурна дека сакам да продолжи. 1) Ајрис... Главна. Лошо.; 2) Сиско чекаше некој да дојди да го побара Бери за да кажи дека сработил нешто, место сам ко ќе сака да го побара; 3) Начинот на кој Бери се "свести" ... Колку подобро можеше ова да се сработи. Се лошо би заборавила ако ова го направеа како треба.
Интересен почеток на епизодата. За 5 секунди отиде да земе кафе и палачинката уште паѓаше. Се пресмеав кога рече за Џон Сноу. Па и баш жално, си остана човекот без кола. А и Ајрис ми остави впечаток дека не е среќна за враќањето на Бери? А и зошто Ајрис не му објасни за Оли? Сакам Кејтлин и Бери да се пар, не оваа одвратна Ајрис. Добро, сезонава сигурно ќе биде фокусирана на мета луѓе со технолошки способности. Си се пресмеав цела епизода. Ајрис е премногу досадна со тоа за терапија за парови. Ја оставил сама 6 месеци, епа за да го спаси Централ Сити мори квачко! Нема бегање од неа, ќе се венчаат со Бери.
Само нека ја тргнат Ајрис, глумицата ми е премногу одвратна. Личи на 5 годишно дете кое родителите го оставиле во золошка со таа терапија. #PrayForIris. Новото одело на Флеш ме потсетува на оделото на Iron Man, ама не во позитивна смисла. Лоша копија, можеле нешто подобро да смислат.
Втората епизода беше благо подобра од првата едино ради што ми изнуди насмевка дур беа на терапија. Се друго е лошо. Штета и последната добра серија од CW да тргни по лош пат како сите други пред неа. Абе Ајрис бе, шо чоек умре место тебе. Фали ЕјџАр, мислам дека тој во #2 треба пак да си се врати со или без ќерка. Да бараат нов би било веќе преработвано и веќе видено повеќе пати, ама па и без него никако не е. Следно, зошто Џипси влегува како натрапник? One- one- one day? Барем ова нека беше креативно смислено, испаѓа таму на #19 или од кај е таа, дека е димензија со идиоти. Знам му се жалев на другар и имав повеќе работи, ама откако не сум нервозна после епизода, само ова ми текнува.
Епизодава стварно беше од глупа, поглупа. Посебно напинањето на Ајрис за венчање со Бери. Ми се свиѓаше мета-типкава, посебно со тоа милото гласче, со мерак да ја слушаш. А и недостигаше Харисон во серијата. Раскинувањето на Џеси со Воли стварно беше непотребно, или пак, дополнување на времето. Не се ни сеќавам што гледав, од толку што беше досадна. Конечно им текнаа да го отргнат Кид Флеш, некако вишок ми беше во серијата. Поарно ќе беше Савитар да ја убиеше Ајрис, да не ми биде фацава ваква -> секогаш кога ќе го видам нејзиното лигавење.
Не знам дали зошто е новитет или искрено ми се допаѓа, ама новиот лик у моментов ми е најдобар у цела серија. Интересен мета е, карактерот му е забавен и ме потсеќа на млад Џим Кери. Се отарасија од Кид Флеш за овој да го донесат... фалабогу.
Интересен лик е, и се надевам ќе порасни како лик зошто вака има потенцијал, но не ми се допаѓа новиов. Постојано го гледам во лицето, ептен како месечинка му е. Се надевам ќе има некакво подобрување во костумот, нешто како сликата од стрипот. Сеуште не ми се допаѓа нешто нај-нај ама премногу ми личи на Бо Бурнхам и мислам дека затоа уште имам некваква толеранција за него. Ни Кид-флеш не ми беше нешто вау, ама со моменталната брзина на Флеш откако излезе од спидфорс - навистина беше непотребен. Ај барем Бери еднаш да биди најбрз. Што не ми се допаѓа во последно е што Кејтлин и Фрост си се менуваат. Килер Фрост е одличен лик: Можи толку многу да се работи со неа, badass е. А овде ја направија да е лошото алтер-его на Кејтлин шо оди на Burning Man и ден после тоа Кејтлин се осеќа лошо. Исто така, ја викаат Килер Форст, а самата кажа дека нема убиено никој, туку само ги тепа онака. Кога го кажа тоа мислам ми се одмили како лик. Killer Frost за мене е немилосрден, ладнокрвен убиец, а не само лошо алтер его и секогаш кога ќе ја видам Кејтлин, особено кога зборува за Килер Фрост или „се трансформира“, само вака си сум нешто: И најважното:
Ралф е пресрцка. Вообичаено нови ликови ме нервират, ама овој го засакав, интересно глуми, а и брзо напредува. Костумот му е за 0! Можеле малце да се потрудат! Се надевам дека во најскоро време ќе му направат нов, а и Сиско секогаш прави врвни, на Бери можеше да му направи со триста чуда, тука само едно плавко растегливо материјалче! Не ми е јасно како Кејтлин е добра, а како Killer Frost е лоша, т.е. дека се две различни личности. Негативецот е предобар! До сега имавме негативци кои се тркачи, конечно нешто ново. Нема да биде сега дека Бери мора да стане побрз, како во изминативе три сезони.