Crossover The Flash-part 3 Кога видов дека се однесени на Земја Х, мислев дека причина е да се спаси таа Земја од нацистите. Што сепак не се случи. Морам да ја пофалам глумата на Мелиса (Кара), предобро ги глуми и двете улоги, и како добра, и како лоша Кара. Браво за актерката. А исто и Стивен (Оливер), човекот добро ги долови и двајцата ликови. Нешто што ми се допадна во епизодата беше појавувањето на Снарт. Цар е човекот. DC's Legends of Tomorrow-Part 4 Смртта на Мартин Стаин, не ме погоди, не сум ептен приврзана за ликот, а и не ја гледам серијата DC's Legends of Tomorrow. Убав завршеток на crossover-от.
Оф јас липав. Липав зошто се знаеше дека Стаин ќе си оди од Waverider, му се роди внуче. Па бараше начин да се одделат со Џекс за да си оди и да се „пензионира“. И на крај од се ова, умре. Не требаше вака да се прензионира и зато беше ептен ... лошо.
Некако целата приказна беше актеров некако да си оди. Или веќе да не биде Firestorm или да умре. Таков впечаток имав.
Веќе цела сезона се зборува како доби внуче и сака да оди дома, па бараше начин како да се разделат со Џекс. И начин беше најден, ама ајде ова како „последен“ пат, да се реши кризата - и умре. Затоа е тажно. Зошто не сакаше дете - доби и го засака и сакаше да се посвети на фамилијата, не очекуваше да има внуче - сакаше да му се посвети, ама не успеа. Не знам дали си запознаена зошто рече дека не гледаш DC Legends of Tomorrow, ама Стаин немаше ќерка. Ќерката е временска грешка, која реши да ја зачува, значи не беше навикнат да има ќерка, па после тоа и внуче, поголема фамилија, и сакаше да се посвети на тоа. @Stephen Amell Особено липав на говорот на Џекс кога велеше дека сеуште го слуша гласот во глава кај него, зошто Стаин секогаш ќе биди дел од него.
@theowndemon Ја гледав серијата првите две сезони. И мислам дека во претходната настана таа временска грешка, кога добиваше флешбек за жена која не ја знае. Третата сезона не ја започнав од причина што го нема Снарт. Инаку ме интересира дали се најде решение за Џексон? Или и тој ќе ги напушти Легендите?
Џекс е способен да остани и сам, последните две- три епизоди работеа често разделени со Стаин за да докажи дека е добар и сам да биди дел од Легендите, во најмала рака како механичар, иако можи и повеќе. Дали ќе остани, да памтам со новата епизода - ќе ти кажам. @Stephen Amell Инаку да, флешбековите од девојката е во суштина ќерка му. Кога си дојде таа нели го памети зошто цел живот е таму, ама тој не беше цел живот со неа, па имаше период каде што односите им беа awkward, па ѝ кажа дека е грешка, но се смирија и ред други работи. Па затрудна таа, па цела сезона оваа пробваше Стаин да најди начин да си оди за кога ќе се роди внучето да биди со него. И се роди внучето, го гледаше онака од каде што се и тогаш го имаа „муабетот“ со Џекс, за одделвање. Цела сезона го спремаа дека ќе се разделат со Џекс и дека ќе се пензионира за да си го чува внучето зошто тоа му беше желба.
Ете зошто треба да си ги следам сите серии. Една серија немам гледано, и имам многу нејасни работи. Интересен ми беше Стаин кога направи ,,серум" на Џекс да се лепе како пајак. Толку интересен назив беше дал Џексон што се смеев како луда. П.С. следната епизода од The Flash ќе биде лудило!
Уште сум во шок од епизодава. Марлиз да можев ќе ја извадев од екранот и ќе ја задавев. Повеќе она ме нервира, отколку Клифорд. Толку ми беше жал за Бери низ целата епизода, какви фаци правеше, во секој момент ќе заплачев. Ајрис требаше да каже дека он е Флеш. Вака од затвор ништо неможе да направи за градот. А она дека блиските ќе му ги повредат ако се открие, ми беше нелогично, оти сите главни зликовци му го знаеа идентитетот. Метата во епизодава зарем нетребаше да експлодира? На крајот пак остана жив. Многу нелогичности ми имаше епизодава.
Мене пак ич не ми се допадна. Досадна, развлечена. Почна во Arrow да прераснува - си го тегни лимитот на приказната. Кога Ајрис велеше we are the flash ми се подигаше нешто во грлото, па сега и Бери почна. Хехе. Воопшто не се осеќав како Флеш да гледам. Особено зошто за две епизоди ќе биди како да не било и најверојатно начинот за надвор ќе биди ... Магија.
Се надевав со оваа сезона дека ќе ја средат серијата, но се' полоша станува. Повеќе не се фокусирани на мета луѓе со кои треба да се соочуваат секоја епизода, премногу е фокусирано на тие пар главни личности и поради тоа е екстремно досадна серијата. Негативецот е делумно интересен, но воопшто не предизвикува возбуда, некаков страв, како да решаваат равенка по математика, бараат начин како да го надмудрат и тоа е тоа. Нема вистинска акција, нема борба, нема стравување, нема цврстина ниту во херојот ниту во негативецот.
Мене многу ми се допадна новава епизода. Особено тоа што сега има смисла се што „бесмислено зборуваше“ Бери кога се врати од Speed Force. И многу ме интересира што ќе направи овој Thinker-ов. Поопасен и од Reverse Flash ми изгледа.
Сега откако заврши сезоната, можам подобро да дадам мислење. Се согласувам со се' што сум напишала во јануари: Но, ќе додадам дека сезонава барем имаше подобра шема. Ми се допадна поентата на автобусот со мета луѓето и потребата на нивните способности за негативецот да стане тоа што стана. Колку-толку има мала тежина во приказната на оваа сезона. Мислам, колку може да има тежина ваква серија, но сепак... се гледа дека седнале и смислиле малку покомплицирана приказна овој пат. Башка, ликот на Ралф е топ. Баш кога мислев дека нема шанси да можат да направат клифхенгер и да ме привлечат со нешто интересно, сепак до некаде успеаа. Може ќе ја освежат малку серијава со новиот лик во наредната сезона.
Гледа некоја? Втора епизода пред сам крај, стои интересна. Да не читам спојлери, ако е тупење на приказната кажете.