1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Good Doctor (2017)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LovelyGirl3, 18 октомври 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Новава сезона... Не ја бива.
    Не ја бива без Мелендез и неговиот шарм. Новите се тотална утка, не допринесуваат со ништо некако и забега серијата од својата првична намена. Се надевам ќе се оправи зашто беше одлична.
     
  2. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди излегоја?
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    5 има излезени и отиде на пауза серијата.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    А со толкаво нетрпение ја чекав...
    На која страна ја гледаш?
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    На flixtor.is
    И јас ја чекав, ама ете.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Ги изгледав 5-те епизоди од нпвава сезона. Првите две за ковид беа интересни, другиве 3 некако безвезе.
    Не е тоа тоа без Мелендез.
     
  7. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав, и баш се согласувам со коментарите погоре.. Едвај чекав нова сезона, првите 2 епизоди ми беа предобри многу некако се соживеав со ситуацијата.. Останатите три meh... Oчекував повеќе :|
    Искрено не ми се допаѓаат Шон и Леа, едно те исто прават, се вртат во круг, на почетокот многу подобро беше ги ship-нував многу. Ама сега мислам дека требаше Шон да остане сам или со некоја сосем друга, многу форсирано делува ова со Леа :?: И зошто целосно го занемарија ликот на Карли, цела сезона претходна потрошија на неа за сега да не се појави во ниту 1 единствен момент, нема смисла... И дефинитивно не е тоа тоа без Мелендез.. Веројатно сакаат неговата арогантност да ја претстават преку една од новите докторки (таа што му се спротистави на Шон за 17 годишната девојка што сакаше поголеми гради) ама не е тоа тоа. Убаво е што сакале да вметнат повеќе различности со новите доктори, ама сметам дека некако утнати се, кога беа на почетокот Шон, Браун, Морган многу подруго беше.. Имаше и драж и плач и смеа, сите се одвојуваа по нешто. Со новиве е онака, сите стојат добро, сите соработуваат топ, никој не се двои... Се надевам во другата половина од серијава ќе ми се промени мислењето..
     
    Последна измена: 15 декември 2020
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Многу ми беше по вкус првата сезона, после тоа ептен почнаа да вмешуваат детали од приватниот живот на докториве и ми скисна.

    Очекував некое интересно серииче налик на доктор Хаус, испадна драмолетка.
    Ја ѕирнав и новава сезона, ама тешко дека ќе ми задржи внимание на долг рок.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.296
    Допаѓања:
    26.134
    Престанав да ја гледам серијата после првата сезона, вреди да давам шанса?:|
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Леле новава сезона Господе Боже. Како можеше да уништат ваква серија и дали се реални?
    Го користат Шон, главниот лик на кој се заснова серијата, како comic relief? Мелендез го нема, Гласман исто, па и Шон се помалку. Лим ми е антипатична многу некако, не ја можам, нема никаква харизма, а сега премина во центарот на вниманието.
    Вака ако продолжат не губам повеќе време на серијава дефинитивно.
     
  11. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Па искрено не вреди, многу ја расипаја некако...
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Дали има излезено нови епизоди?
     
  13. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Да да, до 8ма епизода се (три нови).
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Нема смисла серијава повеќе. Мислам дека нема да ја гледам, ќе оставам до крај на сезона, па ќе видам.
    Отиде Леа да следи што прави жената, па му реферираше на Шон. Ко тоа океј е божем.
    Шон доктор ли беше? Заборавив веќе.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Ја гледа уште некој серијава или само јас да си мрчам?
    Дали се сериозни? Уште бебе фалеше значи. Бебе кое секако нема ни да го има, ама ај, колку да се рече дека се случува нешто. Само со докторов делот беше добар, да имаше повеќе такви сцени и епизоди ќе беше одлично. Резник и Парк ми се кринџ. Целава серија ми е кринџ. Жал ми е да ја оставам. Ама и тоа ќе се случи наскоро.
     
  16. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам, ама така, ради реда, дека од почеток ја следам па.. Едвај чекам да заврши сезонава, да видам уште што глупост ќе направат.. (facepalm) Нека не ја продолжуваат повеќе..
     
  17. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам за тепање досада... безврска е дефинитивно(facepalm)Ама ќе ја завршам чим сум ја почнала
     
  18. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    И јас сум тука ради реда
    Значи и оваа и Чикаго франшизата ги гледам онака ради реда, а не деке ми се интересни
     
  19. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Знае некој колку епизоди ќе има 4тава сезона? Едвај чекам да заврши.. :|
    И дали планираат 5та сезона?
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Имало тема и за мојата омилена серија :l:. Премногу ја сакам серијава, гледам дека на повеќето после првата сезона не им е интересна, мене па напротив ми е многу интересна, можеби затоа што има медицински случаи па тоа ме привлекува да ја гледам, едвај чекам 5та сезона и како ќе се одвиваат понатаму случувањата.