1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Good Doctor (2017)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LovelyGirl3, 18 октомври 2017.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Јас ја следам, верен фан сум. Па мене баш ми е интересен делот со бебето, што ќе се случува понатаму. Низ епизодите е прикажано како една личност со аутизам успева постепено да се пробие во едно општество кое и тоа како ги стигматизира лицата со аутизам во овој случај. Од првата до последната епизода е прикажан тој развој на личноста преку Шон, и навистина ме интересира што ќе се случува понатаму. Тој дел со бебето е како всушност Шон ќе се отвори емотивно, бидејќи тој не сака емотивно зближување и на бебето гледа само како на фетус. Додека пак ликот на Леа допрва ќе се развива од една несериозна личност која беше на почетокот на серијата сега ќе биде мајка, како ќе се справи со тој предизвик, а тука е и прашањето дали аутизмот е наследен, но и покрај тоа Леа го прифати ризикот да го задржи бебето. За ликот на Резник и нејзиното однесување кон Парк, таа е повредена од минатот и не сака да се врзува за никого, и баш ми интересира што ќе се случува понатаму со овие ликови. Како што пишав во очекување сум на 5та сезона :wasntme:.
     
  2. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    1.610
    Пол:
    Женски
    Не ја гледам веќе, се изнервирав кога Мелендез умира. Не ми е тоа тоа без него.
     
  3. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Да, ама ако не умреше, ќе беше клише врската со Клер и патетики ќе имаше многу
    Така да, вака е подобро
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Поентата е што ова е медицинска серија.
    Знаеме како ќе се одвива неговиот лик во тој поглед со бебето, се јасно, дрн дрн, ќе стане татко, поотворен, бла бла, ќе има некои проблеми и ќе ги реши и така.
    Каде отиде медицинскиот дел поради кој почнавме да ја гледаме серијава? Нели беше attending? Нели требаше да подучува? Нели требаше да се развива како доктор со аутизам, да напредува? Ништо од тоа, супер и ако учествува во некоја операција. Ако не, ќе ги гледаме со Леа како се лигават. Толку надеж имаше серијава, колку само беше добра првата сезона... Резник веќе нема ни некое место посебно во приказнава, ама упорно ја буткаат. Лим толку ја форсираа, за сега да нема никаква приказна за нејзе. Очај, толку само можам да кажам. Мислам дека ќе ја оставам засега, па ќе следам дали ќе се вратат некогаш на медицинскиот дел и дали ќе се оправи.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Се истроши серијава, а ја обновија за нови две сезони

    Ќе ја изгледам сезонава до крај и најверојатно нема да продолжам натака
     
  6. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    Излезе и 5 сезона, еве веќе има 3 епизоди. Ја изгледав првата... онака.... далеку подобри епизоди имало :?: ја прати некој?
     
  7. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден ја догледав 4та сезона. Не ми се верува дека Клер нема да биде повеќе во серијата, омилен лик ми беше, без нејзе нема да биде исто, зошто мораше вака да ја завршат нејзината приказна. Додека Шон е прикажан како одличен доктор и како вешто се снаоѓа во секаква средина и со секакви проблеми(една компарација во однос на првата сезона).
     
  8. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Каде ја гледаш? Не ми излегува никаде дека има 5та сезона.
     
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Обично на popcorn ги ставаа новите епизоди.
     
  10. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Еве сега сетијава е под Нетфликс па уште ја немаат ставено, ќе ѕирнам на popcorn тогаш.
    Фала ти:inlove:
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mazikeen

    mazikeen Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2018
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.423
    Пол:
    Женски
    јас симнав од pirate b a y :bandit:
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Машки
    Ја гледав до 4та сезона, ама одвај ја догледав и прекинав
    Здосадија веќе, си отидоа Клер и Мелендес
    Сега си ја гледам турската верзија
     
  13. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Колку епизоди има американската верзија?
     
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    4 сезони со по 18 или 20 епизоди секоја сезона. Сега почната е и 5та сезона. Воопшто не е иста како турската верзија.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Го гледаше некој финалето?:o:x
    Колку емоции, и колку ми е мило што се вратија како на почетокот.
    Се изнаплакав за Ашер со татко му, ама баш се изнаплакав, па и за Шон со Гласман.
    И крајот уште фалеше, не ни насетував дека до тоа ќе дојде, иако можеби требаше.
    Кој ќе чека сега.
     
  16. @ceci11

    @ceci11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2020
    Пораки:
    1.496
    Допаѓања:
    1.638
    Пол:
    Женски
    Крајот ист ли е како крајот на турската верзија??
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Новава сезона е одлична, баш ми е мило што се врати во полн сјај серијата.
    И приказната со бебето одлично е вклопена, џабе бев скептична.
    Ќе има и спин оф, не знам зошто мора од секоја серија да има спин оф, ама ете, Добриот адвокат ќе биде.
     
    На Lollipop_123 му/ѝ се допаѓа ова.