Серијава е произлезена од the good wife, ја нема Алиша, но Дајен и Лука се тука и многу други ликови ги репризираат улогите. Додаток во кастингот е и Роуз Лесли, која ја знаеме од Игра на Тронови и по you know nothing John Snow, а тука ја има улогата на Маиа Риндел, и одлично си ја врши работата. Морам да кажам дека е одлична и квалитетна серија. Се занимава со сегашни настани, има доза на хумор и навистина допадливи ликови. https://www.imdb.com/title/tt5853176/ На имдб има 8,4 Првата сезона е излезена цела, во тек е втората сезона, во недела се емитува, а во понеделник ја има на торент. Ја следи ли некој? Ако ви фали правна драма во репертоарот слободно дајте и шанса на серијава, нема да згрешите.
Ја гледав The good wife, па продолжив и оваа иако малку ми фали Алиша, сепак овде повеќе е разработен ликот на Даен. Маиа само некако ми е ептен без врска со улогата, некако што знам како без емоции да е, flat face цело време. Има многу повеќе хумор отколку во the good wife иако го нема Илаја Во последните епизоди Лука почнува да ми оди на нерви, премногу е самобендисана.
Јас мислев дека нема да ја биде серијава без Алиша, ама ептен позитивно се изненадив. Лука мислам дека не е самобендисана, тука има проблем од емоционална природа и затоа е таква ладна и непристапна. И многу е несигурна, иако делува сосема прибрано и со самодоверба. Ипоследнава епизода беше одлична, сосема го разбирам револтот на Џеј, ама парите победуваат. Едриен ми е исто многу интересен лик, со последнава епизода покажа дека не е секогаш толку за правдата, ама сепак има и фирма за одржување.
Спојлер: Лука Лука посебно ме нервира сега во бременоста што се однесува така спрема таткото на детето и мајка му, сепак негово е детето Не знам што очекуваше Џеј, сепак странки си се странки и си носат профит, а тој чека плата од тој профит така да мислам дека избрза со одлуката.
Спојлер Лука така се однесува за да не ја одбие он, па го одбива она него. Затоа не сака ништо од него, не сака да се стави во таква ситуација. Иако можеби и не е така, ама мене така ми изгледа. Да, Џеј би требало да знае подобро кога веќе работи во таква фирма и да знае какви клиенти се застапуваат., не е тоа нешто ново сигурно. Ама можеби имал поинакво мислење за Едриан, па сега малку се изненади непријатно. Навистина лошо испадна, ама ете, имаше и други начини, можеше да биде упорен, наместо веднаш да даде отказ. Сепак работеше на место од каде што можеше најмногу да му помогне.
Не, не мора, иако е поинтересно ако си ја гледала, ќе знаеш на што се однесуваат некои референци, ама и вака е сама по себе разбирлива.
ОДЛИЧНА! Ја следам уште од лани, од почетокот. Со секоја епизода е се поинтересна. Сценографијата, фотографијата на шоуто се супер. Ликовите се фантастични. Не само главните туку и споредните. Ми се допаѓа како се враќаат некои од ликовите од The Good Wife, и тоа на многу интересен начин. Дајен, Лука, Маја сите се одлични. Елсбет Тасиони ми е најсрцка од сите, уживам во нејзините сцени, баш би сакала да ја има повеќе. Мариса исто така блеска, многу е харизматична. Ми се допаѓа што во шоуто се опфатени случки, ситуации кои се актуелни во САД во моментов. Политиката е застапена, но ја има во секое шоу, а овде е прикажана на толку реален а сепак хумористичен начин. Се надевам Џеј нема да си оди, баш беше супер. Од една страна се сложувам со него, но од една сепак ова е бизнис и ти го застапуваш клиентот, тој те плаќа. Се уште нема најава за трета сезона?
Не, за жал, мислам дека уште нема најава за трета. Леле Елсбет закон е жената, онака на прв поглед си мислиш дека е глупичка, ама....
https://tvseriesfinale.com/tv-show/good-fight-season-three-expected-multi-season-deal-made-amazon/ Направиле договор со амазон и многу е веројатно дека ќе има трета сезона.
Ле-ле! Спојлер Епизодава беше врв! Шок ме мавна кога го застрелаа Едриен, туку така, се отвори лифотот и бам! Никаков вовед, ништо. Колку е добра серијава немам зборови. “I realized it's all right that the world is crazy, as long as I make my little corner of the world sane. ... " Одлични дијалози, одлично темпо, без здив ја гледам серијава. Една од најдобрите моментално што ги пратам. Баш ми се допадна што Бишоп и Свини се вратија, интересни ликови се секој на свој начин. Се надевам Едриен брзо ќе го оправат, еден од омилените ликови ми е. И браво за Џеј, веднаш дотрча да помогне.
Спојлер: Последна епизода Џеј се врати во фирмата, тотално без поента тогаш ми беше отказот и неговото понашање, сега испаѓа дека за покачувањето се врати. А Мариса колку ми беше жалничка, онака А на мене покачување? Стварно ја бива не знам зошто не ја сфаќаат сериозно. Ова со пукањето во Ејдриен и наоѓањето на убиецот некако ми беше многу лесно, Џеј одма сфати.Планираат да си оди Лука од серијата или? Дека ми изгледа ке оди за Њу Јорк. Приказната на Маја тотално ја изоставија. Не ми текнува завршница имаше или?
Спојлер Па, се врати одма зашто се и пријатели, нормално дека ќе се врати и ќе помогне. Мариса во секоја ситуација се наоѓа, ќе напредува допрва она. За Маја заврши приказната, го фатија татко и. Е сега треба нешто да и смислат ново, вака нема поента нејзината улога. Ја ставија Дајен во преден план, и одлично е тоа што го направија, ми се допаѓа ептен и актерката и улогата. Лука не знам дали ќе си оди, не сум прочитала, ама некако така делува. А ич не сакам, супер лик ми е.