The Hills (MTV)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од IndieGirl, 7 јуни 2011.

  1. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    705
    The hills е една серија во вид на реалити шоу во кој се прикажани животите на неколку млади луѓе. Најпрво серијата била наречена Laguna Beach и повеќе се фокусирала на животот на само една од актерките. Вкупно има 6 сезони.Главните ликови се:Lauren Conrad, Audrina Patridge, Whitney Port, Heidi Montag и Kristin Cavallari. Оваа серија порано ја даваа на емтиви, ама сега заврши.
    Дали има некој што ја гледал оваа серија и што мислите? Која од девојките ви е омилена? Што ви се допаѓа а што не кај серијата? :)

    Мене лично ова ми беше една од омилените серии и истотака им се восхитував на гардеробата :$
     

    Прикачени фајлови:

    • hills.jpg
      hills.jpg
      Големина на фајлот:
      42,5 KB
      Прегледи:
      327
  2. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    760
    The hills

    Моите омилени!
    Кога ја даваа на МТВ не пропуштав ни една епизода.
    Ми се допаѓаше тоа што немаше огромни некои драми, туку баш реални ситуации. До некаде и поучна, зошто се се вртеше околу пријателството, љубовта, што се случува кога тие ќе престанат...
    Омилен лик-Лорен. Обожавам како секогаш беше толку приземјена, премногу реална и искрена. Секогаш беше спремна да им помогне да другарките, според мене нејзините постапки секогаш беа најфер.
    И Одрина исто. Многу ја сакав зошто во тој период си се пронаоѓав во нејзе, со тие врски-неврски со Џастин Боби :D , колку беше заљубена во него пустата, овој си играше мајтап.
    Најнеомилен лик- не би можела да се одлучам помеѓу Хајди и Спенсер. Сепак би гласала за Спенсер како едно исфурстрирано суштество, болно да не речам. На Хајди ќе и одбијам за глупавоста и наивноста, и на тоа што нема грам мозок и е со него после се.
    Па и она песнана каква им е, Хајди пее, Спенсер е режисер на спотот. Ужасии.
    Витни никогаш не успеа да ми го привлече вниманието дури ни со нејзиното посебно шоу, едноставно ми беше некако невпечатлива, како да живееше во сенката на Лорен. Ло не ја коментирам зошто и го мразев гласот, а и немаше некои карактеристики кои ми се допаѓаа.
    Се на се, преубаво реално шоу, кое заслужено ја доби својата популарност и верувам дека ќе остане во сеќавањата на сите они кои ја гледале.
    Зборувам во минато, зошто не знам дали сеуште трае ова :tmi: На МТВ Адриа не го даваат, можеби на американското трае уште, не сум во тек.

    И, last but not least, облеката. Мајке ми, не беа нормални како се облекуваа. Не можам да се сетам на ниедна лоша комбинација, едноставно беа совршени, дали за излегување, за по дома, или денски на кафе или шопинг, грешки не правеа, секоја од нив. Еве некои од моите омилени:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Заборавив да споменам колку е проклето згоден Броди... да ти е мерак да го гледаш :D
    [​IMG]
     
    На CocoSumner и IndieGirl им се допаѓа ова.
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    The hills

    Се кладам дека нема поголем фан од мене на The Hills, Laguna Beach и Lauren Conrad.
    Цело време ги гледам епизодите од сите сезони.
    И леле колку се разочарав што пропадна шоуто на Лорен. Глупава Одрина! :@

    Шоуто значи беше правено по сценарио.
    Се наоѓаат у толкав град и пу мајката се некако сите на исто место се наоѓаат и толкава драма се создава.
    Спенсер ми беше најголем негативец секако, но мора да се расчистат нештата. Спенсер го правеше она кога беше наведено во сценариото а тој токму поради тоа влезе во шоуто. Знаеше да направи драми и умееше да се справи со нив.
    Хајди. Гледам епизода и нели Спенсер ја лаже, ние знаеме за тоа, ама Хајди не? Па и таа ги гледа епизодите, а сепак демек му верува. Да да.

    Кристин, Стивен Колети и Ло Босворт ми влегоа во срце уште со Лагуна Бич.
    Особено Ло.
    Да, одвај го преболев прекинот на Џејсон и Лорен, и како само се тресев кога тој повторно се појави понатаму во сезоните. На крај испадна што испадна.

    Кога Лорен се откажа се трескав од земја. Ама тука мислам и најочигледно дојде колку е само по сценарио правено се. :)
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    290
    The hills

    Јас обратно ги гледам :D :D Прво ја изгледав The City, па Audrina и ето сега пошто на МТВ фати една епизода од една сезона па после од друга, конечно се решив сама да ги изгледам. До сега имам стигнато до 3 сезона па мислењето..

    Одрина одсекогаш ми била фаворит. Слатка ми е, мила..али и сега со гледањето на The Hills заедно со Одрина и Лорен ми е фаворит. Во почетокот на прва сезона некако глупост ми направи шо не одите во Париз кога и се нудеше, затоа шо некако ми изгледаше со оној Џејсон врската нема да опстане. И, Лорен дефитивно го има најкреативниот стил на облекување.



    Околу драмата на Хејди и Спенсер, не за џабе лугето и после шоуто продолжија да го викаат идиот..си остана тоа... :D :D Али и покрај сите сплетки, драми мене ми изгледа како стварно да ја сака Хејди само шо некако пробува да ја чува само за него. :) А за Хејди, мислам дека и подобро е шо се разделија со Лорен, пошто стварно ја претеруваше.

    А Витни, срцка кога падна по скалите..ке пукнеше од страм.. :)

    http://www.youtube.com/watch?v=zVnHXiZc ... r_embedded

    Сепак, одлично шоу. Го сакам тоа кај Американците шо во поглед на работа прво имаш шанса и за стажирање, па после одредно време и да останеш на работа таму. А не кај нас една пракса и големо чудо..парите кај факултетот.. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    764
    Аа омилено нешто на MTV покрај The City, Audrina, Laguna Beach.
    Сите епизоди ги имам гледано. Омилена ми е Одрина и Лорен, а највеќе ме иритира, ја мразам Хејди со тој нејзиниот грд Спенсер :@ , кој да ми беше пред мене у болница ќе го оставев. Џастин Боби омилен :inlove: да имав еден таков уфф (само не со тој карактер |( ). И да, прекрасно се облекуваат.
     
  6. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Овие од MTV се assholes жими се. :swear:
    Биваше ли да ми ги тргнат епизодите на Лагуна и Хилс?
    Нема да разберам, на памет знам што кажуваат и ги гледам од почеток со ист жар како првиот пат.
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    17.821
    Беа али ете ги нема повеќе ....се поќе и поќе глупави работи даваат.
    Серија ја следев секогаш а најинтересна ми беше некако AUDRINA (а новото нејзино шоу што го даваат сега на мтв не ми се допаѓа воопшто )
     
  8. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Интересно е,сто пати подобро од она идиотското Jersey shore.Омилена ми е Лорен.Сите се убаво облечени, ама Лорен најубаво :D