1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Kooks

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Domino, 14 јануари 2014.

  1. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    [​IMG]
    The Kooks се британски бенд формиран во Брајтон, 2004. Нивната музика е класифицирана како инди рок, алтернативен рок, бритпоп и инди поп.
    Бендот е формиран од Лук Притчард како вокал/гитара, Хју Харис на водечка гитара, Пол Геред на тапани и Питер Дентобн на бас гитара иако бендот има претрпено измени на составот. Нивната музика примарно зема пример од Бритиш Инвејжн од 60-тите и пост панкот на новиот милениум. Д Кукс често експериментираат со звуците па така во нивните песни има примеси и на реге, ска и класичен рок.
    Потпишуваат договор со Virgin Records по само три месеци од формирањето. Нивниот дебитантен албум In/Inside Out (2006) доживува огромен успех, доживува платинумска верзија во Британија а по една година и во Австралија.
    Вториот албум Konk (2008) доживува голем успех во Британија и со недели не се спушта од првото место на топ листите а првата недела има успех од 65,000 продадени примероци.

    *Мене ми се искрено еден од омилените бендови. Совршен звук за опуштање, ме потсетуваат на ветер во коса, патување по непознати патишта со друштво. На нешто типично британско, на младост и љубов, онаа бесмислената.
    Нема песна што не ми се допаѓа.
    Најмила ми е Seaside, зошто ми буди посебни спомени ама сите се одлични:
    http://www.youtube.com/watch?v=7_RZLAxsa8Q
    http://www.youtube.com/watch?v=-98o_QOrJho
    http://www.youtube.com/watch?v=K3F_dO9FcYU
    http://www.youtube.com/watch?v=3ONCbgAzJ8k