Само што ги завршив сите 8 епизоди. Искрено поради цела фама што се крена очекував многу повеќе. Се се одвива многу споро, неповрзано, во секоја епизода се дешава едвај нешто без нешто wow . Главната тема на филмот е вирусот или заразените кои едвај се покажуваат, ниту кажуват дали вирусот мутирал, кај го има што го има ништо од тоа, а наспорти тоа во секоја епизода се појавува некое ,,племе,, кое на некој начин нормално живее. И Џоел и Ели одат некаде ама и тие не знаат каде ( главната цел да се предаде Ели се губи ) и се става акцент на врската помеѓу нив двајца. За мој вкус треба мн повеќе акција да се дешава нешто битно.
Го објаснија тоа во Џакарта епизодата кога беше, дека таму се пoјавил и како мутирал, @Billy Idol убаво има објаснето на претходната страница.
Не е вирус, туку е паразит - fungus. Објаснето е во серијата како е започната епидемијата. Доста е реалистично прикажано. Сепак настаните се одвиваат после 20 години од кога е случено. Ако си гледала The Walking Dead, каде дејствието е одма после заразата, но, за разлика од други филмови/серии со зомби, таму се оди подлабоко, 6 месеци подоцна, 1 година подоцна (ја прекинав, па не знам до каде стигнаа). И може да се види дека зомбите не се главниот проблем, туку луѓето, т.е. анархијата што владее после уништување на цивилизацијата. Групирање во групи, племенски заедници, борба за ресурси, и преживување. Сите човечки гнасотилоци излегуваат на виделина. Spoiler: Ласт оф ас објаснување Во The Last of Us, контролата во повеќето центри за спасување ја имаат FEDRA (Federal Disaster Response Agency), т.е. државната организација и војска. Од друга страна ги имаш Fireflies кои се востаничко движење против FEDRA . Џоел има за цел да ја однесе Ели од Бостон (исток во САД) до медицинската лабораторија на запад, каде што Fireflies преку reverse engineering, пошто Ели е имуна на Cordyceps, да пробаат да направат вакцина. Овде акцентот е ставен на "татко - ќерка" врската помеѓу Џоел и Ели. За другото се сложувам.
На почетокот нели објаснија дека габите не можат да се вгнездат во човекот затоа што телесната температура е превисока за нив. Но, со глобалното затоплување, габите се принудени да мутираат. Затоа и пишав во мојот пост, се загрижив стварно да не се случи ова, ама можеби само сум параноична...
Мене серијава ми е ФЕНОМЕНАЛНА! За играта само имав слушнато, поима немав што како се случува, значи тотално blindly влегов во серијата. И не се разочарав. Интересна и актуелна приказна, одлични актери, а и кинематографија е врв. Педро ми е симпатија уште од Narcos и од спотот на Sia, баш прав daddy. Одличен актер и мило ми е што конечно добива признание за тоа. Исто така и Ели ми е одлична во улогата, баш и двајцата ми се погодени во улогите. Малку ме исплаши тоа што ќе има 2ра сезона, страв ми е да не ја зезнат работата ако многу ја развлечат приказната. Омилена епизода до сега ми беше последнава, предобра епизода, емотивна, Ели беше вистински badass. Едвај ја чекам последната епизода баш би сакала ноќеска премиерно да ја гледам на HBO, ама ќе се стрпам некако до утре после работа и ќе избегнувам спојлери.
Џоел...Џоел, Џоел, Џоел.... Spoiler Све што и вети на Ели прекрши. Испоуби куп невини луѓе. Направи нејзиното страдање да биде за ништо. Знаеше дека Ели би ја одбрала операцијата. Од друга страна, да и кажеа на Ели за операцијата она ќе прифатеше, ќе се збогуваа со Џоел како што треба, ќе го спасеа човештвото и толку од серијава. Ама, болката е заслепувачка, ништо не е црно или бело. Само, уште не ми е јасно како воопшто не збореа за тоа што ќе се случи кога ќе стигнат до болницата, како не им ни падна на памет дека Ели ќе треба да умре. Едноставно неверојатно ми е. И прекратка беше епизодава, заврши пресечено некако, незадоволитлено.
Последнава епизода за малку буквално ќе излезеше Реин како што рече Spoiler: Крај глумицата што ја глуми мајка и на Ели и Ели се исти буквално, одличен избор. Јас инаку не дозволив мојот наивен ум да отиде натаму и не очекував да ја легнат Ели на сечење, се надевав на тестови од крв или такви слични испитувања Брзо ми заврши и мене епизодава, стварно беше кратка. И се согласувам со Реин, повеќе ќе имаше смисла да се жртвуваше Ели, вакамне знам што ќе носи втората сезона
Затоа што ќе има втора сезона, но се согласувам прекратка беше. Крајот е апла копија на играта (од 2013 год.), не сум ја играл но ја имам од пред некоја година изгледано на јутјуб (барајте "The Last of Us gameplay - No commentary"). Сите сцени и дијалози се идентични, што и не е толку чудно напишани се од истиот автор. Не би ме изненадило втората сезона да биде всушност иста со вториот дел од играта (од 2020 год.), само филмувана. Не знаеа што да очекуваат, не им беше познат механизмот на нејзиниот имунитет додека Марлен не го објасни тоа при крајот. Претпоставуваа можеби дека ќе се земе само примерок од крвта за потребите на создавање вакцина или лек.
И ја мислев дека преку крв ќе прават испитувања, но ако ја погледнеме целата слика по логично е од глава т.е мозок да и земат примерок пошто кај заразените главата им се изобличува а телото им останува исто. Втора сезона се очекува за една година
Втората игра според мене е феноменална, многу подолга приказна нови карактери и играш од две перспективи - Ели и Аби(негативецот). Прочитав дека нема шанса да ја направат во една сезона туку ќе биде поделена најверојатно во две, па претпоставувам ќе ја тераат во ист правец како играта, исто како и со првава сезона. Едвај чекам да продолжат со серијава, иако морам да кажам дека ми фали повеќе акција и инфицирани. Замерка ми е што на многу небитни работи им имаат посветено време, а последната епизода што е најбитна толку го избзале цел дел, очекував мн повеќе. Епизода 50 мин за Бил и Френк што се тотално небитни, а најбитната тепачка на крај 15 мин…. Не иде. Spoiler: Спојлер за втората игра Дејствието продолжува 5 год. подоцна како живеат во заедницата кај Томи, Ели дознава од Џоел што се случило во болницата и неможе да му го прости тоа што да ја оставел нејзиниот живот ќе имал смисла, а вака не. Се појавува како карактер Аби, која на почеток не знаеме која е туку дека сака да го убие Џоел и да се одмазди. Всушност она е ќерка на докторот што требаше да ја оперира Ели и да направи вакцина, а Џоел го уби во операционата сала. За жал ќе успее во тоа и тоа е најтажната сцена во играта бидејќи и Ели е таму и све се случува пред нејзе, јас плачев 20 минути мислам дека. Всушност ова е мн на почеток, и понатаму Ели оди да се одмазди на сите што беа дел од убиството. Играта е феноменална, те враќа наназад од време на време што се случувало и претходно за нивната конекција со Џоел и што правеле 5 години, навистина имаат изграден однос татко-ќерка.
Направија серија, оти искрено милиони луѓе, меѓу кои и ја го следеа гејмплејот на Јутуб, баш поради емотивната прича. Друга причина за хајпов не гледам. Е сеа, серијава лично единствено што има иновативна прича околу потеклото на вирусот, и типот на зомбиња. Со тоа и првите две епизоди беа предобри, третата иако некој непотребен филер за двајца хомосексуалци кои ете баш спонтано се најдоа у апокалипсата, и си живееа среќно, беше најемотивна според мене и се утепав од плачење, ко некој филм беше. Исто така, малце површно што емоции и бакнеж барем имаше исклучиво од геј парови, ко Нетфликс да глеам. Понатака, брзи епизоди во кои секоја си носеше свој негативец и некој вид морална поука. Серијава се поентира на меѓучовечки односи, морал и вредности, што не можеш само така да ги нашлапаш, со само еден ред позадина, па ни тоа, за негативците. Тие што не гледале The walking dead, ќе бидат потресени и вџашени. Ние останатите ќе бидеме као мех. Такво играње со емоции, морални и етички дилеми, тешки сцени и глума, нема да се повтори. Околу глумата, малата ми е опасна, а па за улогата да не зборам, се измочав од смеење на пар моменти. Spoiler И задњо, многу глупо што испоуби толку луѓе, само за да ја спаси, а можеше цело човештво да го спаси... Да ок ја поисоветува со ќерка му, али мислам поише е од себични побуди, затоа што без неа нема цел и сврха у животот, исто како што и му пиша другар му у опроштајното писмо. Крајот, ко ја сториња на инста шо снимам. Страшно. Можеа барем некој кадар , као природата и некое музиче у позадина. Али тоа ти е.
Да знаев дека ова ќе се случи, што се случи во вторава епизода од втората сезона, воопшто немаше да ја гледам серијава. Имав сосема друга претстава за што ќе биде серијава општо. Не знам ни дали ќе ја гледам понатаму.
Многу, многу побрутална сцена во споредба со играта, и според мене, емотивно потешка - или можеби јас премногу се имав приврзано Spoiler Делот каде што Џоел пробува да стане кога ќе ја слушне Ели и покрај тоа што е веќе полумртов?? Се убив од плачење искрено, дефинитивно не заслужи таков крај.
Јас не ги изгледав другите епизоди. Уште срце ме боли и не можам. Вреди да се гледа понатаму? Иако според реакцијава веројатно се солидни епизодите.
Трите после втората не беа нешто wow (добри беа), ама оваа беше предобра и ужасно емоционална, спреми си марамици за шестата, ако продолжиш да гледаш.