По скоро цели две децении од култната трилогија, „Господар на прстените“ се враќа на малите екрани. Овој пат, како ТВ серија. Новитет чија најава буквално го „сруши“ Интернетот. Фановите се љубопитни да дознаат што ги чека, некои се еуфорични, други сметаат дека серијава е непотребна, но едно е сигурно - ова е дефинитивно уште еден новитет кој публиката со нетрпение го очекува. Најверојатно мотивот со враќање назад во минатото им е инспирација како на авторите на книги, така и на продуцентите и режисерите, па овој пат сепак се чини дека сепак ќе гледаме нешто малку поразлично од Фродо и неговата дружина. Предвидено е дејствијата во серијата да се одвиваат илјадници години пред сето она што го поставил Толкин како основа во „Хобитот“ и трилогијата „Господар на прстените“. Вака на прво читање, на прво гледање некако не бев којзнае колку среќна со фактот што ќе вадат серија, како да ми нема поента. Од друга страна - ќе има бар нешто за гледање, да се пополни време со нешто интересно. Не знам што да мислам сè додека не изгледам бар некоја епизода. Еве еден тизер-трејлер, чисто колку да имаме посликовита претстава што отприлика би гледале во серијава: Премиерата ќе биде на 02.09.2022, на Амазон Прајм. Ќе ја гледате ли серијава? Пишете ваше видување, коментари, постнете некоја интересна вест, статија, што било и да започнеме дискусија. Можеби времето побргу ќе ни минува во зборење, нема да осетиме кога ќе дојде септември.
Не знам колку пати сум ги изгледала филмовите... омилени ми се..обожавам натприродни тематики и фантазија но некако не ме воодушевува идејата за серија...Толкин веќе ги постави основите за тоа како светот изгледал претходно војните, местата, културата.. Амазон баш не се држат до оригиналните елементи..
И јас ги сакам филмовите, музиката, се буквално се од нив. За серијава сега прочитав и ме заинтересира, па со нетрпеливост ќе очекувам да започне.
LOTR филмовите ми се омилени. Немам некоја голема надеж за серијава, ама for the sake of LOTR, обавезно ќе ја гледам. Се надевам дека ќе е добра, едвај чекам да почне, ако не е како филмовите, ќе се разочарам.
Нема веќе ништо оригинално за смислување изгледа, па само се влече од постари работи. Мене книгите ми се омилени, филмовите онака, па не сум нешто воодушевена за серијава.
Излегоа првите две епизоди, првата ја гледав. Ветува, барем она што го видов. Имам големи очекувања од серијава, се надевам дека нема да ме разочараат. Светот на Толкин е магичен, книгите се фантастични, филмовите се одлични, се надевам и серијава ќе биде добра.
Серијава ми е прекрасна! Буквално како да си во друг свет. Апсолутно ја препорачувам, совршена е за кога сакаш да се одмориш и релаксираш. Се гледа дека многу е вложено во неа, и труд и време и пари, секоја сцена е мелем за очи. Имав високи очекувања, серијава ги надмина. Деловите со хобитите ми беа најубави
Ја изгледав само првата епизода и воопшто не ми се допадна. Се двоумам дури дали да продолжам. Почетокот е земен од The Silmarillion, ама дали и останатото или ќе ја испревртуваат приказната без врска? Демек најмногу е вложено од било која друга серија во историјата на сериите, а сè е green screen со не до толку добри ефекти. Воопшто ми ја нема LotR атмосферата на Peter Jackson.
Ја изгледав цела сезона, и морам да признаам дека ми се допадна. Одвај чекам да видам што ќе биде следно. Доста е испревртена приказната, иако основата за прстените е тука. Не дава првава сезона многу насоки во однос на тоа како ќе се развива приказната, ама интересно ми е да погодувам кој е кој, макар на крајот на сезоната сфатив дека сум имала погрешни претпоставки. Како и да е, ми се допадна.
Сега откако ја изгледав цела сезона, да си кажам дека многу ми се допадна. Малце напочетокот додека да се развие приказната послаби се епизодите и мислам дека затоа серијава има доста ниска оцена. Со секоја епизода, сè поинтересна е, со повеќе акција, драма, развој на ликовите. Башка прекрасна е за гледање, кинематографијата е супер. Уште се мачам да ја прочитам The Silmarillion, многу ме интереси колку од книгата е пренесено во серијата. Кога се гледа серијава, не треба да се мисли на филмовите. Треба да се гледа со како посебна серија, без разлика што дејствието е минатото од филмовите.
Не е баш како во Силмарилион, Галадриел е поинаку претставена во серијава, како жена воин, а во книгата не е, ниту пак е ваква приказната на Саурон. Пријателството на Дурин и Елронд е исто измислено, бар не се сеќавам дека биле најдобри пријатели (време е да ја препрочитам). Едвај ја чекам втората сезона, да видам што ќе направат, ама ќе си почекаме до 2024
Малце оф, ама како успеа да ја прочита, по 4ти пат пробувам (во распон од 10 години) и максимум имам стигнато до 120 страна, овој пат се надевам дека некако ќе изгурам. Некако ептен ми е збунувачка, само имиња, места и називи спомнуваат, ко библија да читам. Втора половина од книгата има ли повеќе дешавки?
Интересна ми е мене, сакам такви книги, како историски романи ми се. Поинтересна е во вториот дел, да. Ама на српски ја читав, ако значи нешто, 5-6 пати ја имам препрочитано, и пак на некои работи не се сеќавам баш многу. Преводот е одличен, оти реално тешко е да преведеш таква книга, а ја купив одамна, уште пред 15 години во Белград.