Уште една преубава драма. Немам што да кажам + од се ова што сте го напишале и коментирале до сега, Само уште еднаш ќе потврдам дека филмот е прекрасен.
Тука се зборува за филмот The Notebook што можам да кажам дека е прекрасен филм, еден од омилените ми е.. Како што знаеме темата е извадена од една книга на Николас Спаркс. Според мене Николас Спаркс е еден одличен писател на љубовни романи! Затоа ќе ви ја препорачам книгата "Порака во шише" се разбира од Николас Спаркс, исто и за тој роман има снимено филм.. Само не знам како е правилното име..
прекрасен филм. летово го гледавме со другарките и на сите ни се бендиса.стварно убав филм и да го гледате нема да зажалите
Филмов никогаш не може да ми здосади.. Го обожавам. Сум го гледала преку 10 пати и многу ми се допаѓа. Прави да верувам дека вистинската љубов секогаш победува
Сум го гледала еднаш и стварно ми се допадна. И не, не ми е омилена сцената на дождот Има и поубави сцени, кај што се помали. Крајно жално на крајот, душички... убава тема. Не е само класична љубовна приказна.
Филмот мене ми е преубав,првиот пат кога гледав си отплакав една партија ама така таман Има право Хипица не е само љубовна жалопојна приказна...не можеш да не го гледаш :up:
И пак излегува дека е така... If two people are meant to be together, eventually they will find their way back...
Филмот ми е омилен. Се утепав од плачење. А гледам и книгата ја фалите па ќе ја најдам по секоја цена Оваа сцена е врв http://www.youtube.com/watch?v=Z22EAeIIZM0
Навистина прекрасен филм .. Најпрво тука е пораката дека живот е скапоцен и достоен за чест. Овој филм ја опишува и величи страстната посветеноста на еден маж кон неговата жена, која воопшто не се ни сеќава на него. Во еден момент од филмот на Noah му е кажано да се откаже од своите напори да ја поттикне меморијата на Allie,а тој одговара: "Тоа е мојата сакана таму. Каде и да е она, таму е мојот дом." Филмот покажува дека љубовта ја преминува и меморијата и менталната способност - вистински портрет на тоа колку може заветот "Во болест и во здравје" да биде почитуван ..
Првиот пат кога го гледав филмот мојот коментар беше: „ Ништо посебно “ можеби дека очекував премногу, ама кога го гледав втор апт и кога ја прочитав книгата сфатив дека она што е прикажано во филмот не е само љубовна приказна туку она што всушност сите ние го посакуваме дола вистинска љубов проследена со брак и прекрасни деца и на крај пак заедно во смртта. Една од најубавите љубовни приказни.
Сум го гледала повеќе пати и пак ке го гледам, обожавам да гледам романтични филмови, со добри љубовни сцени кои на крајот завршуваат со среќен крај + Актерите во филмот ги обожавам...