Филмов го гледав дури пред една година, заедно со A walk to remember. Како да знаев дека ќе изгубам време за ништо. Ме разочара. Ни приближно толку добар како што го претставуваа дека е.
се согласувам со тебе.. толку многу фалење, а не е ништо посебно. книгата, да, многу е добра, али филмов обично обожавам да гледам такви љубовни филмови, ама овој... не знам, можеби дека ја прочитав книгата претходно, па потоа го гледав филмот и очекував да биди како и во книгата, ама нема благе везе
Сега го погледнав трејлерот во Последен гледан филм и се потсетив на филмов. Морам да признаам си пуштив некоја солза на крајот, кастингот на актери исто многу ми се допадна, а приказната ми беше срцепарателна. Книгата ја немам читано, па немав предрасуди во однос на филмот, а и немав некакви очекувања, ниту пак знаев нешто кога го гледав. Го гледав со дечко ми и мислам дека и он се подзаврте на страна да се подзабрише Добар филм :up:
Мене филмот ептен ми се допадна можам да кажам и за прв и единствен пат повеќе и од книгата. Изборот на актерите, содржината ама баш се си е на место. А да и успеа да ме расплаче
Уф, не да успеа да ме расплаче, крокодилски ги ронев После тоа го гледав уште 2-3 пати и пак си поплакував Од цел филм најмногу впечаток ми остави куќата Обожавам такви куќи
Аххх филмов. Не знам зошто, има нешто посебно во него што прави да го сакам многу. Ми се допаѓа и тоа што се случува во 50-тите години на минатиот век (прекрасна облека ). Исто и глумците ми се онака.. нај. 10-ка за филмов.
А да ја земеш книгата прво да ја прочиташ, па да си го изгледаш филмот и да си уживаш Нема да згрешиш верувај ми.
Го имам гледано филмов и според мене е многу добар романтичен филм, во мене се побудија емоциите и заплакав. Сепак искрена љубов до крај постои Кога го изгледав филмов после тоа кога го видов дечко ми го изнагушкав и изнабацив
Го имам гледано филмот неколку пати до сега и можам да кажам дека е прекрасен. Неверојатна љубовна приказна во која верувам дека може да ужива баш секој. Филмот допира да секое срце, има прекрасни цитати и сентиментални моменти... Го препорачувам на сите што не го гледале обавезно да го изгледаат
Одличен филм кој вреди да се погледне.Има една поука: Секој ден од нашите животи да го поминуваме љубејќи го партнерот како тој ден да ни е последен. Не за џеба се вика дека љубовта е двигател во животот. Затоа сакајте и уживајте да бидете сакани. Филмов ЁБи го препорачала на секого да го погледне.
Филмот ми е при срце, најомилен. Го имам гледано еден куп пати и секогаш се чувствувам како да ми е прв пат иако репликите веќе напамет ги знам . За еден филм да ме привлече, прво треба да ми е убав на око, а тука подразбирам изглед на глумците, што е 5ка во овој случај, а и глумата според мене е фантастична. Има прекрасна приказна што е исто многу битно. Вака кога фалиш нешто нема што повеќе да се каже, едноставно прекрасен е.
Приказната е многу убава и ми беше некако магично да го гледам филмот,исполнет со емоции и среќни и тажни. Рејчел Мекадамс како и во секој филм одлично глуми,но мислам дека можеле поубаво момче да најдат за улогата на Ноа.Некако тоа ми го рушеше целиот филм,според мене не си одговараа баш физички.Знам дека многу нема да се сложат но тоа е. Инаку пуштив и солза на онаа сцената каде што врне дожд,беше некако и убаво и тажно. Но филмот е премногу бајковит,ваквите љубовни приказни ги нема во стварноста,за жал.
Книгата Страници за нашата љубов ја имам читано многу одамна и не знаев дека тоа е книгата по која е правен филмот. Искрено, за книгата не се сеќавам ама баш ништо но за мене Спаркс ми бил плиток писател, и го вбројувам во плитки бестселери. Но филмот ме воодушеви. Ми побуди чувства да ја ценам љубовта оти не знам животот што може да донесе. Добар филм е оној што ве тера да почувствувате, што ќе ви пренесе некоја порака и кој ќе остане во вашето сеќавање. Ете на книгата не се сеќавам ама на филмот да, и покрај тоа што и филмот ми е одамна гледан. Приказната е романтична и срцепарателна но не наштетува да се наполни нашето срце со надеж дека љубовта има сила да се бори со животот и да му пркоси. Иако во принцип сум доста пребирлива за филмови и книги, овој филм неможам да го ставам во категорија на евтини холивудски филмови со голема доза на романтичност бидејќи овој филм пред се укажува на вредностите на животот, на тоа дека љубовта не го бира материјалното туку духовното. Сцена која ја открива животната вистина е моментот кога децата и доаѓаат во посета, но мажот е тој што е цело време со неа. Тоа е вистината што ни се открива оти како млади неможеме да го сфатиме тоа но староста е таа каде ни е љубовта и разбирањето најпотребно. Оти децата растат и си одат, но сопругот, вистинскиот сопруг е оној кој останува до крај! До самиот крај!