Најпрекрасниот филм досега..!.Требаше по Англиски да пишуваме за наш омилен филм е секако пишував за The Notebook !
Најубав филм. Дефинитивно. Не верувам да го нема некој гледано, а ако го нема, задолжително да го гледа. Како и сите филмови од Спаркс, невообичаена приказна, со одличен крај. Глумците - погодени. Рајан е прекрасно, совршено, заљубено суштество.
Одличен филм. Преубав! Се воодушевив кога го гледав, а и малку заплакав на некои потажни моменти, морам да признаам. На глумиците супер им лежат улогите. Едносавно, оценка за овој филм-10!
Ми се кристализираа очите додека го гледав. Прекрасна приказна за вечна, безусловна љубов. Ти ја враќа вербата дека некој таму постои кој ќе направи се` за тебе. Кој ќе те чека до крајот на животот. Како Ноа што ја чекаше Али. Вистинска љубовна бајка..
Mада не сум романтичар, ама филмов ми е , си го сакам бре, лесно интересно романтично филмче мене ми е прекрасен, за разлика од другите глупи романтики помешани со комедии Tакви не ни гледам! гледан ми е 5-6 пати, мене ми се допадна, само овој романтичен и PEARL HARBOR нив им давам доста шанси у мом животу, и секогаш би ги гледала
Се прашувам дали постои ваква бескрајна и искрена љубов и во вистинскиот живот. Филмот е прекрасен, се убив од плачење додека го гледав.
Филмот го гледав овие денови...го немав гледано до сега...ме фасцинира го препорачав во темата препорачајте филм....едноставно е прекрасен таква љубов е ретка..тоа е вистинска љубов...и се разбира ќе пробам да ја најдам книгата...морам да ја прочитам
Јас никогаш не плачам на филмови, леле кога го гледав кога сум се разрикала и после и на телефон на дечко ми му плачев. Си викам Среќичке мори што ти е, мрдната една, ама стварно филмов ме погоди. Каква добра приказна, колку голема љубов, се прашувам зар постои и во реалноста? Книгата ја имам и планирам да ја читам, али филмов ме остави без зборови.
Дефинитивно најдобриот и најубавиот љубовен филм кој што сум го гледала до сега.Ме плени со љубовта,борбата,истрајноста на Рајан оффффф можам милион и милион пати да го гледам и никогаш да не зажалам и да не ми здосади .А и крајот е врв на сите што не го гледале им препорачувам да го гледаат дефинитивно нема да зажалат.
два пати го гледав и два пати плачев на крајот, ја имам читано и книгата, а не плачев на крајот само на филмот! каква преубава приказна за љубовта
Мојот најомилен филм на сите времиња, дефинитивно! Прекрасен, преубава приказна, одлична глума и бура од емоции. Многу пати го имам гледано и секогаш плачам на крајот
Рејчел ми е една од ретките актерки која прво ја имам гледано во улога на глуперда (во Mean Girls), а потоа во ваков романтичен филм. На пример Аманда (која играше уште поголема глуперда од неа во истиот филм), не можев да ја сфатам сериозно кога ја гледав во Dear John. Едноставно, кога ја гледав, во глава ми одеше слика на девојката која викаше... Рејчел ми е прекрасна, а во комбинација со Рајан се одлични. Филмот го имам гледано милион пати и навивав за нив двајцата да останат заедно во приватен живот. Mи беше криво кога раскинаа. А Рајан изјави: “I mean, God bless The Notebook,” Gosling says. “It introduced me to one of the great loves of my life.
Го обожавам филмов. Совршен пар ми се Рејчел и Рајан, а и приказната е толку убава и трогателна. Јас би му дала 10/10.
Го немав гледано сега го изгледав на телевизија! Фала ти Мтв да не беше ти ќе немаше да го гледам ова!! Ме фасцинира филмот и целата негова приказна!! Постои ли ова во реалниот живот? Таква љубов, а и двајцата се совршени!! Ликовите се прекрасно избрани СИТЕ!! глумата фантастична ќе мора да си го симнам па да го гледам пак!!
Прекрасен филм, јас до пола го имав гледано само, а инаку прекрасен филм шо докажува дека и покрај сите пречки љубовта победува се Преубав е