Не го имам гледано, ама многу сакам. Брат ми ми кажа дека ќе кочел компјутерот што знам јас.. Ама штом вие викате дека е добар, морам да го гледам Деновиве кога ќе сум слободна веднаш ќе го вклучам
The Notebook Долго време му се токмев да го гледам, секогаш си велев има време ќе го гледам понатаму Дојде и тој ден, случајно ја забелжав најавата на македонска телевизија, си реков сега ќе го гледам и искрено воопшто незгрешив, филмот вредеше секоја секунда од почетокот до самиот крај. Филмот тотално ме освои, еден од најдобрите романтични драми воопшто снимени во историјата на кинематографијата, неможев да се соземам, сеуште сум под импресии, филмот ме воодушеви, ретки се ваквите филмови кои можат навистина да те освојат и импресионираат, приказната, кастингот, камерата, костимографијата, пејсажите, музиката се беше перфектно за да може вистински реално да се долови приказната, актерите беа погодени и имаше хемија помеѓу нив, двајцата беа одлични и Рајан Гослинг и Рејчел Мекадамс, исто така одлични во улогите беа и Џена Роландс и Џејмс Гарнер. Ретки се тие филмови кои ќе ме расплачат но овој беше еден од нив, колку и да несакаш внесувајќи се во самиот филм, самата приказна, кога ќе те удри таа бура од емоции, тоа цунами солзите сами си течат, предобар!!! Вистинско ремек дело, филмски класик, Timless - безвременски, бесмтртен, вечен!!! Топла препорака да го гледаат сите кои се љубители на љубовни романтични приказни, оваа е една посебна, поразлична од останатите, ќе ве разнежни и растажи, но и ќе ви ја долови вистинската љубов помеѓу двајца кои се запознаваат сосема случајно, помеѓу нив се раѓа вистинска љубов, привремено животот ги разделува но кога повторно ќе се сретнат после долги години помеѓу нив повторно се раѓа се распламтува таа исрена, вистинска љубов и остануваат заедно се до нивната смрт. Во прилог кон ова ќе ставам линк со песна и краток спот од филмот кој многу ми се допадна уживајте http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=aAssXc2h4IM
The Notebook ја има најдобрата љубовна приказна. Никого не го оставил без солзи на крај. Овој филм јас и дечко ми го сметаме за наш филм затоа што некако ја има нашата приказна. Настрана од сите прекрасни факти, во филмот глумицата е мојата глумица. Дефинитивно најдобра и најубава. Ја сакам
preubav film..100 pati go imam gledano..i 100 pati imam placeno za nego...preubava ljubovna prikazna <3
http://www.filmovizija.com/movie/the-no ... fe975.html бујрум,на тоа дијалог прозорец ке кликниш да и тоа е тоа
Јас го имам гледано и искрена да бидам мене ми е еден обичен љубовен филм. Не дека не е добар, ама за мене не е причина за припаѓување во несвест. Лично јас сум гледала и подобри љубовни филмови. Значи не ми е нешто посебно, онака некоја си средина, штознам... Можеби дека јас имам некои други критериуми што се однесува за филм, ама сепак тоа е само мое мислење.
Уште еден одличен љубовен филм адаптиран според книгата на Николас Спаркс. Не, нема да биде лесно, ќе биде многу тешко; ќе треба да работиме на ова секој ден, но сакам да го направам тоа затоа што ми требаш. Ми требаш ти секој ден, засекогаш. Јас и ти засекогаш.
Пред да го гледам,се изнаслушав разни глупости за филмов.Дека е најдосадниот филм на светот,дека ако го гледам ќе зажалам за потрошеното време и слично.Не планирав ама еден ден од досада онака си го пуштив.Уште од самиот почеток ме заинтересира,и ме расплака.Навистина долго време немам реагирано така на некој филм,не сум некоја плачка по природа што се притресува на секоја љубовна приказна,ама стварно ме погоди..Не знам зошто,ама навистина за сите кои се романтичарки во душа,им го препорачувам.Многу убаво филмче!
Прекрасен е филмов...Денес го гледав,ама малку некако трагичен ми беше крајот,со старите.Не го сфатив добро крајот!Што и се случи неа за така да се однесува?
филмов најпрво го гледав на тв,многу одамна а беше почнат и не го сватив баш, ама одтогаш до сега ми е глеедан најмалку 6-7 пати, на сите шо немаа го гледано им правев друштво и со задоволство би го гледала уште толку прекрасна приказна .....
Не гледам многу романтични филмови но вој ми е еден од омилените. Преубав филм, го имам гледано над 10 пати и секогасш завршувам со солзи!
Сега прв пат го гледав филмов.Значи не знам како не сум го гледала до сега. Морам да кажам се воздржав да не заплакам.Дефинитвно еден од моите омилени филмови
Многу е убав филмот и многу ми се допадна тоа што Ноа вети дека ке ја направи куќата и навистина ја направи, а и вистина е дека првата но вистинската љубов никогаш не се заборава колку и да сретнеш други и да ги сакаш и на крајот се расплакав умреа заедно