Мислам дека редно е да отвориме тема за брендот на DECIEM - The Ordinary, пред сè од практични причини, за информациите кои изминативе месеци се протнуваа низ различни теми од категоријава, да бидат сублимирани на едно место. Оние кои бараат некоја поопширна информација околу одреден производ од линијата, или воспоставување рутина, тука ќе можат попрегледно да издвојат нечии мислења или искуства. За брендот нема да должам многу, затоа што тука може да се прочита практично сè, почнувајќи од нивната филозофија па сè до поединечни продукти, има и рецензии од корисници. Во темава меѓу другото, би било добро да ги споделиме нашите искуства со некои од производите кои сме ги пробале и да ги споделиме дневната/ноќната рутина на нега на лице која вклучува нешто од The Ordinary. Јас засега, производи од The Ordinary вметнав само во ноќната нега на кожата на лицето. Ги користам: Glycolic Acid 7% Toning Solution Salicylic Acid 2% Solution Niacinamide 10% + Zinc 1% Ги нанесувам баш така како што се набројани - тоникот на цело лице (без околуочна регија), другите по потреба во одредени делови од лицето. Пред The Ordinary триото, лицето најнормално го мијам со гел за лице и го тонирам со некој тоник, па продолжувам со The Ordinary и на крај ставам масло околу очи и ноќна крема. Засега ми е океј, кожата не пројави никакви несакани рекации на некој од трите продукти, но сè уште е рано за какви било ефекти, со оглед на тоа што сево ова го практикувам само две недели. Мислам дека потребно е повеќе време за резултатите да бидат очигледни. Ама притоа морам да напоменам дека продуктиве не ги купив со намера да третирам акни (ги препорачуваат за проблематична кожа исто така), туку пред сè за порите кои многу ме нервираат зашто речиси секогаш се полни со црнки и делуваат нечисто. До сега, можам да кажам дека порите изгледаат доста почисто и не се полнат толку многу како порано, па за понатаму останува да продолжам да ја спроведувам негата и да видам како сите овие продукти ќе се покажат на подолга дистанца. Во меѓувреме го нарачав и хемискиот пилинг AHA 30% + BHA % Peeling Solution, од него очекувам доста, па останува да видиме. Една важна напомена: сите продукти кои во себе содржат ретинол и BHA (бета-хидрокси киселини) се препорачува да се употребуваат навечер и задолжително да се нанесува заштитен фактор на лицето, доколку излегуваме надвор. Од проста причина што, БХ-киселините ја прават кожата осетлива на сончевата светлина, па истата мора да се заштити соодветно со ЗФ дури и во зима. Епа, може да почнеме со муабетење. Ќе ве тагнам за да видите, па може да ја продолжиме дискусијата тука, за да не се бркаме по темите и да ни биде сè на дофат тука. @lovemme @sorbet @x.Daisy.x @Sexybaby86 и останатите - повелете со вашите искуства.
@Mishela каква кожа имаш?Glycolic acid тоникот го гледам но се мислам дали ке ми одговара бидејки сува кожа имам, но исто така и митисери на носот и брадата. Па можеби би го земала да ја третирам таа регија само, ако е ефикасен. Инаку гледам и други продукти. Хијлуронската киселина обавезно ке ја порачам, можеби и некое од маслата. Е сега имате ли некој предлог што би одговарало за пределот околу очите, за ситните мимички линии плус се резултат и на сува кожа. Го гледав Argeline solution, баш е за таа намена, ама по долго читање решив да не го порачувам. Многу поделени мислења на интернет за него, а и рецензиите се претежно од жени на возраст од 35+.
@oblace1 имам комбинирана кожа - масна Т-зона и нормални образи. Ми одговара тоникот, не сум приметила иритации или црвенила засега. Не затега, делува освежувачки на кожата, како млаз вода.
Моментално го користам 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed масло кое воедно мислам дека им е еден од култните производи. Содржи високо ниво на омега „fatty“ киселина и се препорачува главно за проблематична кожа, склона кон акни и за избледување на лузни од акни. Ставам по 2-3 капки, навечер над хидрантантната крема. Едно правило при користење на масла за лице е дека секогаш маслото оди над кремата зашто може да се протне низ неа (и други хидратантни лосиони), а не vice versa. Леџит rose hip seed масло никогаш нема да мириса на рози туку ќе има поземјен мирис, сличен на ленено масло. Задоволна сум, не ми создава никакви алергии ама претешко ми е за употреба повеќе од два до три пати неделно. Од каде порачуваш @Mishela, од вебсајтот на Deciem? Ја следевте драмата околу Brandon Truaxe? Ова, продавничките им се баш tumblr vibe aesthethics.
Јас имам две прашања. 1.Дали ги има во Скопје или преку интернет се нарачуваат 2. @Mishela што ти помогна за црнките и порите конкретно и за колку време?Носов ми е лом, а продуктите од Авон имаат ефект 5-10минути
Ги имаш и на lookfantastic. Го користам Ретинол 0.5% растворот и сум задоволна, ми го враќа сјајот и свежината на лицето.
@DzingrlakaDzikica нарачувам од beautybay, ги има мислам и на lookfantastic ама досега немам нарачувано од таму. @Feminka22 уште ништо не ми помогнало против црнките, пишав во воведот засега што употребувам и на кој начин. Рано е за резултати. За понатаму ќе видиме, ќе пишам. Видов дека си пишала за кај може да се најдат; ги нема кај нас, може да се нарачаат само онлајн, еве на пример од beautybay, како што спомнале девојкиве пред мене.
Јас исто си искористив Блек Фридеј (кој порано дојде на бјути беј) и си земав Natural Moisturizing Factors + HA i 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil. Едвај чекам да пробам. Ке пишам за импресии
Да пишам што сум користела од The Ordinary: Напомена: Мојата кожа е масна, склона кон акни, со проширени пори и флеки. 1. Alpha Arbutin 2% + HA Спојлер: Состав Aqua (Water), Alpha-Arbutin, Polyacrylate Crosspolymer-6, Hydrolyzed Sodium Hyaluronate, Propanediol, PPG-26-Buteth-26, PEG-40 Hydrogenated Castor Oil, Lactic Acid, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin. Алфа арбутинот е безбедна состојка која ја избелува кожата така што го намалува лачењето на меланин, а хијалуронот помага во транспортот на хранливите материи длабоко во кожата. Серумот го порачав со надеж дека ќе ми ги избледи флеките од акни. Во периодов од 3 недели колку што го користам забележав дека побрзо ми избледуваат (имав дамки кои со месеци ми се познаваа, а серумот го забрза процесот на избледување). Го користам навечер, пред водата и маслото од дива роза на Алверде. Значи, серумов се користи за избледување на темни дамки, а не за црвенила. Единствена замерка ми е хијалуронската киселина бидејќи мојата кожа не е баш спремна за хијалурон, но до сега имам добри резултати, па ќе продолжам да го користам серумов додека да се потроши. 2. Niacinamide 10% + Zinc 1% Спојлер: Состав Aqua (Water), Niacinamide, Pentylene Glycol, Zinc PCA, Tamarindus Indica Seed Gum, Xanthan Gum, Isoceteth-20, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin. Ниацинамидот е Б3 витамин кој помага во подобрување на состојбата на кожата, додека цинкот ја заздравува кожата. Го користам наутро на т-зоната за да ми се стеснат порите и да се намали лачењето на себум за да не засветам во текот на денот. По нанесувањето се чувствува „лифтинг“ ефектот и порите ми се значајно намалени. 3. AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution Спојлер: Состав Glycolic Acid, Aqua (Water), Arginine, Propanediol, Cocamidopropyl Dimethylamine, Triethanolamine, Salicylic Acid, Aminomethyl Propanol, Lactic Acid, Tartaric Acid, Citric Acid, Panthenol, Sodium Hyaluronate Crosspolymer, Tasmannia Lanceolata Fruit/Leaf Extract, Daucus Carota Sativa Extract, Glycerin, Pentylene Glycol, Polysorbate 20, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Ethylhexylglycerin, 1,2-Hexanediol, Caprylyl Glycol. AHA или гликолната киселина дејствува на површината кожата, додека BHA или салицилната киселина продира во внатрешноста на кожата. Гликолната киселина е застапена со 30% и е на прва позиција, така што е доминантна во растворот. Таа се препорачува за зрела кожа склона кон хиперпигментација. Растворот се користи еднаш до максимум два пати неделно, на чиста и сува кожа и треба така да отстои 5 до максимум 10 минути. Јас го користам навечер, но доколку се користи наутро задолжително е потребен заштитен фактор. Има чуден мирис и црвена структура (во спојлер слика како изгледа намачкано на лице) Спојлер и забележувам дека наредниот ден кожата ми е во полоша состојба бидејќи ми ја вади секоја нечистотија од неа. Но, самата структура на кожата е поблескава и изедначена, а акните (особено цистичните акни) се повлекуваат и заздравуваат многу побрзо. Овој раствор не е наменет за лица кои се под терапија на Роакутан бидејќи може да ја спржи кожата поради високото количество на киселини. 4. Azelaic Acid Suspension 10% Спојлер: Состав Aqua (Water), Isodecyl Neopentanoate, Dimethicone, Azelaic Acid, Dimethicone/Bis-Isobutyl PPG-20 Crosspolymer, Dimethyl Isosorbide, Hydroxyethyl Acryalte/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Polysilicone-11, Isohexadecane, Tocopherol, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Isoceteth-20, Polysorbate 60, Triethanolamine, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin. Азелаичната киселина помага во намалувањето на црвенилата од акни и прави нежен пилинг на затворените пори и безживотната кожа. Може да се користи за сите типови кожа бидејќи е природен антиоксидант кој се создава на кожата. Исто така многу е важно да се користи заштитен фактор поради фактот што предизвикува чувствителност на кожата на сончева светлина. Вообичаено ја користам навечер, кога не го користам алфа арбутинот. Предизвикува пецкање на кожата кое во почетокот е малку непријатно, но подоцна се навикнав. Наутро кожата ми е блескава и акните ми се значајно повлечени. Единствена замерка ми е диметиконот, но бидејќи немам нус појави ќе продолжам да ја користам оваа суспензија. 5. Caffeine Solution 5% + EGCG Спојлер: Состав Aqua (Water), Caffeine, Propanediol, Glycerin, Maltodextrin, Epigallocatechin Gallate, Sodium Hyaluronate, Glycine Soja (Soybean) Seed Extract, Urea, Tocophersolan, Hydroxyethylcellulose, Poloxamer 235, Poloxamer 338, Xanthan Gum, Lactic Acid, Trisodium Ethylenediamine Disuccinate, Butylene Glycol, Ethoxydiglycol, Phenoxyethanol, Chlorphenesin. Серумов за пределот под очите содржи високо ниво на кофеин кој ја оживува кожата и ги стеснува крвните садови за да се намали темнилото и подуеноста на подочниците. EGCG (epigallocatechin gallate) се добива од зелениот чај кој има антивоспалително дејство и го реактивира епидермисот кој е во фаза на умирање. Серумот го користам кога ќе се преспијам и очите ми се подуени за да го оживеам тој предел. Исто така за некоја нијанса ми се побледи подочниците и вдлабнатините не ми се истакнати кога сум нашминкана. Следно на листата на производи кои сакам да ги пробам се: 1. Rosehip seed oil (кој го порачав и чекам да ми стигне) 2. Некој од ретиноидите, само се мислам со колква концентација да биде 3. Coverage foundation SPF 15