Ќе пишам рецензија за производите за некоја недела дали има ефект. Инаку имам одредени делови на лицето каде што повремено се нафрлам. И на челото мали (први) брчки. Заради повремени акни на некои делови од лицето имам потреба од ексфилијација. Порано имам користено производи на база на гликолна и салицилна киселина и имав многу добри ефекти. Единствено прв пат пробувам препарат со ц витамин.
Девојки јас имав проблем со нарачката па 2 пати ми стигна, доколку некоја е заинтересирана за Glycolic Acid 7% Toning Solution нека ми пише ПП. Инаку ги користам Vitamin C Suspension 23% + HA Spheres 2%, Rose Hip Seed Oil, Niacinamide 10% + Zinc 1% и Coverage пудрата. Производите им се одлични, јас имам проблематично лице и многу ми е подобрено од кога ги користам.
И јас сум од оние збунетите што сакаат да сменат рутина за лице ама не знаат како. Редно е да почнам да посветувам поголемо внимание на тоа што користам и како го користам. Кожата во младоста ми беше многу мрсна, сега ми е нормална чинам, во некои денови дури и многу сува, генерално нормална. Акни немам, имам проширени пори и црвенило на образи и црнки, лицето ми има нерамен тен. Планирам да ја вметнам рутината на @Mishela оти кога носам шминка Т-зоната знае да се замасти, ама не сум сигурна дали сакам за сега да ризикувам со киселните, се мислам прво да отидам на козмтичар кога ќе се вратм МК па после да пробам со овие третмани, сега за сега само на остатокот ќе се фокусирам. Мислам дека се одлучив што да земам по првиот пост на Мишелка мислам дека ќе ми одговараат тие продукти, сепак некој друг да има некое мислење за мене, помош?
Женски јас незнам : не се разбирам што како да порачам , па барсм баша помош, би сакал некој да ми помогне ? Накратко имам комбинирана накај мрсна кожа , сеуште си ја средувам ид акни но при крај сум, па затоа сакав да почнам да напраам една day skin care routine i night skin care routine (побитна е вечерната мислам дека преку ден секако си ставам пудра ) за да кожата откако ќе ја ослободам од сите препарати од дерматологот, да не ме “чека”. Склона ми е кожата кон акни, и имам нерамен поради сите тие акни и црвенила кои оставиле траги но ништо страшно. Млада сум, дури сега ги преминав тинејџерските години но како и сите и помлади од мене ми се јавуваат од грчење на челото тие линии, тоа сакам да го контролирам, би сакала и нешто со хијалуронска киселина дека знам онака го plump лицето и изгледа поубаво. Истотака , и за израмнување на тенот би сакала нешто плус да ми предложите доколку можете. Се извинувам на долгиот пост и на англиските зборови кои ги користев дека некои работи ни сама неможам на мак да си ги објаснам. Поздрав
Епа ако знаеш толку англиски, вклучи се на сајтот и прочитај за што е кој производ Или барем исчитај ја темава, има повеќе девојки со кожа како твојата, па можеш да се инспирираш од нивните рутини.
Точно, но дека ми е млада кожата многу затоа се плашам да зњмам нешто сама , сепак има девојчиња што подобро се разбираат
Да се цитирам, по некое време користење. Тоникот се' повеќе ми се допаѓа НО само во комбинација со маслото од роза на Алверде. Дап, во очај го купив и тоа и се препородив. Значи, тоникот плус добра хидратација плус масло од роза, за мене значи свежа кожа, мали пори, 0 мрсење на носот. Од друга страна, раскинувам со Ниацинамидот. Порите ми се смалија откако почнав со 7 skins method, што значи, сум имала дехидрирана кожа, а не мрсна. Сега редовно ми испаѓа по некое акниче од него, па мислам дека немам потреба. Сега ме копкаат тоа ретиноидите, па кој има искуство, бујрум да каже.
Уф, го нарачав и пробав Ниацинамидот, ама некако не ми одговара изгледа, наместо да ме исуши, засветувам цела, ама ќе си почекам барем една недела за конечна процена и оцена. Нарачав и Argireline, со тоа што опседната сум да го исконтурирам лицево, млада сум ама веројатно заради генетика малку го чувствувам свиснато. Наредни ми се Ретинол 0.2% , . Marine Hyaluronics, Lactic Acid и барам предлог за витамин Ц, со тоа што имам мрсна/комбинирана кожа.
Сакаж нешто против дехидратирана кожа. Каква комбинација треба да направам на производи? Имам комбинирана кожа кон сува.. со пори ии акни.
Искрено, too much hype по форумов. Ретинол 0.2 фрлив ме исфрла. Ниацинамидот, исто ништо али го ставам јер сум дала пари. Витамин Ц исто не гледам подобрување. Пилингот од аха и бха ми се допаѓа и маслото е ок.
Повеќе пати имам кажано дека што и да е само заради тоа што е од ординери нема да ви помогне. Истражете кој ви се проблемите, потоа фокусирајте се на тоа што ви треба-хидратација, ексфолијација, антиоксиданти, текстурални проблеми, проблеми со сјај и тен. Не знам зошто сите се запнавте на ниацинамидот кога е пишано дека реакциите се 50-50. Хајпот за ординери е тоа што нудат нешта кои од другите компании досега го нудеа по вртоглави цени и даваат резултати, но не за месец два. Еден пример The Ordinary 100% Virgin Marula oil-8£ Drunk Elephant Marula Oil - 70$. Во врска со ретиноидите, имам пишувано дека го користам Granactive Retinoid Emulsion 2%. Не агресивна верзија во емулзија, мала концентрација (помала од 0.2%,0.5%,1% во squalane) чувство како да нанесуваш хидратантен лосион. За три месеци имам подобрување во текстурата, здрав сјај, немам негативни последици како лупење и сува кожа и мастењето ми е доведено до нормала. За тоа е заслужен и Buffet од кој користам второ шише. @Doozy оф топик со коj тоник правиш 7skins? Го имав купено многу фалениот hadalabo, но не ме воодушеви. Најважно користете СПФ 50!
Искрено? Со каков имам дома, најчесто Биотен. Вака ми оди вечерната рутина откако ќе измијам лице. Гликолик ацид оставам да се исуши + тоник еднаш, тоник двапати, со тапкање, не со влечење + алфа арбутин и ХА + крема еднаш, крема двапати откако ќе се впие, ако има потреба и трипати ставам + масло од роза. Се зезнав со light кремот за Виши, со таа за сува кожа немам ваков проблем. Знам дека користат посебни тоници за 7 skins, јас ова на шала повеќе го пробав со тоник дома и следниот ден разликата беше очигледна. Патем, не мора по 7 пати да ставате од нешто, прилагодете по потреба. Некогаш и двапати е доволно, ама кај мене пориве значително ми се намалија после ова.
Ниацинамидот не го користам веќе од ко почна месецов и повторно ми е мрсна т-зоната. Башка пред да прекинам почна да ме исфрла и на едниот образ уште имам црвенило. Со пената на балеа ја контролирам мрснотијата ама сега има една недела како ја користам после долго време.
Откако прочитав дека си користела 7skin ме заинтересира и реков да пробам и јас, па истражував што се како дали може со ова, со она. Дека јас користам ружина вода како тоник реков да пробам и вака, нема алкохол таман е на кожава моја. Уште од 3тото нанесување првата вечер некако се смени текстурата, по-освежено беше и челото не ми беше мрсно, скоро ич следниот ден. Премногу сум задоволна, фала ти
Може ли некој поупатен да ми каже дали може да се користи истовремено азелаична киселина заедно со гликолна киселина ?
Искрено? Мое мислење е дека се претерува со хајпот за Ordinary. Прекомплицирани се за комбинирање и капирање што со што иде добро, а што со што доведува до катастрофа. Исто така, одземаат многу време и бараат многу слоевитост, што мене лично ми иде на живци. За резултати да не зборам... во мојот случај конкретно, се покажало дека поетаблирани брендови се неспоредливо по-fuss free и со видливи резултати во најкус можен рок. Но, секој одлучува за себе и ако Ordinary некому пријаат, супер Еден совет до вас: многу многу многу внимателно со ретинолот. Не само во Ordinary, туку општо.
Не се препорачува комбинирање на повеќе киселини во ист режим. Двете се ексфолијанти. Јас би одбрала една, ротирајки ги преку еден ден и нанесувајќи ги навечер. Наутро хидратација и спф па шминка.
Според мене па и не се претерува толку колку што вие мислите дека се претерува. Никој не спомнал дека прават чуда, туку само дека даваат сличен резултат и имаат сличен состав со многу поскапи брендови, затоа и ги препорачуваат. Мене ми е океј ниацинамидот, мастењето на кожата воопшто не ми го намали, што и ме чуди, се надевав дека не сум таков изрод и ова да не ми делува, ама од друга страна ми го прави многу нежно, мазно и кожата ми изгледа здраво. Е сега, argireline-от го нарачав пред 20 дена и абер нема, дали е можно заради празнициве да доцни или да одам во пошта да се расправам? Порака им пишав на look fantastic и ми вратија дека доставата може да трае и 1 месец. Ниацинамидот ми стигна за една недела...