The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    35.807
    Пол:
    Машки
    Маслото што сакам да го нарачам е 12.44, затоа реков дека скоро секаде бараат дупло. :lol:
    Lookfantastic e таман.
    Фала ви! :*
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Minci13

    Minci13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Женски
    za kolku vreme stigaat?
     
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.149
    Допаѓања:
    73.369
    Пол:
    Женски
    Зависи кога како, некогаш за 20 дена, некогаш за 2 месеци.
     
    На Minci13 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    403
    Допаѓања:
    1.342
    Пол:
    Женски
    @moon1 ке те тагнам овде,сакав да те прашам дали имаш користено нешто од the ordinary?
    Нели Olena и нив ги препорачува?
     
    На Mr.Mary му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moon1

    moon1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Немам користено од причина што треба да ги нарачувам онлајн. Од тоа што препорачува се BHA производите односно салицилната киселина. Мене ми се виде скапа, па си ја растворив сама во дестилирана вода, затоа што да ја купиш во прав е 15 ден. Е сега соодносот е 1грам на 100мл вода.
     
    На MiAmor и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  6. ludamaja10

    ludamaja10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    408
    Па и ме е скапа , ја порачав 5€ мислам од бјути беј, и еден месец скоро ил уште не ми е потрошена , вреди.
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Во Берлин во Дуглас имаат одреден број производи на The Ordinary, jас од таму си земав салицилна киселина и млечната киселина, иста цена како на нивниот сајт само не плаќаш шипинг
     
  8. moon1

    moon1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Јас користам салицилна киселина. На почеток се става само 3-4 пати неделно, по неколку недели почнуваш да ја користиш секој втор ден, за на крај да почнеш да ја ставаш секој ден. Значи полека ја навикнуваш кожата. Најдобро е да ја ставаш на вечер преку лето затоа што не трпи сонце. Исто е важно да не се сончаш додека ја користиш.
     
  9. moon1

    moon1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Мене во фунти ми покажува. Знам дека шипингот беше близу цената на самиот прозивод и плус да ја чекам... сега им фрлив око на серумот со ретиноид и тој со кофеин. Па планирам кога ќе земам плата да ги нарачам сите комплет.

    Така е многу поисплатливо. Како се нервирам значи-ништо нема во ова Македонијата наша. Како на крајот од светот да сме.
     
    Последна измена од модератор: 7 септември 2019
  10. lolo1166

    lolo1166 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15
    Јас го порачав од Beauty Bay заедно со уште неколку производи од The Ordinary, мислам дека стигнаa за околу 2 недели. Презадоволна сум од кремот. Совет: На почеток ставај по малку на цело лице или само на "проблематичните" делови додека не се навикне кожата. Јас го користам навечер бидејќи заприметив дека не одговара најдобро под пудра, а ако ставаш преку ден тогаш обавезно стави крема со заштитен фактор над него.
     
  11. lolo1166

    lolo1166 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    15

    Има многу луѓе кои се презадоволни ама изгледа дека не одговара на секаква кожа. Јас го користев заедно со Alpha Arbutin 2% + HA и и на мене ми се појавија мозолчиња па престанав да ги користам двата серуми. Можно е да е само првична реакција на кожата додека не се навикне или пак еден од нив не ми одговара. Ќе пробам уште еднаш па се надевам дека се ќе биде во ред.
    Инаку, да, некои креми не смеат да се мешаат со серумиве. Може да прочиташ повеќе за тоа на официјалната страна на The Ordinary.
     
    На MissDior и koritsaki им се допаѓа ова.
  12. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    134
    А дали се измива по неколку минути или си преспивам со неа? :)
     
  13. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :)
    И јас барам помош од вас. Имам комбинирана кон масна кожа, немам акни, имам доста пори/црнки особено на образите и носот и сакам да ги елиминирам и имам неизедначен тен, флекички што се последица од акни кои ги имав во пубертет.
    Што можам да нарачам? Малку ми е нејасно ова со производиве иако читав доста. Салицилна ми остави впечаток, друго што, сакав тоник некој? И како да ги користам? Имам 22 години инаку па да не се производи што се за повозрасна кожа.
    Фала ви :)
     
  14. moon1

    moon1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Не се измива.
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    2.462
    Пишувано е ве мрзи да читате и гуглате, ама ајде, once again for the seats in the back.
    1. Не користи влажни марамици,механички пилинзи и сапуни. Чисти шминка со мицеларна/масло и миј со НЕЖНО средство-пена на Оливал, Балеа итн.
    2.Нарачај си киселина која ќе ти прави благ пилинг.
    За почетници: Glicolic Acid Tonic- се почнува со еднаш на два три дена, додека кожата изгради толеранција, за почеток можеш да ставиш од тоникот и на влажен тупфер за да не е толку јак.
    Нанесување на исчистено и исушено лице, САМО НАВЕЧЕР, 15мин да делува па после крема.
    3.Салицилната киселина е за spot treatment не се шлапа на цело лице, туку директно на акните/црнки. Ако одбереш да ја земеш ја нанесуваш после тоникот, само на местото чекаш и мачкаш крем.
    4. Нарачај нешто за хидратација. Мрсната кожа многу пати е резултат на недоволна хидратација. Препорачувам Natural moisturising factors +ha кремот, Rose Hip Oil, Marula Oil, Hyaluronic acid, Marine Hyaluronics, Buffet.
    Пример 1: миење, сушење, тоник пауза крем, па масло.
    Пример 2: миење, сушење, хијалиронска киселина, салицилна на места, пауза, крем и масло.
    Изврти ја темава имаме пишувано примерни рутини и не нарачувај куп производи одеднаш.
     
    На joy1, sorbet, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Leat

    Leat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Ја исчистав целата тема, некои мислења и по два пати но пак не сфатив што и како треба да земам.
    Сега сфаќам. Фала ти. :)
    Само сакам да те прашам, каква намена има хијалуронска киселина? Не е ли за постара кожа или е добра за превенција на стареење? Имам 22 години.
     
  17. moon1

    moon1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Салицилната киселина се нанесува на цело лице. Таа прави хемиски пилинг на кожата во подлабоките слоеви со што помага во чистење и превенција од создавање на црнки, а гликолната ја чисти површината на кожата (мртвите клетки). Која би била поентата да правиш пилинг само на мозолка?
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.319
    Допаѓања:
    52.237
    Ноеми, супер пост, само да се надоврзам - препорачуваат гликолната киселина да се остави и по 30-40 минути. Јас не знаев дека треба толку да чекам и откога прочитав и почнав, навистина се виде разлика. Омилен ми е сега гликолниот тоник, ме сушел затоа што недоволно ја хидрирав кожата.

    Инаку, треба време за продуктиве да почнат да функционираат и дефинитивно, дефинитивно треба количината да ја погодите. На почетокот ми беа онака, ама сега навистина ми се УАУ. Дури и Ниацинамидот ми е ок, иако имаме лав-хејт релејшеншип.

    Значи, само упорност, експериментирање да видите која количина и кој продукт ви одговара и најбитното - less is more! Не правете којзнае какви сложени рутини - колку помалку продукти, толку подобро.

    Јас една вечер ставам од гликолниот тоник + хидрирам, една вечер вит ц + хидрирам, една вечер ниацинамид + хидрирам. А да, се подразбира дека претходно го измивам лицето. :))) Без влажни. :D
     
    На Noemi и sorbet им се допаѓа ова.
  19. angela.kostova

    angela.kostova Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    146
    Пол:
    Женски
    Хијалуронската киселина влече влага од надворешноста и ја носи до клетките. Се смета дека за превенција на стареење но корисна е и за најобична кожа, доста од работите што се за превенција на стареење всушност имаат цел да носат хидрататација до кожата што е од корист за сите типови на кожа, дали имаш акни или ти е мрсна кожата
     
    На Noemi и Leat им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    2.462
    Хијалуронската киселина на балканов е лошо изрекламирана, за брчки се користат далеку поагресивни средства, хијалуронската влече влажност од околината и дава свежест и дава plumping ефект на лицето. Само внимавајте зимно време доколку нема доволно влажност во воздухот хијалуронот влече влажност од кожата и може да преизвика сушење на кожата.
    Спреј за лице пред или по нанесувањето на х.к. е добар избор.

    Во врска со салицилната, да точно дека прави пилинг ама пилинг на цело лице со салицилна три четири пати неделно или секојдневно е преагресивно. На конкретната бубуличка и треба поагресивен третман/пилинг што продира и ќе направи turnover на клетки за да ја исуши и елиминира. Ама на целото лице тоа не му е потребно.
    AHA + 2% BHA пилингот од ординери пример се користи еднаш на недела дена/ 10 дена.

    За поискусните, доаѓа есен, препорачувам да го пробате Granactive Retinoid 2%. Подобро нешто немам користено.
    Благ ретиноид не толку моќен ама доволно за млада кожа, без текстура, со сјај и одлична хидратација.