1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Салицилната нема никаков ефект врз постоечките акни. Таа ги чисти порите и влијае на жлездите што лачат себум кои се причинители за создавање акни. Значи се работи за первенција од акни. Имам многу истражувано баш за салицилната киселина. Изгуглај малку, ќе видиш. Бесмислено е да се мачкаат само акните. Салицилната прави пилинг. Пилинг на акни? why? (facepalm)
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.082
    @moon1 Никој не те убедува ниту лично ти реплицирал. Си истражувала слободно користи си како ти си сметаш.
    Разликата од домашен раствор на салицилна киселина со вода (се надевам дестилирана) за 15ден што ја користиш релативно кратко време и салицилната на ординери формулирана со многу други додатоци е што слободно може да се користи како спот третман за повлекување на акна/бубуличка без пресушување на цело лице и го користам две + години.
    Темата е за The Ordinary, користи нешто и наврати се со искуство па ќе дискутираме.
    Твоја кожа твој избор.
     
  3. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190911-012102.png
    Еве што пишува во упатства за употреба на салицилната на The Ordinary. И не само за нивната марка. За неа разговарав и со мојот дерматолог. Зборувавте за рутини и начини на употреба, па се надоврзав со мое мислење. Сакав само да помогнам, немав друга намера, ама ок, секој различно си сфаќа и прифаќа.
    Читав наназад за ретинол и ретиноид. Секав да нарачам од тоа и се консултирав со дрематологот. Таа ми рече дека нир кај нас имаме далеку поквалитетни и подобро формулорани ретиноли и ретиноиди од The Ordinary. Кремата Сона што е за акни била со главна состојка ретиноид, поточно адапалин кој што е еден од ретиноидите. Е сега тој бил поблага форма од ретинолот плус бил многу ефикасен за лузни и брчки. Причина што ми препорача друг ретиноид е годините. Имам 27. Вели дека ретинолот би ми помогнал за брчки, но дека јас сум на воздраст на која моето тело сè уште произвеува многу колаген, но не толку колку што произведува 20 или 18 годишник. Е сега ако сум почнела јас на овие години да користам ретинол би си ја направила својата кожа мрзлива. Тоа би значело дека кожата ќе добива доволно од надвор и ќе нема потреба да си работи и да се заштитува сама. Кога на овие години кожата ќе стане мрзлива тогаш на 40-50 години ретинолот нема да биде доволен и тогаш ќе излезат на површина сите брчки кои сега ги одложуваме и лекуваме со ретинол бидејќи појако и поефикасно нешто од ретинолот нема. И баш ме праша: Ако сега користиш ретинол тогаш што ќе користиш на 40 години?
    Друго што ми кажа за ретиноидите е дека кога се користат не смееш никако да останеш бремена. Значи и на тоа да се внимава. Вели дека на моја воздраст брчките со кои се стекнуваме не се од старост туку од сонцето. Значи најдобро нешто што можеме да го направиме е да користиме крем со фактор и тоа не само во лето туку 365 дена во годината, без разлика дали сме дома или надвор бидејќи УВА зраците продираат и преку прозорците, па дури и преку облеката. На лето препорачува користење на СПФ 50, а на зима СПФ 30.
    Значи кој не сака не мора ништо да прифати. Јас само сакам да го споделам она што мене дерматолог ми го кажал, неместо себично да си го задржам за себе. Еве да не бидам погрешно сфатена морам да се оправдам зошто рециплирам.
     
    Последна измена: 11 септември 2019
    На Bella.alleB, IamSexyAndIKnowIt, ludamaja10 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Плис хелп
    Дали е добра оваа рутина:
    АМ:
    1.cleanser
    2.hialyronic acid
    3.moisturizer
    4.spf
    Каде да го вметнам вит.ц односно ascorbyl glucoside 12%solution???
    PM:
    1.micellar water
    2.cleanser
    3.acid(salycilic or glycolic)
    4.hialyronic acid
    5.moisturizer
    Дали е добро?
    И јас се мислев за ретиноидот ама мислам дека уште ми е рано.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    892
    Употреби тоник за чистење после секое миењр на лицето па после све друго.
    Во вечерната не користи хијалуронска киселина или било која друга ако користиш салицилна. Се друго е бо ред
     
  6. Mama of girls

    Mama of girls Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2019
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Се мислам да нарачам веќе долго време. Акните колку толку ги средив ама останаа флеките. Кој серум го препорачувате
     
  7. Elena90

    Elena90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво! Во петокот за прв пат го пробав AHA BHA Peeling solution. После ставив sheet маска за хидратација, нијацинамид и крема на Афродита за хидратација. Вчера ставив од гликолната киселина и денес ми се појави црвенило околу носот и многу мали ситни брунчиња. Дали некој што го користел производот имал слични последици?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Не ставај гликолна киселина неколку дена откако ќе си правиш хемиски пилинг.
    Си ја изиритирала кожата најверојатно, затоа што практично и гликолниот тоник ти прави ексфолијација и фактички два пати по ред си правела третман со киселина...
    Внимавајте со тоникот и хемискиот пилинг.
     
  9. Elena90

    Elena90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Фала ти за одговорот. Имаш ли совет што да користам?
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ти предложам затоа што не знам што проблем имаш и што конкретно сакаш да коригираш со помош на производиве. Држи се до тоа што го употребуваш засега, ама полека воведувај и внимавај да има доволно растојание од една до друга употреба на каква било киселина.
     
  11. Elena90

    Elena90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Мислев за сега само, за иритираната кожа. Имам мрсно лице.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    А за иритацијата, одмарај го лицето од киселини додека скроз не се повлече црвенилото. Можеш да ставаш само Niacinamide и сето останато што си го користиш и вообичаено.
    Гликолниот тоник за почеток ставај го 2 пати неделно, па три пати (ако воопшто има потреба?) дури откако ќе се прилагоди лицето. Секој ден нема никаква потреба од него, само би си го направила лицето поосетливо, а тоа секако не е добро.
     
  13. ikivikica

    ikivikica Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2018
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Јас досега имам користено:Natural Moisturizing Factors + HA, borage seed oil. Нарачав Squalene cleanser, hyalurounic acid 2%, serum foundation. Ми стигаат од deciem.com. Сакам да пробам и киселни но сепак се плашам да воведам мн нови производи наеднаш.
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.271
    Допаѓања:
    37.884
    Пол:
    Женски
    Ајде малку help за почетник. Имам нормална кожа, со пошироки пори кои се затнуваат и ситни комедони на брада и нос, кои не се видливи ако не ја оптегнам кожата.
    Сакам да ја збогатам рутината на чистење и нега на кожата и да воведам и спф плус (не користам :$), ама стварно не знам од каде да почнам. Плус нешто појако за околу очи, работам на компјутер и се плашам од брчки.
    Гледам ниацинамид е генерално за секојдневна употреба, дали да почнам со него?
    И дали користите активен кислород пред серумите?

    Моментално ми е многу basic негата, мицеларна па балеа пена за миење, тоник, нивеа q10 околу очи, алверде од ружа за навечер, а нивеа за нормална за под пудра.

    Секој совет е добредојден. :)
     
  15. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    А јас да прашам за колку време ви стигаат производите од deciem страната?
     
    На Mary77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    786
    Допаѓања:
    3.798
    Користам азелаична киселина за акните и флеките од акни но сакам да вметнам и ниацинамид + цинк. Една ноќ да мачкам азелаична а следната од ниацинамидот. Дали ќе има нус појави или во ред е да се користи вака?
     
  17. sorbet

    sorbet Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2017
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    5.268
    Можеш наутро да мачкаш ниацинамид а навечер азелаична киселина. Јас така комбинирам и немам реакција на кожата.
     
    На sofija014 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mary77

    Mary77 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    kako da ja dovrsam narackata?? dali kje stars dokolku prodolzam anonimno bidejki nekade nema Optima za da napravam prof...
     

    Прикачени фајлови:

  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Кој нарачувал директно од сајтот на Децием? За колку време стигнуваат пратките? Дека од Канада, да не е предолго?

    Има попуст, да искористам. :)
     
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    @Doozy

    Ама пази со сајтов да не те царинат многу, јас мислам дека голема е веројатноста да го преплатиш тоа што сакаш да го нарачаш. Не познавам некој што нарачал од Децием од околинава моја, а да не е царинет.
    Јас си нарачувам од lookfantastic, фри шипинг е и обично брзо стигаат нарачките. Само еднаш ми се случи да чекам 2 месеци.
     
    На Doozy, do-re-mi и LivingGlam им се допаѓа ова.