И јас секогаш од Лукфантастик, брзи се и нема проблем. Таму имаше денес попуст на Ниод и испаѓа поефтино отколку на сајтот на Децием. Го нарачав бакарниот серум па ќе видиме како ќе се покаже. И хајдрејшн ваксин пред некој ден. Ме исплаши со царината, сепак ќе чекам попуст на Ординари на лукфантастик. Ваљда ќе дадат нешто за блек фрајдејот. Фала Мишела! Спојлер п.с. ме мрзи да менувам фонт, зато зборвам ко од острејлиа
И јас сакав да нарачам од Децием, ама другарка ми пред скоро ептен се пожали на царината, а сè си мислам и Дузи имаше исто искуство. Не знам како оди тоа со царинењето, не можам да одгатнам затоа што нарачувам купишта книги од awesomebooks (немам надминато сума од 50е досега) и не сум имала проблем, исто и со неколку поскапи палети со сенки од beautybay. Другарка ми не беше ни блиску до 50е, ама одвај се разбрала таму и некако што знам, баталив. Ќе си чекам и јас попуст на lookfantastic.
Јас нарачав преку децием пред 10 тина дена,имав нешто над 25 евра, фри шипинг е над 25 евра,а кај се плаќа царина,јас мислев ќе ми ги донесат на адреса ,ме збунивте сеа,првпат од таму нарачав
Toa со царинењето оди... како ќе ти се погоди. Од исто место пратки ми царинеле на точно 40 евра, а поскапи поминувале така на среќа (посебно за време на изборни кампањи, сериозна сум Тогаш очигледно не работат.) Да, никогаш не ми задоцниле од предвидениот рок за достава. Нарачувам во посебни пратки зашто секако е без трошок за достава, па не ми се скапи пратките и не ме царинат.
Им нема логика тоа навистина. Не ми е јасно како цела вреќа книги пројде - нарачката не ми надминуваше 50е ама цел пакет беше, зар не им станало сомнително зошто толку тежи? А патем не прошло мало кутивче со 3 Ординери продукти нарачани од Децием. Од друга страна, не знам ни дали воопшто имаат лимит на која сума ќе царинат зашто еве, две АБХ палети нарачав поодамна од Бјутибеј кои чинеа неполни 5 илјади, па немав проблем. Изгледа шестар-принцип применуваат и они , стварно не знам што се случува ама се откажав од намерата да чепкам по Децием баш од оваа случка неодамна. Што ќе ги частам нив, ќе си направам пакетче од Лукфантастик. Барем знам дека нема да има испади да се нервирам.
Јас, прва пратка со печат од царинска управа шо ми има стасано. Чиста случајност беше само 16е нарачката, инаку ќе го папав со царина и со ддв. Патем, од Велика Британија ги пуштаат на Децием за Мк. Поштарината е некои 3-4 долари мислам (нешто како каргото у Мк) па мене ми се исплатеше секако - можеш да си направиш 3-4 помали нарачки. Денеска пратив пакет-подарок за другарка од lookfantastic и ги имаше сите продукти, за нијанса поскапи, ама шипингот е бесплатен. Во принцип, исти К, различно паковање. Или помала пратка од Децием или поголема од Лукфантастиц. Едит - кој го интересира за царинење, бујрум овде, официјално како треба да биде. Реалноста е дека е томбола, на кој како ќе му се падне... јас у принцип нарачувам помалку од 30е се'... ако е повеќе, цепкам на делови и плаќам поштарина пошто не сакам да им платам нишЧо. Буууу! http://www.customs.gov.mk/index.php/mk/patnici/mali-pratki-mk/224-carinarenje-na-postenski-pratki
@sorbet може ќе ти прегледаат низ прсти немаш некоја голема сума, а и само ддв или само данок се плаќа под 45е. Провери баш на линков што го оставив горе
Јас вчера од lookfantastic ги порачав ниамицидот и гликолниот тоник.Сакав и серумот од салицилна киселина да го пробам ама не го најдов на тој сајт, само маската.Мислам дека два производи прво за проба доста се.Ај препорачајте ми уште кој производ да го порачам и вметнам во оваа рутина за мрсна кожа склона кон акни?
За почеток таман ти е, после и сама ќе си видиш што ти фали па ќе си докупиш уште нешто. Можеби алфа арбутин, хијалурон со Б5, оној natural moisturizing factors+ HA кремот, маслото од роза...има фини работи за хидратација, не мораш многу киселини (не ти ни требаат скроз на почеток), сосем доволна е и гликолната.
Нарачав хемиски пилинг. Не е препорачливо да си играш сам, ако си лаик, ама решив да ризикувам од очај за поубава кожа. Секако, планирам да направам тест прво. Ќе пишам импресии.
Ова добро ли е за хидратација и дали може да го комбинирам со ниамицидот и глоколната киселина?Или сепак хијалуронска +б5 да порачам?
Хијалуронската обична или Marine Hyaluronics ти се добар избор за хидратација. И крема некоја хидратантна ако немаш пробај ја NMF, евтина е а одлична. Пробај да ја хидратираш кожата повеќе, најчестатат грешка е што мислиме дека имаме масна а всушност имаме дехидрирана кожа.
Поминаа две недели откако нарачав од странава на Deciem и уште ми немаат пристигнато продуктите. Има ли некој друг исто чекано волку или да им пишам мејл?
И јас порачав пред една недела, а вчера ми пратија мејл дека порачката ми е испратена. Прочитај на страната за колку време треба да стигне порачката и ако чекаш скоро толку, пиши им на customer service.
Мене во понеделникот ми го пратија мејлот дека е испратена, но од тогаш на страната за tracking статусот се нема променето, односно стои дека тренутно е во Белгија нарачкава. Дали tracking-от ми е лимитиран дека стандарден е shipping-от или се углави нарачкава не знам. Прашувам затоа што имав прочитано некаде низ темава дека од Deciem нарачкиве и за побрзо време стигнувале.
Ваљда ќе стигне за една недела чим ја пуштиле во понеделникот, порачките ги праќаат од Велика Британија (исто како Бјути Беј) и отприлика требаат две до три недели за да стигнат. No worries, ќе ти стигне пакетот.
Ја имам пробано многу производи на ординари, дефинитивно најзадоволна сум од Retinol 1% in Squalane. Првин почнав со 0,2%, следно го земав 0,5% и сега моментално сум на 1%. - го земав второто шишенце пред 2 недели. Навикната ми е кожата сега, немам никаква иритација и го користам секоја вечер. Наутро користам наизменично Buffet i EUK134, супер ми се за хидратација. Инаку имам комбинирана кожа, со мрсна Т зона, и изразени пори, сум пробала многу производи и само со овој режим имам приметено значително подобрување на текстурата дури и порите сега ми се значително намалени. Ги порачувам директно од страната на Deciem бидејќи побргу ми стигаат.