1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.096
    Пол:
    Женски
    Прв пат сакав да порачам производи директно од сајтот на DECIEM, но никако не може. Проверувавме да не е нешто до лимитот на картичката, но апсолутно се' е во ред, не знам што е работата.
    Потоа се префрлив на lookfantastic, но ги нема сите производи. Не можев да го најдам Hylamide Booster Pore Flush.
    Од каде се исплаќа повеќе да порачам: beautybay или lookfantastic?
    Шипинг на првава колку е и на која од овие стигнуваат побрзо?
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    И на двете е мислам бесплатно над 25 долари. Бјутбеј стасуваат побрзо ама нема секогаш се' таму. На Лукфантастик има, ама некогаш и по 3-4 недели идат.

    Пази од Децием да не ти биде нарачката над 22е да не те царинат. Види муабет од претходна страна. :)

    Не ти треба бустер пор-от, нарачај Ниацинамид наместо тоа. Мислам дека на Хијаламид само од Децием можеш да ги земеш.

    Според мене, само со добра хидратација ќе ти се повлечат порите. И со Ниацинамид. :D
     
    На Anabelle.Amorette и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.027
    Допаѓања:
    40.193
    Нарачај од лукфантастик, шипинг нема
     
    На Minci13 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  4. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Конечно ми стигна нарачкава од Deciem после 3 недели, без царина. :rock:
    Досега читав на странава што како да ги комбинирам продуктиве, па може уште од вечер да почнам со некои. Инаку за почеток нарачав гликолна, хијалуронска, ниацинамидот и АХА&БХА од кои последниве планирам барем после 2 недели да ги вметнам.

    Имам само едно прашање можеби и глупо ќе биде за оние што се поупатени во продуктиве. :$
    Дали користите во една рутина (денска или ноќна сеедно) повеќе од два серуми?
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Многу јаки киселини си зела, лагано со сите. :) И обавезно СПФ.

    Да не ме сфаќаш погрешно, мојата прва нарачка беше иста како твојата :D ама верувај дека со тек на време ќе увидиш дека се навистина многу јаки, така да, претпазливо. Една по една, црвениот пилинг здравје за некој месец откако ќе се уходаш со гликолната. (јас така направив)

    Да ти одговорам, можеш повеќе од два серуми (највеќе до три, според Децием) но јас подобар ефект гледам од употреба на еден серум. Пример, наутро само хидрирам, навечер ставам или киселина или алфа арбутин или ниацинамид. Некогаш може и денски да ставам ниацинамид, зависи од денот. :)

    Слушај си ја и следи си ја кожата, хидрирај, СПФ и нема да изостане добриот резултат. :)
     
    На martye и Sanniii им се допаѓа ова.
  6. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    8.117
    Пол:
    Женски
    После гликолната киселина можеш слободно да ставиш хијалуронска. Дури и се препорачува затоа што киселините можат да ја исушат кожата па и треба добра хидратација, а хијалуронот е баш тоа. Хидрира длабински.
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.291
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    СПФ-от немам гајле, наназад веќе две години ми е во рутина најмногу заради што имам кожа осетлива на сонце. Меѓутоа се` друго ми е онака баш ново и гледам претпазлива да бидам затоа што и најдобрата крема што на сите им одговара на пример мене ме исфрла. :|

    Ќе ја вметнам гликолната во вечерна рутина, со употреба преку два-три дена. По неа ниацинамидот и на крај кремата што си ја користам секојдневно. Хијалуронската ќе ја вметнам наутро, за да не биде навечер се` едно по друго, па ќе видиме како ќе одговара на кожава моја.

    Фала ви на одговорите. :*
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас така правев ама последно прочитав, после гликолната, т.е. после киселините, само крем и масло за најголема ефикасност. Инаку се неутрализираат со др состојки врз нив. Дури некои викаат само масло, мене ми е така пресуво.

    Дефинитивно има поголема разлика вака, одма приметив и јас.

    Да не речеш ти се тупивме во темава, чисто онака и за др пишав да стои. :D

    Гуд лак :)
     
    На Sanniii му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Некоја што има сува кожа и го корисѕи производиве, да ми каже која комбинација е најдобра. Сакам да си порачам, а притоа да не погрешам.


    Фала многу
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Немаш утка со млечната киселина, хијалуронските и со масленцата.

    Ако немаш проблем со лицето, прескокни ги киселините и земи си хијалуронска и сквалан, или некое друо од маслата, за да ти се хидрира и освежи лицето, баш онака plump изглед ќе добиеш.

    Едит - и само со млака накај ладна вода лице миење. :) Јас дека се пресушував со вруќа вода :D
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MiAmor

    MiAmor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    2.570
    Пол:
    Женски
    Дали некој користи алфа арбутин и азелаинската киселина? Ми треба за флеки од акни,кој серум да го нарачам? Мислам имаше и алфа арбутин со вит.ц
     
  12. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Азелаичната е како крем формулиран со силикон, мене лично не ми се допаѓа за наслојување.
    Арбутинот со Ц од друга страна е како серум со пипета, плус се две состојки за избелување флеки. Полесно за наслојување, ако намачкаш крем врз серумот нема да ти дојде пренатрупано.
    Индивидуално е каква формула сакаш, имаат ефект и двете.
     
    На MiAmor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. JovanovskaS

    JovanovskaS Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Може да ми кажеш кај кој дерматолог одиш?
     
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас ги имам, мене топ ми се.

    Алфа арбутинот ми е 10 од 10, и мене и на другарки околу мене, нема утка. А азелаинската многу убаво ме тонира ама и ме суши, за неа 7 од 10. :)

    Витамин Ц ми е онака, ок ама ништо посебно. Фино е за сјај, особено пред шминка. Ако ставаш.

    Јас како дежурна на темава, ај сама ќе си одам (facepalm)
     
    На MiAmor му/ѝ се допаѓа ова.
  15. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Мене ме интересира дали ја имаш таа natural moisturizing factors пробано, и ако можеш нешто повеќе за хијалуронската што ја имаше во другата тема за креми за лице спомнато да ми кажеш?
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ја немам, другарка ја има и не ја бендиса некако. Другарка ми има помрсна кожа и рече дека ја потело. Се мислев да ја нарачам оти @Mishela ја фалеше, а мене секако ми здосади Виши, :D ама на крај ја зедов Хада Лабо и сега нема да ја сменам.

    Имам пробано од две хијалуронски, алфа арбутин + ХА и ХА + Б5 (еднаш од кај мајка ми земав) и двете се одлични. Како водичка да ти се напило лицето. Сега и јас си ја нарачав ХА + Б5.

    У принцип, се ставаат на влажно лице, се „затвораат“ со крема, ставаш и масло ако има потреба над тоа. Во комбинација со добар тоник, ненормално добра свежина даваат на лицето. Сите пори ми се измазнија од тоа и од ниацинамидот.

    Алфа арбутинот е добар за белеење лузни од акни, флеки и пигментација.

    Шо друго те интересира, пиши, ќе споделам искуство.

    Ако добро памтам, и ти имаше со милиа околу очи мака. Е тие уште ми стојат и веќе изгубив надеж дека некогаш ќе ги немам. :D
     
    На x.Daisy.x, ludamaja10 и Mishela им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Мене многу ми се погоди NMF+HA. Кога му го пишувам имево со кратенки имам чувство ко да пишувам хемиска равенка. :D
    Многу добро кремче. Преку лето доволно ми беше самостојно нанесен, сега го мешам со неколку капки масло од роза.
    Феноменален и како подлога за пудра. Најчесто така и го користам, подобар е од прајмер не ми се лизга пудрата од лице како кога ставам прајмер.
    Го ставам навечер, откако ќе завршам со серумите, помешан со масло. Ниту ме поти, ниту ми ја замастува кожата. Како за моево лице да е измислен, до толку ми е убав.
    Си ја нарачав пред некое време големата туба од 100мл, сега раат сум.
    Сабајле ставам само тоник, Niacinamide, Хада Лабо кремата и крема со зф, а навечер тоник, млечна к-на, HA+B5 и NMF со масло.
    Некогаш наутро вметнувам витамин Ц, некогаш не (и задолжително фактор 50ка на крај), како ми дојде. Го имам тој што е како крема во туба и не е лош, ми се свиѓа, ама ме нервира тоа што малку е како текстуриран па да го потрошам ќе пробам некој друг.
    Битно кремов NMF+HA ми е нешто најомилено од TO после млечната киселина. :inlove:
     
    На sleepingbeauty, MissDior, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  18. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Д-р Анета, во Битола
     
    На JovanovskaS му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    "Никој не ме вика ама сам доаѓам":lol: NMF+Ha е одлична крема за парите, реално 100мл испаѓа околу 400денари. За пролет лето е екстра, за зима си бара повеќе хидратација, како @Mishela и јас ја мешав ама со 100% скваланот.
    Супер е за под шминка, не ми мрда пудрата, брзо се впива само има "трик" за нанесување, да се размачка/загрее на дланката.
    Иако и јас претпочитам гелести креми, оваа четири пати ја нарачував, а ми трае богами со месеци и месеци.

    Си нарачавте нешто ново од намалението? Јас му се мислам на Витамин Ц правот ама со што би го мешала:^)
     
    На x.Daisy.x и Mishela им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Така, меѓу прсти да се размачка за да се загрее и втриваш во лице. Не знам, поубав хидратантен крем не сум нашла за мојава кожа. Лицето наутро ми е како свилено, со таков радиант глоу. Не памтам кога последно сум се разбудила со мрсно лице и нос полн со црнки, има огромна разлика од пред една година - толку бидна откако ги вметнав продуктиве од ТО, дури не ми се верува. :)

    И јас го гледав правот, ама многу ме нервира тоа што ќе морам да се шлакам да го мешам па нема ни да го земам. Можеби со маслото од марула или тоа од роза? Нагаѓам само, немам читано со што и како може да се меша.
    Каков витамин Ц користиш ти? Убав е тој што го имам јас (Vitamin C suspension 23% + HA Spheres 2%), ама на допир ептен ја осеќам текстурата и почна да ме нервира. А за ефект, има и тоа како.
    Не знам дали некој течен серум повеќе ќе ми се допадне, полесно ми е да редам слоеви со серуми него ли со креми.
     
    На x.Daisy.x и Noemi им се допаѓа ова.