@Mishela го користев Ascorbyl Glucoside Solution 12% ама едно пакување и го потрошив и сакам да пробам друг побрзо впивлив можеби и поголема концентрација. Засите што се двоумат: Пред речиси три години, си имав направено before слики. Не можам да си го препознаам лицето, текстура, белези, пигментација, линии од дехидрираност. Првпат почнав да искачам без пудра набрзина до град после 7/8месеци од користење на Glycolic tonic, Salicylic Acid, Niacinamide, Squalane и NMF+Ha Крема. Потоа купив и AHA+Bha пилинг, Marine Hyaluronics, Rosehip Oil. По година ипол воведов Lactic Acid во замена за сите други киселини, Buffet серум за хидратација, пилингот и Hemi Squalane. Моментално лицето ми е без никакви проблеми, па користам само масло од сквалан, буфет и пилингот. Сега се шминкам од задоволство, а не од страв дека некој ќе ме гледа во црвените точки и црни белези. Пресреќна што ги открив (заедно со корејската козметика).
Јас конечно решив да си порачам да го искористам попустот од црниов петок Се решив за следниве продукти: -Glycolic Acid 7% Tonic -Niacinamide 10%+Zinc -NMF+HA -AHA30+ BHA2 -salicylic Acid 2% Пред да кликнам нарачај би ве замолила тие што сте поупатени да ми кажете дали изборов ми е океј. Имам комбинирана кожа, со црвенило, нерамен тен, зголемени пори, црнки на т-зона, масна т-зона и ептен сув остаток од лицето, посебно сега во зима, ми треба многу добра хидратација. Општо си го осеќам лицево уморно, без свежина, сјај, со многу неправилности. Досега не се грижев многу, ставав крема и го миев и тоа е тоа, ама редно време е да сменам. Знам дека киселината АХА е јака и нема да ја користам засега, само дека е на попуст. И така не знам дали ќе го направам вистинскиот избор
Наместо салицилна, земи хијалуронска или алфа арбутин, а наместо гликолниот тоник за почеток можеш најслабата млечна киселина. Другото е океј, не ти требаат 3 јаки киселини од старт, поготово не штом имаш и суви делови од лицето.
Значи хијалуронската киселина на влажно лице ја ставаш. Ја после миење сушам со крпа и тогаш се мачкам, на сто начина пробав и мешав со други производи, и сепак после еден час отприлика се напраи као слој и ми се лупи. Се осеќав како некој изрод викам само на мене не ми одговара а сите се фалат од него. Цело шишенче веќе 6 месеци ми стои, баш сабајле ќе пробам на влажно лице.
На влажно лице + крема одозгора. И масленце ако ставиш, идеално ќе биде. Ставај помалку ако ти се лупи лицето, 1-2 капки се доволни. Пробај уште вечер, подобро е навечер сите овие работи да ги ставаш. Јас у принцип насабајле само мијам, тонирам, хидрирам со крема и ставам СПФ, толку.
Значи чим е алфа арбутинот добар за флеки може тоа да ми е подобра опција за мене. И пегички имам некаде. читав за милиата да земеш на стапче за уши да ставиш пример гликолна, и директно врз него да триеш, ама ептен ми се под очи па го немам правено тоа. Која млечна ја користиш? Јас сега користам на себамед една крема али сега не ми нуди доволно хидратација. Затоа се мислам за нмф. Fleurance нешто не ми правеше мерак кога ја купив. Аааааа чекајте малце луѓенца сега се испобунив. Ќе ми треба малце време да прочитам за сите по нешто, не знам за што да се решам. Јас сакам нешто за хидратација на мојата очигледно дехидрирана кожа. Имам читано за скаваланот дека е добар и не создава акни. И сега ме замисливте, дали да го земам него или хијалуронската. Користам гликолна и салицилна. Имам акни во форма на затворени комедони. Значи не се гледаат вака од далеку, ама од блиску ми има лицето текстура на ситни мали топчиња. Богами, баш равенки ко да решаваш со производиве.
Послабата ја имам од 5%, супер ми е. Ако Fleurance не ти била доволно хидратантна тогаш секако планирај си масло или некој од серумите за да додаваш и да ја мешаш кремата со него. Инаку и таа можеби ќе ти биде слаба така самостојно нанесена. За во лето проаѓа, ама сега кога воздухот е посув и не баш. За другиве работи ќе си видиш сама, види да го решиш проблемот со дехидрираноста па одбери си некои такви серуми. Но, за почеток внимавај си со киселините, не мора да земеш и млечна штом веќе користиш и салицилна и гликолна, тоа е ептен многу, можеби затоа имаш чувство дека лицето ти е дехидрирано. Јас го потрошив гликолниот тоник и сега користам само млечна к-на. Салицилната ми беше безвеза, неа ја користам кога ми се јавува некогаш некоја поткожна акна за да ја спречам да стане тролче. За тоа помага, за друго не ми беше нешто посебно.
@x.Daisy.x Да збунувачки е додека да влезеш во шемата на читање милион блогови Најпрвин избери нешто нежно за отстранување шминка најдобро на маслена основа. После нешто нежно за миење лице, најдобро со ph 5. Ова е double cleansing и е основата за понатамошно наслојување на производи. Најчесто ова помага за малите топчиња и текстурата на лицето. Потоа за ексфолијација нежна киселина-бирај една од следниве за почеток, Lactic Acid 5% е најнежна, па Glycolic Toner, па Lactic Acid 10%. Тука негде е и салицилната. После навлажнувач. Hyaluronic Acid, Buffet или Marine Hyaluronics. Ако сметаш дека имаш дехидрирана кожа ова ти е задолжително. Па масло. Маслото од шипка (Rose hil oil) е одлично за флеки и кожа склона кон акни. Squalane e исто некомедогено и полесно масло. На крај, крема за лице по избор. Не нарачувај агресивни и многу производи наеднаш. Пробај со два па после менувај, читај, прилагодувај. И дај си 4 месеци за реални резултати. Побарај ја Gothamista на youtube има многу едукативни видеа.
Ги имам веќе долго овие. Ми помага за црнки салицилната. Не ги користам многу често, 1-2 пати неделно. Што маслено би препорачала за чистење? Сега гледам има некој кленсер со сквалан. Jа имам Lactic 5%, меѓутоа за да не ми дојде многу со Гликолната ја немам користено до сега. Ми стои така. Може треба да сменам некое време оваа да ја користам. Хмм, ме буни сега ова, Lactic acid + HA е ова, значи има во него и хијалуронска?Не знам дали е тоа доволно или да земам и хијалуронска + Б5.
@x.Daisy.x не не е доволно тоа количество, земи си некој серум плус. За отстранување шминка, слободно можеш да користиш масло кое ти одговара, масло од сквалан, маслиново, маслениот отстранувач на Lush- Ultrabland, и ако ти се бара повеќе има корејски балзами на yesstyle некои и на beautybay. Сквалан чистачот на ординери читав во многу критики дека не ја "раствара" шминката во целост, па не го нарачав. Иако комедогено кај многумина, кокосовото масло им е океј на некои (вклучувајќи ме и мене). Најверојатно затоа што го измивам веднаш потоа.
Jas koristam maslo od jojoba za topenje na sminka,niska komedogenost i za mojata mrsna problematicna koza e super. Go imas vo biocosmos okolu 300 denari
Јас конечно да дојдам и да пишам овде. Си земав од Германија Салицилната и млечната киселина на The Ordinary уште летото и сум премногу задоволна. Салицилната киселина ми требаше малце време да ја научам што како точно да ја користам бидејќи ако премногу го размачкуваш не дава многу ефект, па за некои акни и не ми работеше воопшто, но за тие хормоналните одма како да ги стопира да не се развијат. Млечната киселина ја користам последниов месец само еднаш неделно главно дека друг ден во неделата користам и зелена глинена маска и тоа е свој вид на ексфолијација, а пред тоа заборавав па поминував недела две без пилинг да правам. Во план ми се да си земам Хијалауронската киселина и Caffeine solution, можеби и да го пробам нивнот масло од шипка.
Никој попуст не пуштил, ни лукфантастик, ни бјути беј... Страната на децием блекаут има. Нарача ли некој нешто?
Па Децием го „бојкотира“ Блек Фрајдеј, на некој начин, борба против консумеризам, јада јада... затоа никаде ништо нема. Нели, shop slowly. До 30-ти искористете си да си нарачате ако сакате со попустче, цел месец трае веќе.
Да, да го видов тоа. Сакав да споредам цени. Ма да мислам од кај и да нарачам исто ќе ми се фати на крај.
Јас нарачав, витамин Ц во прав, чистачот за лице со сквалан, марин хијалуроникс и ниацинамидот. Првите две не ми се пробани, па искористив попуст. Поефтино е помалку болно ако не ти се погоди Директно од Децием сајтот, најбрзо стигаат а и на ниедно друго место не ги намалија. Иако сум против конзумеризмот, криво ми е што немаше зделки како минатите две години, Niod ствари за по 10евра.
Го послушав твојот совет и пробав уште истата вечер, почекав некој ден па да споделам импресии. Не ми се верува дека толку не ми падна на памет да пробам на влажно лице, а сите ревјус на нивната страна ги прочитав. Ефектот ми е прекрасен, не верувам дека у живот сум имала по хидрирана кожа. Дефинитивно го внесувам у вечерна рутина, прво хијалуронската на влажно лице после маслото од шипка. Сабајле коа станам ептен ми е свежо лицето и сега ќе си порачам уште едно шишенце. Фала уште еднаш.
Ти пиши тука, тука е екипата. Баш ми е мило, нема поубаво од ХА, хепи мачкање! Кога сум веќе тука, магнезиумот го има некој земано? И го препорачале на една пријателка, а не знам некој што го користел.