Јас го немам пробано, но го имам читано во "продукти од The Ordinary што треба да се избегнуваат". Конкретно составот нешто не бил како што треба и ја правел проблематичната кожа помрсна од што и вообичаено е. Зборувам за Magnesium Ascorbyl Phosphate 10%, мислам и нема друг. Уз пат сакам да споделам слика од една јутуберка што веќе 28 години користи RetinA. Женава моментално има 61 година, а погледнете ја.
@Sanniii кој производ поточно го користела жената, може слика да споделиш? Кој е најдобар и нај ефикасен Retinoid(Retinol) производ на The Ordinary? Водич за сите производи на Тhe Ordinary: https://theordinary.com/regimenguide
Според видеата што ги гледав кај нејзе користи продукт во форма на крема. За овој конкретно станува збор, но и самата кажува дека пред да се користи во окулуочно подрачје треба да се консултира прво со лекар. Ако добро имам разберено RetinA е синтетичка форма на витамин А, а Retinol е природната, што значи дека овие од The Ordinary дури би биле и подобра опција од кремава погоре. Од тоа што имам читано Granactive Retinoid 2% Emulsion е најдобрa опција, само јас со моиве 22 години уште сум во дилема за користење вакво нешто.
Ретиноидите не се заебанција и се за луѓе што веќе имаат искуство со сериозна грижа на кожата. RetinA е бренд на ретиноид. Ретиноид, третиноин и гранактив ретиноид се ексфолијанти, помагаат во побрз turnover на клетките обновување на кожа оштетена од акни и спречување на брчки. АМА! На девојки кои немаат пеобано поконвенционални методи не им треба ретиноид!!! Линиите кои ги забележуваме на лицето од 20-30години се најчесто од дехидрираност на кожата. Затоа првин поставете добра рутина, бидете МНОГУ нежни со лицето (затоа што ќе ви врати за некоја година) пијте вода и внесувајте свежа храна наспроти брза запакувана. На темата производи од The Ordinary, ако се решите за ретиноид на 25+, Granactive Retinoid Emulsion 2%, е нежна почетничка формула. Ретиноидот се нанесува две не последователни ноќи неделно првите три недели. Ако покажете добра толеранција, зжсе зголемува на преку една ноќ неделно. Не се користи никаква киселина никаков пилинг дополнително. Се нанесува само навечер пред кремата, а после водните серуми. Лицето може да реагира сериозно. Сушење, лупење, црвенило, преосетливост со точка да не можете да го допрете. СПФ 50 е задолжителен и за до продавница. Не се подведувајте по слики, некој има добри гени, некој и со лифтинзи не може да скрие стареење.
И јас мислам нема потреба за брзање со ретиноли. А и општо, со производиве... добивам многу пораки, жити мене, полека. Со помалку продукти има поголем ефект. Ќе се испогорите по лице, навистина се многу јаки - Ноеми, само се надоврзав на постот, ништо лично. Обуздајте узбуџења. Со правилна хидратација и СПФ како превенција се решаваат добри 90% од проблемите, бар за тие под 35 години.
@Doozy ама 70% од луѓето околу мене и на форумов не сакаат да се дисциплинираат со рутина од 4 чекори за да видат ефект, па ќе прочитаат за ретиноиди и ајде тоа е тоа што ќе не спаси. Хидратација, нежни средства за чистење и хемиски пилинг наместо физички прават чуда!
Женски задоволни сте од тоа Ниацинамид? Да го порачам? да не ми се деси нешто лошо со лицето пробал некој?
Јас долго време ги користев киселиниве (9+ месеци) + Pixi glow тоникот (воведов и салицилна киселина пред крајот, од нејзе секако дека би имало ефект, но треба да се користи дооолг временски период) и освен мазно лице, ништо друго не добив. А немам многу проблематична и мрсна кожа. Па морав да почнам со користење на Адапален (Differin). Од кој дефинитивно се приметува разлика после месец дена користење, иако се' уште минувам низ purging период. Поради фактот што лицево ми е навикнато на поагресивни продукти, немав апсолутно никаква иритација, лупење итн. Освен минорно чешање, кое исто така го имав додека кожата ми се навикнуваше на АHА маската. На тоа се должи правилниот начин на нанесување и соодветната хидратација. Иако адапаленов е светлосни години понежен од РетинА, на пример. Но во споредба со ретиноилите од TO, е далеку поагресивен, затоа што е во активна форма. Така да...
@cooll Токму тоа ми е поентата на постот. Ти имаш пробано некаквa на рутина, немаш добиено посакувани резултати ама имаш изградено некаква толеранција. Не си скокнала на Differin директнo. Јас со Granactive Retinoid Emulsion немав никаква реакција ама го вклучив после година ипол други actives.
Да, иако сега ми е криво за фрлените стотици евра на другиве продукти. Но секако ќе продолжам да ги користам после диферинов, посебно салицилната киселина.
Ретиноидите не се воопшто страшни, ако се практикуваат правилно, значи послаба концентрација за почеток и постепено еднаш неделно, па два пати...Се додека кожата не се навикне. Инаку се едни од најдобрите борци против брчки. А мислам дека е сосема соодветно да почнат да се користат околу 30та година. +27,8. После нивна употреба треба доообро да се хидрира кожата затоа што ја исушуваат. И никако не се мешаат со киселини, освен со хијалуронската и амино киселините. Дури и препорачливо е да се користат после ретиноидот зошто се баш за хидратација. Го користам granative retinoid in squalane 2%. Имам сува кожа и освен малку носот што ми се суши други несакани дејства немам. За позитивни ефекти ке видиме натаму. Нема козметички производ што ке ги избрише брчките, за тоа само ботокс. Ама за ублажување на постоечките и успорување на појавување нови или нивно намалување може да помогнат.
Ако сум офтопик, Мишела те молам префрли. Сепак мислам дека може да спомнеме НИОД тука? Почнав да ги употребувам овие две: Плус мијам со чистач што има неколку киселини во него (не ни знаев, а го користам три години), прскам тонер од рози, и измеѓу овие два производи погоре ставам Survival 0 на НИОД, но не секој ден. Плус фактор за на сонце. Од копер амино серумот и "вакцината" има реални резултати. Ги користам само една недела, а треба повеќе (посебно за серумот). Првите денови лицето ми ги пиеше од што беше дехидрирано, а сега нанесувам четврт од дозерчето на серумот и доволно е. Лицето е мнооогу посвежо и лузните (од акни и херпеси) почнаа да избледнуваат. Вакцината не е класичен moisturizer, туку е баш ко вакцина, ја поттикнува кожата сама да се хидрира. Кога ќе нанесеш изгледа ко да имаш пудра во прав, а после неколку часа гледаш ефект. Супер е и таа. Срвајвал 0 не ми е омилен производ. Антиоксиданс е и веројатно прави нешто, но нема никаков видлив резултат. Не ни треба да се очекува, зашто пред се' е за заштита од загадување. Нареден пат ќе нарачам Срвајвал 30, повеќе логика ми има. E сега, од Ординери планирам да внесам масло (Марула ми фати око). Пребарав во темава, нема споделено искуство баш за тоа. Ако некој употребувал нека каже. Киселини, мислев да нарачам од крвавиот пилинг ама се премислив. Чувствителна кожа имам па не би ризикувала. За Лактик 5% се' уште се двоумам. Бидејќи ми е страв од директни киселини, го гледав ова на НИОД - нон-ацид ацид. Ама мислам дека доволно пари потрошив засега. Можеби за некој месец. А ако некој се мислел за копер амино серумот, препорачувам. Единствена негативна работа е што е малечка амбалажа, а цената не е баш ниска. Ако го видите на попуст не пропуштајте.
Zdravo. Imam 30 godini. Imam kombinirana koza sklona kon akni. I pegi.. Sto bi mi preporacale da koristam od ovie proizvodi. Kako da gi koristam... I kako da gi naracam. Fala
Дали оваа крема за лице може да се користи така без тие капки, серуми? Како дневна нега за комбинирана кожа?
здраво, дали некој има нарачано од алиекспрес, гледам дека истиве производи ги има и таму и има многу позитивни коментари