Gi poracav od Deciem oficialnata strana: Niacinamide 10% + Zinc 1%, NMF + HA, AHA 30% + BHA 2%, Glycolic Acid 7% Toning i Lactic Acid 5% + HA 2%. Se nadevam ke bidam zadovolna od The Ordinary produktite seuste ne sum gi probala i ke ve izvestam za kolku vreme ke stignat, ddv, carina i sl.
Здраво феминки! Фала за сите информации на темава! Еве една и од мене: само што ги добив производите од Ordinary, ги нарачав преку Diecem, беа во вредност од околу 50 € а ми наплатија царина 20 €☹ Има ли начин да се избегне царинава???
Има. Не нарачуваш пратка од 50€. Минимум стопати е пишано и го има на еден клик. И од Deciem од било која страници кога нарачуваш. Доколку вредноста на стоката е од 22 до 45 евра, истата е ослободена од плаќање царински давачки, но подлежи на плаќање на ДДВ. Стока чија вредност надминува вредност од 45 ЕВРА подлежи на плаќање и на увозни давачки и на ДДВ.
Пред некој ден ми стигна нарачката од Deciem на попустот во ноември што ја нарачав. до сега користам Glycolic acid, salicylic acid, vitamin c, niacinamid, нормално не во исто време. Планирам салицилната и гликолната да ги паузирам малку да не ми дојдат многу киселини. Ја нарачав Аha Bha за малку подлабински пилинг и освежување на лицето, додека е зимава и нема многу сонце. Прв пат ќе користам хијалуронска па ќе пишам мислење. Поштарот ми се јави на телефон за пратката и не надмина 22е, па не платив ништо плус.
Salicylic acid 2% го реформулираат веќе со месеци без знак дека набрзо ќе се врати во продажба, а моето шишенце е веќе при крај. Имате предлози за продукти кои би биле добра замена? Знам дека од Revolution имаат копија, ама според коментарите мириса на ефтин парфем, што мразам кај било кој козметички продукт.
Девојки има една страна на инстаграм врши достава низ цела македонија продукти од ординари. Серумот аха бха го продаваат за 1000мкд. Дали мислите дека се сигурни и дали се исплати за луѓе што не преферираат онлајн шопинг(мислам за директно од страната)?
Не ти се исплати ич, од причина што стварно на интернет е дупло и повеќе поефтин. Сигурно другарка/колешка/ братучеда нарачува преку Интернет. Замоли некој да ти нарача. Баш имаше фрки за ова пред некој ден. Го рекламираат како серум, а далеку од серум е. Па, као грешка направиле.
Дури и да го нарачаш само него и да платиш шипинг по моменталниот курс ќе те чини: пилингот 432 денари и шипингот 289 денари =721денар. Не наседнувајте на измислени продавници како @originalmakeupmk на инстаграм. Како прво продаваат со огромна натценка, на црно и немате гаранција дека тоа е оригиналниот производ, а не нарачан од Алиекспрес. Не си играјте со skin care, не е блуза ако мириса да ја испереш пред облекување. Ги прозвав ми ги избришаа коментарите.
Сакам да се надоврзам на @Noemi, во врска со инстаграм профилот што ги препродава производите од The ordinary. Прво многу ме изреволтира описот на производите(слика подолу). И сум преминала преку сите профили кои продаваат "оригинална" шминка, шампони и сл(секако оние брендови кои најчесто не ни се достапни во Мк), но ова навистина ја преминува границата(не дека напоменативе производи се безбедни). Ама од друга страна нели и сами треба да си бидеме претпазливи што користиме нели?! Некои производи од брендот The ordinary конкретно не се мешаат, се нанесуваат 1 неделно, се нанесуваат само навечер или се соодветни само за зрела кожа. И сега размислувам покрај популарноста на брендот и ниската цена колку млади девојки/тинејџерки кои имаат проблематична кожа и бараат чаре би ги порачале производите конкретно од странава, без никакво познавање и ослонувајќи се само на описот под сликата на профилот?! На оваа возраст 90% од девојките бараат quick fix што не е реално и сите сме поминале низ оваа фаза, само лошото е што некој ќе остане со последици. И да се оригинални производите зошто не земат фино лепо лиценца, па да си ги увезат, се легално, сите среќни задоволни. Имам проблем со гледањето на сопствениот интерес, правење брзи пари ко демек откриле топла вода и сега во најкраток можен рок, без никакво познавање(очигледно), не само за брендот туку и воопшто skin care да се испромовира и продаде, притоа не мислејќи на последиците од етичка и морална гледна точка. Да не зборам за цените кои се 3х пати повисоки од retail цените на страните, а btw na lookfantastic.com си има free shipping на сите порачки.
Дури и на црно преку инста да ги продаваа, за оние кои не се вешти со онлајн нарачките, ама со реална натценка а не вака безобразно. Цело време збориме дека Ординери се ефтини а они им бапнале цени NMF +Ha (реална цена 5.8€)од 30мл 1000ден Па и срцепарателен пост како некој сака да им го уништи новопочнатиот бизнис.
Ми промакна акаунтов, го видов пред вас ама си реков дека имам од кај да нарачам. И нели сега ве зачитав и ај да отворам и гледам палета на револушн про 1500 денари. Озбилно? Па јас овде ја видов за упола цена. Претерале.
Како си задоволна од кремата, јас користам секојдневно РОЦ со ретинол и не видов никаква разлика,ни црвенило ни иритација ни бенефит..
Ко секта сме сите со овие the ordinary еј. На твитер за ординари, на инстаграм сите по катциа ординери. Тука се палам ординери. Што ќе беше со брендов. Ги користам веќе година дена. Ги нарачав рандом, не се замарав многу со ревјуа, ме привлекоа три фати: естетика на амабалажа, ЦЕНА и дека одговараа за мрсна кожа. Кремата ми е супер, може не најдоброто нешто што сум го користела ама сосема солидна за цената. Најомилени ми се пилингот и серумот. Нај-утка производи ми се дефинитивно пудрите. Било која. Евтини се ама ни една не е трајна. Делине да ставев поише ќе траеше. Не сум нарачала ништо друго од сега ама се мислам после нова година да земам уште нешто, пред да ги испопуларизираат толку многу да станат прескапи.
Јас сум задоволна од ниацинамидот,хијалуронската киселина,ма да таа не ја препорачуваат за масна кожа, ама мене ми е океј,е сеа витаминот ц мислам дека ми го нафрла лицево со ситни бубулички и не ставам редовно од таа причина,го имам тој 12% вит.ц. Сакам да земам некоја киселина се мислам да почнам со lactic acid 5%, дали имате искуство со неа можно ли е да ми се нафрли лицето од неа,или mandelic acid,сакам и алфа арбутинот за флеки да го земам. Тоа сега за сега.