The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Имам комбинирана кожа, со црвенило и проширени пори, склона кон акни. (23години)
    Планирам да нарачам како за почеток Lactic acid 5% и Niacinamide. Сакав и салицилна за да ја комбинирам со ниацинамидот, ама е out if stock :doh:
    Моментално користам само пена за миење лице(розевата на Балеа), хидратанта крема, активен кислород, и масло од роза.
    Дали е ок? Некој совет плус? ^_^ @Doozy @Noemi @Mishela
     
    На Noemi и Doozy им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Земи си уште хидратантен тоник за лице, најобичен без алкохол и без киселини и би требало да ти биде супер за почеток.
    Препорака за таков тоник: можеш розовиот од Балеа, тој од истата линија како пената за лице. Јас го имам и одличен е навистина.
     
    На ludamaja10, Doozy и Smilly им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Се согласувам со Мишела, тоникот е еден од најбитните делови, баш ќе те препороди. :*

    Салицилната мислам им е бааги јакичка, ако немаш којзнае каков проблем со акни и црнки, јас би ја прескокнала. Можеби гликолната? Ама и со млечната нема да згрешиш. :)
     
    На x.Daisy.x, Smilly, ludamaja10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    9.983
    @Smilly
    Јас би гласала за тоник или хијалуронска киселина за навлажнување, верувај ништо не ги прекрива порите подобро од добро хидрирана кожа.
    Glycolic Acid тоникот за мене е подобар избор за ексфолиација од Lactic Acid за почеток.
    Може сум пристрасна пошто јас почнав со него и од него имав најдобар почетнички резултат.
    Јас сум досадна ама за порите и општ подобар баланс за комбинирана кожа пробај double cleansing со некое масло, имаме пишувано.
    Ниацинамидот е супер антиоксиданс и ќе ти помогне за побрзо минување на акнички и црвенило и подобра состојба на порите.
    Розевата пена исто е доста нежна, супер избор.
     
    На Smilly му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Фала ви девојки, ќе земам тоник обавезно.
    @Noemi Се мислев и јас за гликолната, ама ја нема на lookfantastic па одлучив да ја земам Lactic.
    Ќе видам како ќе ми одговараат овие препарати, па понатаму сакам и Aha+Bha да земам.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. VACA

    VACA Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ајде вие поискусните ако сакате да ми помогнете за совет- Имам 22 год- кожата ми е комбинирана, во последните неколку месеци приметив дека порите кај образите ми се малку проширени, немам акни, освен по некое мало брукче, но најчудно нешто ми е што тие мали брукчиња ми оставаат како бледо црвени дамки и им треба мноогу време да исчезнат Како да ми е забавено обновувањето на кожата. Баш чудно! Главно сакам тие дамки да ги решам и да ми се подобри текстурата на кожата на лицето. Имам сензитивно лице и затоа ми е страв да порачувам нешто без да се консултирам со некој, а сметам дека морам да користам нешто. Понекогаш ми е премногу сува кожата на челото и на образите што значи дехидрација.Ве молам ако некој знае бар малку да ме упати за почеток што да земам :(
     
  7. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.650
    Допаѓања:
    9.983
    Погледнете го видеово за Ниацинамидот, одлично е објаснето се.
    За оние кои се скарани со youtube и google :)
     
    На lovemme и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  8. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.356
    Пол:
    Женски
    За колку време стигаат производите од deciem.com?
     
  9. BojanaS1

    BojanaS1 Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2019
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    jas gi poracav na 14ti jan, vcera mi stigna deka e ispratena narackata a koga ke stigne...
     
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    @Doozy @Mishela

    Де напрајте ми мене еден режим, виша математика ми е иначе сама да правам.

    Кожичево мое е прилично суво, носот не ми е мрсен во смисла "да свети" но помрсен е од образиве. Пре би рекла нормална до комбинирана кожа имам, затоа што пак лишаи немам.

    Црнки на нос, не се трагични ама постојат.

    Јас повеќе сакам нешто да ме хидрира и бар малце да пробам да запеглам линии, оти следно ботокс ми е, многу ме нервираат.

    Моментално користам Алверде креми ноќна и дневна, тоник, масло, спреј. Од роза.


    Јас само една "желба" имам - производите да бидат КФ.
    Производи што не се КФ а веќе ми се holy grail ги купувам додека не најдам замена, но нови не КФ производи не користам.

    Благодарам :*
     
    На koritsaki и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    The Ordinary се cf. Јас би додала хијалуронска, слободно можеш да ја вметнеш неа, таман ти е. И Niacinamide.
    На пример наутро чистиш со тоник, ставаш Niacinamide на влажно лице, па крема.
    Навечер истото, само на местото на Niacinamide ќе ставаш хијалуронска и скроз на крај можеш масло.
    Со хујалуронската ќе видиш голема разлика. Пробај прво така, ако не, следен чекор млечна киселина. Таа е против први бори и супер е за твојот тип на кожа. Ај прво пробај со хијалуронската па ќе видиш. :)

    И крема со СПФ да си земеш, барем 30ка. Јас ја имам Каротен за осетлива кожа со фактор 50ка.
    Наутро ставала или не ставала некаква киселина претходната вечер, си мачкам крема со заштитен фактор.
     
    На duffi, Doozy и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Купувате крема иста што е како за на плажа? :)
    Сериозно прашувам.
    Иначе спф страшно на очи ми смета, не постои некое сензитив?

    Сега ако добро разбрав:
    Сабајле
    - мијам лице стандардно (менувам гелови/пени, немам омилена)
    - тоник Алверде
    - ниацинамид
    - крема дневна Алверде (сега зима, па помрсната на др. Хаушка ја користам)
    - спф последно ли?

    навечер
    - мијам лице, преку еден-два дена и пилинг
    - тоник
    - хијалурон
    - крема
    - масло


    а како би ги користела маските? Нон-стоп некоја користам, ама после тоникот ја ставам и веќе не ставам вечерта ништо друго.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Така, исто како што си ги напишала чекорите така ќе си нанесуваш на лице.

    Јас обично 1 неделно ставам хемиски пилинг, а после него не се ставаат киселини па правам вака: пилинг, sheet маска, спреј за лице, niacinamide, крема, масло.
    Слободно можеш ова да го применуваш за после кој било третман со маски.

    За кремата со заштитен фактор, да - исти креми какви што користиме во лето, ама наменети строго за лице. Не од истите креми со кои го мачкаме телото.
    Тие за лице не прават реакција на очите, има и варијанти баш за осетлива кожа. Јас ја имам Каротен сензитив, ама мислам дека не е cf. Можеби треба да видиш во аптека некоја од тие природните, или последна опција да разгледаш на нет и онлајн да си нарачаш.
    Битно, не го изоставај тој чекор со кремата со заштитен фактор. Таа секогаш оди на крај, откако наутро ќе нанесеш сè друго.
     
    На CameliaMiller и Doozy им се допаѓа ова.
  14. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    3.869
    Дали е неопходно да користам тоник во рутината? Јас вака го третирам лицето: навечер го чистам со Биодерма мицеларна и розевата крема од Балеа за чувствителна кожа, потоа нанесувам Пикси гликолен тоник па чекам кратко време па потоа Балеа аква серум па потоа крема со уреа од Балеа. Сабајле мијам пак со кремата од Балеа па не нанесувам тоник туку директно одам на Ниацинамидот од ординери, па серумот аква па крема од Биотаник антиоксидантна па потоа СПФ од Еуцерин доколку излегувам. Дали сабјле треба да додадам тоник во рутината и ако да, каков?
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Неколку пати купив крема за лице со ЗФ, па ме печеа очи многу. На пример онаа хилауронската на Биотен. Супер крема, ама неподнослива за очи.
    Затоа прашав.

    А што е хемиски пилинг? Јас користам едно зрнцесто на Балеа од праска или кајсија.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Каме, Мишела веќе те оправила. :D

    Мрсна ти е на делови оти ти е дехидрирана кожата. Ако имаш тенки линии на челото, околу носот и устата, уште еден знак дека ти е жедна кожата. Почни со хијалурон и ниацинамид, ќе се препородиш.

    Јас ја немам пробано, ама на ТО кремата за лице исто ја фалат. Natural Moisturizing Factors.

    Ла рош посеј CF ли се?

    Ако се, имам јас такво СПФ 50 плус за осетливи очи.

    Знаеш дека имам мака со очите дека пред ПЦ, од ова никогаш не ми солзеле.

    И на ТО СПФ 30ката за лице не ми прави проблем. За зимово е топ.

    СПФ обавезно, најдобра превенција против брчки. :)

    А да, и издржи со ниацинамидот, можеби ќе те исфрла на почеток. Ние се спријателивме дури по 6 месеци, ама многу бев упорна :D
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Секако дека да. Пожелно е да воведеш тоник, пред сè за дополнителна хидратација на кожата. Наутро и навечер, прв чекор по миење на лицето.
    Тоникот навистина прави огромна разлика во изгледот на кожата, ќе си приметиш и сама. За почеток доволно е благ тоник без алкохол, еве види го розовиот Балеа кој веќе го имаме спомнато.

    Ти користиш физички пилинг значи, штом е со гранули, хемиски е тој кој во составот содржи одредени киселини (најчесто аха или бха) кои делуваат во однос на подобрување одредени неправилности кои ги има кожата.
    Имаме пишувано мал милион пати, конкретно за хемискиот пилинг на ТО. Не се користи често никако, по употреба задолжително лицето длабински се хидрира и задолжително се носи заштитен фактор. Не ти треба тоа засега. Фокусирај се на хидратацијата, ти имаш малку посува кожа од мојата па сосем доволни ќе ти бидат хијалуројската и ниацинамид.
    Потоа сама ќе си процениш дали ти требаат киселини и кои. Јас мислам дека млечната киселина ќе ти заврши работа и за брчките, но бејби степс, види прво како ќе ти оди со ова.
    И обавезно најди крема со заштитен фактор. Биотен со 15ка или 25ка не врши работа. Разгледај го тој од Еко Козметикс (мислам дека беше така, во Зегин го има). Скап е, ама долго трае.
     
    На Doozy и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.975
    Не ми е проблем толку цената, сега да не е над 2000 денари.
    Ќе го побарам.
    И ќе пишам како ми оди.

    Фала :*

    Мислам дека ЛРП не се КФ.
    На чело не се баш тенки, и околу очи имам.
    А околу уста/нос не.

    Стареам, до тоа ќе да е.
    И мн. години без СПФ :)
     
    На Doozy и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.236
    Допаѓања:
    81.790
    Пол:
    Женски
    Не не, 1200 мислам дека беше, тубичка од 50мл.
    Ти го предложив него бидејќи е органски, вегански, па се надевам дека е и cf. Не сум проверила.
    Мојот е Каротен сензитив (300 денари) со ЗФ50, ама не е cf колку што се сеќавам. Ќе проверам пак, па ќе пишам. Мене ептен ми се погоди, ни очи ми солзат, ни па се познава бела трага. Топ кремичка.
    Ај обезбеди си Niacinamide и хијалуронска, па пиши како ќе се осеќаш.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Од каде го зимаш?