Од Веро го купив летото. Го имам видено и во Рамстор, а можно е да го има и во Зегин. Цената е од 270-330 денари, во зависност од тоа дали е на акција некоја или не.
Јас ги имам гликолната киселина тоникот и ниамицидот.Е сега ме интересира дали може да ги користам во комбинација со Биодерма гел за миење лице и кремот против акни(од зелената колекција-себум контрол)? На пример: прво миење на лице со гелот, па гликолниот тоник, па ниамицидот па кремата? Во ред ли е оваа рутина или треба да воведам уште некој чекор?
Пред гликолниот, ти треба прво обичен тоник за хидратација, затоа што гелот и онака е јак ја суши кожата, па уште толку ја оптеретуваш со гликолната киселина без претходно да ја хидрираш кожата. Гликолниот тоник не ја хидрира кожата туку прави пилинг, затоа ти треба прво хидратор па потоа другото. Значи, по миењето прво нанесуваш обичен тоник, па потоа сè друго како што си пишала.
@Mishela немам друг тоник. Извини, а каков да тоник да купам на пример?Имам мрсна кожа склона кон акни.
Ќе си земеш каков било тоник без алкохол, затоа што гликолниот тоник нема улога на хидратор и дополнително ја сушиш кожата. Само крема секако не е доволно за длабинска хидратација... Каков било земи си, Биотен розовиот, Балеа розовиот, и плавиот Балеа е убав тој со алое вера, само има алкохол во составот. За другите не сум сигурна, ама розовиот Балеа е нежен и убав за секој тип на кожа.
Ајде вие поискусните ако сакате да ми помогнете за совет- Имам 22 год- кожата ми е комбинирана, во последните неколку месеци приметив дека порите кај образите ми се малку проширени, немам акни, освен по некое мало брукче, но најчудно нешто ми е што тие мали брукчиња ми оставаат како бледо црвени дамки и им треба мноогу време да исчезнат Како да ми е забавено обновувањето на кожата. Баш чудно! Главно сакам тие дамки да ги решам и да ми се подобри текстурата на кожата на лицето. Имам сензитивно лице и затоа ми е страв да порачувам нешто без да се консултирам со некој, а сметам дека морам да користам нешто. Понекогаш ми е премногу сува кожата на челото и на образите што значи дехидрација.Ве молам ако некој знае бар малку да ме упати за почеток што да земам
За почеток ќе си земеш некое нежно средство за миење лице, добар хидратантен тоник, крема. Тоник и вакво за миење ќе си одбереш какви сакаш, какви мислиш дека ти одговараат. А од Ординери можеш да си нарачаш ниацинамид (ќе ти биде добар за порите и за флеките), можеш да го пробаш rose hip маслото и онаа кремата Natural Moisturizing Factors+HA. За чиста хијалуронска киселина ти е рано, за почеток сосем доволен ќе ти биде ваков starter pack. За нешто појако ќе си видиш понатака, прво среди ја хидратацијата па после ќе му ја мислиш што и како со другиве работи.
Помош од експерти Ги прочитав сите мислења и плус некое видео, и отприлика веќе знам што би порачала бидејќи кожата ми е комбинирана кон масна, во последно време исклучително масна би рекла, ништо не ми држи мат повеќе од 1 час светам на чело и гледам проширени пори и црнки на челото , носот брадата.. Би порачала Niacinamide+ Zinc, кремата за лице Natural Moisturizing factors+HA , Glycolic ili Lactic Acid за почеток. Е сега не знам по кој редослед да ги ставам и дали секојдневно? Доколку некој има време да ми одговори ќе ви бидам многу благодарна.
@strawberry111 Glycolic Acid toner два до трипати неделно на тупфер, за почеток, поминуваш на чисто и СУВО лице, навечер само. После впивање ниацинамид па крем. Избери една киселина или лактик или гликолна, постапката е иста со двете само лактик ја ставаш директно не на тупфер. Ниацинамид можеш и наутро и навечер, пред шминка избегавај пошо може да ти се лупи при размачкување пудра. За почетник земи тонер, полесно е за дозирање и употреба. И нешто плус за хидратација земи си, предлог некое масло или марин хијалуроникс или хидратантен тоник некој. Еден продукт неделно внесувај не сите одеднаш за ако имаш реакција да знаеш од што ти е.
Здравоо дечки ... Доколку не е проблем ве замолувам за помош околу употребата на ТО. Јас ги нарачав следниве продукти : Niancinamide 10% + Zinc 1% Glyc. acid 7% ton. solution Lactic acid 5% + HA 2% Rose hip seed oil Alpha Arbutin 2% + HA. Мојата кожа е комбинирана, најголем проблем ми се црнките, порите и дупчињата по образите. Што уште би ми било корисно да си нарачам? И исто совет за хидратантна крема која би можела да ја купам од DM. Однапред Ви благодарам.
Мислиш на Хада Лабо тоникот? Хијалиронскиот тоник на хада лабо го имам пробано, синиот и златниот. Од оние за азијски пазар не од ДМ. Спојлер Различни текстури се, тоникот е благо леплив, додека марин е како водичка, многу брзо се впива и не остава апсолутно никаква трага. Освен нели хидратација. Искрено немав уау ефект од хада лабо за да го издржам лепкавиот ефект.
Здраво девојки. Имам комбинирана кожа со проширени пори, флеки и некоја лузна од акни. Ја читав темава и се одлучив да порачам: Glycolic Acid 7% Toning Solution Niacinamide 10% + Zinc 1% Hyaluronic Acid 2% + B5 Дали овие производи се доволни за почеток или треба да вметнам уште нешто? Се мислам да порачам и нешто против брчки или да видам првин како ќе ми реагира кожата, да не ми дојдат за користење многу производи наеднаш како за прв пат? Совет?
Сосем доволно за почеток. Нека се навикне кожата на новите продукти па ќе си воведеш нешто плус. За почеток доволна е хијалуронската киселина, од неа ќе приметиш најголема разлика.
Ти благодарам. Ја правам порачката сега па со дополнителни прашања за начинот на користење кога ќе ми стигне.
Дали производиве на The ordinary можат да се користат за време на доење? Сакам да земам нешто за под очи и тој црвениот пилинг. Дали постои нешто друго освен Nicinamide 10% + Zinc 1% за регулирање на себум и намалување на пори? Страв ми е да го земам пак зошто акни ми се појавуваа од него. И дали обавезно мора спф крема да користам за преку ден?
МИслам дека не смее за време на доење да се користат пилингот и ниацинамидот. Инаку и јас го имав истиот проблем со ниацинамидот и бев решена д го фрлам зашто ми правеше мозолчиња, но ми препорача да го користам во комбинација со салицилна киселина. Само сега салицилната на ординари не е достапна па побарај од друг бренд пр. inkey list или на МУР. @koritsaki Да се корегирам. Баш пребарав на нет и ниацинамидот може да се користи за време на доење.
https://www.15minutebeauty.com/pregnancy-safe-skincare-ordinary.html фала ти @M.laDy јас сега го најдов линкот погоре , ваљда е се точно напишано. Пишува за сите производи на The ordinary што можат да се користат при доење и бременост и што не смее. Јас сакам да ги земам - Caffeine Solution 5% + EGCG - Hyaluronic Acid 2% + B5 - Buffet” + Copper Peptides 1% Кожава ми стана мрсна ептен и веќе 4 месеци ми е таква , сега дали се хормони во прашање не знам , но користам производи што сум ги користела и претходно. Затоа викам може треба плус нешто да додадам во секојдневната моја рутина
Луѓе, крема со заштитен фактор се користи без разлика дали ставате или не ставате на лице киселини и останати продукти кои ја прават кожата фотосензитивна. УВ-зрачењата не се зафрканција и не се за занемарување, крема со заштитен фактор се става преку целата година, секој ден. Мислам, чисто ради вас, за заштита на лицето, а не ради тоа што се мачка млечна киселина, гликолен тоник и слично...
Имаш право @Mishela , јас користам крема со спф стално , си ја имам најдено идеалната , само сега имам други креми отворени и неискористени па гледам нив да ги искористам прво