Noemi интересен производ ,читам дека и ти си задоволна , а и на страната на Deciem исто туку , се користи на чисто лице , може да постои на лице , се измива па се нанесува тоник така? Ете , наместо Ниацинамидот , ова ќе го земам , страв ми е да ризикувам пак со него. edit: Pore Control Booster можеби го има пробано некоја?
Е тоа (СПФ) обавезно да си земеш - нема сакам-нејќам, мора. Јас не го ни спомнав затоа што и сами знаете дека устата пена ми фати од зборење за заштитен фактор, па да не се повторувам.
@koritsaki За Sanscrit, како второ средство го користев, т. е. на влажно лице со претходно извадена шминка, нанесувам масирам и пример мијам заби меѓувремено за да го оставам 5мин. Плакнеш и продолжуваш со нормална рутина. Малку мириса на квасец/почва не знам конкретно да го определам, ама мирисот не останува на кожата. Плус и порите екстра ги чисти и собира.
Здраво девојки, ако може некој да ми каже дали производите на The Ordinary се органски? Истражував на интернет прочитав дека се глутен free, веган free, но ме интересира дали се органски доколку некоја знае да ми каже?
Дали знаете од каде ги праќаат Deciem производите, од Англија или Канада? Англија не е веќе во ЕУ , а сметкава испаѓа 45 евра и имам страв од царина (кај нас во Гр до 22 евра не плаќаш царина ова важи за земјите надвор од Еу..) па викам да не ризикувам , на два пати ќе нарачам
Вчера вечер по втор пат ставив ниацинамид и сабајле цело лице ми беше со ситни мали бели мозолчиња. А баш прочитав многу се жалеа бидејќи ја смениле формулата нешто. Не нарачувајте ниацинамид веќе. А јас дали да продолжам да ставам?
Мене прво ми се нафрлаше така од вит.ц серумот,ситни бели,ама само на почетокот неколку пати,па го баталив и сега пак му дадов шанса и веќе не ми се нафрла. Така да не се откажувајте одма дајте им шанса,може треба да се навикне кожата.
И мене од ниацинамидот ми се направи лом лицето од второто шишенце но сега привремено го користам ... И од салиц. киселина исто чим почнав... Чудна ми беше кожава многу... Не нарачувајте се наеднаш постепено користете ги производиве... Јас можеби и ради тоа се заплашив ... Ништо не користам освен хемискиот пилинг... преубав ми е ... омилен . @Anabelle.Amorette производот за коса можеш да ми кажеш за што е конкретно ?
За згуснување на коса е, прилично многу ми се изретчи на горниот дел кај патецот, малку се среди со шампони, сега решив да го пробам ова. Нема боја, мирис, не ја мрси косата кога ќе ставиш. Се надевсм ќе биде корисно.
Нормално е ниацинамидот да те исфрла. Јас цели шест месеци чекав да помине тој период, сега ми е незаменлив. Пробај ставај го прво еднаш неделно, па двапати неделно, па преку еден, итн. Не мораш секој активен продукт секој ден. Некако имам впечаток како од одма да очекувате магични резултати, без разлика на производот. Не може една кремичка или едно серумче да реши проблем што траел со години без целосна промена на навиките и воведување на нова рутина. Всушност, првите вистински промени се видливи дури по 3-4 месеци. Најбрзо промена може да се види само ако лицето било дехидрирано, па од хијалурон или од тоник веднаш да живне. За се' друго треба време.
На муабетот, да ги испофалам хијалуронската киселина и скваланот, олку меко, нежно лицето и мазно не било, особено во пределот на носот кај аглите зад ноздрите, под долната усна и челото во средишниот дел веднаш над веѓите. Најпроблематично ми беше тука, во однос на затнати и проширени пори, понекогаш и некој break out. Пресреќна сум.
Никогаш не сум кажала дека очекувам брзи резултати, баш напротив. Само се жалам што од втор ден ме исфрла, а јас одамна не сум имала мозолчиња, а сега цело лице ми е исфрлано.
Се надоврзав на твојот пост, сори, ништо лично. Пошто сите сакаат инстант резултат, сите бараат една кремичка или серумче и да се решат скроз сите проблеми. Е па не оди така. Можеби ставаш премногу ниацинамид. Ниацинамидот исто така влече на површина, така што, можеби било прашање на време кога ќе ти излезат. Можда не ти е доволно влажно лицето. Можеби не го чистиш правилно навечер, па ти се собира нечистотија. А можеби и стварно не ти одговара, ама пред да се откажеш, пробај ги сите варијанти. Јас едно време го мешав со кремата или го ставав над неа, така некако како најбрзо да ми се навикна лицето. Ваквите брендови редовно експериментираат со формулите, ако не чини, ќе ја повлечат. Нема зошто да не се нарачуваат, не им се плаши.
Не сум сигурен дали веднаш од самиот официјален датум за Брегзит прекинаа да важат бенифциите на Велика Британија, бидејќи ќе им треба минимум една година за да го финализираат целиот процес... можно е сеуште да не се наплаќа царина но, сепак оди на сигурно..