1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

The Ordinary продукти за нега на лице

Дискусија во 'Лице' започната од Mishela, 15 ноември 2018.

  1. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    Искрено очекував нешто вакво, 50-50 беа шансите да се нафрлам бидејќи многу се жалат од овој производ, баш и Катциа пред 2 дена имаше ставено на стори и многу се жалеле бидејќи ја смениле формулата. Мене прашањето ми беше дали да продолжам да го користам и покрај тоа што ми излегоа мозолчиња.
    Лицето го чистам со Балеа пена, па потоа ставам нормална количина од серумот. Вчера на малку влажно лице ставив и немам како вчера. Не верувам дека ми е од маслото дека тоа е баш за мојот проблем.
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ај пробај double cleanse прави, прво мицеларна, па пената, па тоник, врз тоникот мааалку ниацинамид и над тоа крема. Еднаш неделно, па двапати, па преку еден ден.

    Јас лично би му дала шанса подолго пред да одлучам дека не го бива. Секако си го зела, го имаш... :)

    А шо мака уствари имаш, зошто го користиш? Пори?
     
    На Noemi и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    А катззззиа да не речеше дека формулата е сменета, еве никој немаше да се нафрла од ниацинамидот. Сè ќе беше супер. :^)
    Леле бе луѓе, дајте малку...ај, да не почнувам.

    Отворете малку на нет, прочитајте за ниацинамидот и ќе видите дека нафрлањето не е од вчера, не е од „новата формула“. Како може тим стручњаци во ДЕЦИЕМ да пуштат фаличен продукт во продажба. Еве, не ми е јасна логиката, не ве разбирам.
    Кој тоа квази-стручњак рече дека новата формула не чинела и кај правел испитувања? Во домашната тајна лабораторија на Декстер? :D
    Или да се најдеме на муабет само, па ај да се тресне нешто.

    Ниацинамидот најдобро е да се става на влажна кожа, исто како хијалуронската. Значи damp skin, 2 капки ај и 3 преку сила. Ништо повеќе затоа што е вишок.
     
    На Rirri, Juicy, Flower27 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    За тоникот си во право, а мицерална ич не сакам, а и не користам шминка периодов така да мислам нема потреба.
    Не ми е за пори, за нерамномерна текстурата на кожата и лузни од акни и изедначување на бојата.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Епа за што ќе ти е тогаш ниацинамид? :D
    Значи тебе ти треба нешто друго или да не го ставаш на цело лице, туку директно над флеките од акни. Разгледај некоја од витамин Ц опциите, млечната киселина е убава за подобрување на текстурата на кожата, хијалурон (ако имаш доволно години за него)...

    Мене ниацинамидот ми помага и со акните, побрзо ми проаѓаат и не ми оставаат флеки кога ќе поминат. Ама како сакате, не знам што да ви кажам друго.
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.318
    Пол:
    Женски
    Многу од форумов лично на инста мe прашуваа за производиве па затоа напишав на темава. Јас веќе 6 месеци не ги користам едноставно не ми одговараат или незнам да ги користам.
    Имам многу прашања за салиц. киселина. имав периоди само неа кога ја користев без др производ да ставам.
    Многу е агресивна за мојава кожа, со црвенило и воспаление бев јас.
    Изгледа премногу нежна кожа имам


    Општо напишав за сите да не се претерува како јас што претерав . Пошо 5 производи во текот на денот ги ставав и се надевав на чудо др ден.
     
  7. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    нарачав marine hyaluronics и ретиноид за брчки, исто и гликолна киселина. Витамин Ц имам користено од друг производител скоро пола година, не забележав некое посебно подобрување

    20200205_125545.jpg еве какво ми го направи лицето
     
    Последна измена од модератор: 5 февруари 2020
  8. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    За пори и црнки, освен ниацинамидот што друго би ми помогнало? Имам многу пори на образите.(користам 3 пати неделно и тоник со гликолна киселина) 20200205_160023.jpg
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ти го прочитав и другиот пост надоле и ти ја видов и сликата.

    Користиш прејаки продукти пребрзо, и најверојатно неправилно ги користиш. Затоа не го добиваш посакуваниот ефект или уште полошо, имаш негативни последици од типот на црвенило, нафрлување, итн. Гликолна, ретинол и витамин Ц за почетник БЕЗ РУТИНА се рецепт за хаос, барем според моето скромно мислење.

    Јас од почетокот на годинава до денес се имам само еднаш нашминкано, а double clean-сам секоја вечер со мицеларна + средство. Работам од дома, а наутро обавезно ставам СПФ, дури и ако не испаднам од дома додека има сонце.

    Фокусирај се на правење рутини, хидратација, СПФ и ПРАВИЛНА употреба на активните продукти.

    И да не испадне пак дека за тебе пишувам, пишувам општо.... претерувате со јаки препарати без да ја имате основата за нега на кожа. (@Lilit сега сфаќам што мислеше кога рече дека ќе си го запалат лицето со хемиски пилинг (facepalm))

    Less is more.

    Основа е: правилно чистење, хидратација и заштита од сонце, како што @Mishela има напишано минимум по еднаш на секоја страница од темава.

    Се' друго е дополнително и се користи по потреба.

    Ниеден препарат нема да ти направи разлика ако не го вметнеш во целосна рутина.
     
    На RosettaStone, ludamaja10, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    И јас не се шминкам секој ден, па секоја вечер кога ќе го измијам лицето (double cleanse метод, исто) и кога ќе пројдам со памукче натопено со тоник по кожата пак вадам црнила.
    Еве вчера, кило прашина извадив од себе од ветриштето што ме здува додека се враќав дома.

    И замисли да не го пројдеш лицето со ништо само поради тоа што не си имала шминка. Мене ми е тиха језа, ама океј, секој сам си одлучува што ќе прави и како ќе прави со своето лице.
     
    На Minci13, Flower27, lovemme и 3 други им се допаѓа ова.
  11. pelegrina

    pelegrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    36
    Ако си прочитала ќе видеше дека само buffet користам наутро, а niacinamide и масло од шипка навечер. Другите производи ги нарачав, се уште не се стигнати. А и кога ќе стигнат нема наеднаш да ги користам сите, туку постепено ќе ги внесувам.
    Користам spf50 секој ден
    Мицерална не е за моево лице и нема да користам. Си имам рутина а вит ц го исфрлив кога почнав да ги користам овие од ТО. (Нели не оди ниац. со Ц)
    Се правам правилно како што треба, но ете сепак се случи и ова. Јас најмногу се придржувам кон правилата затоа што сакам да имам успех со користење на производиве.
    Сепак си споделуваме искуства од производите, за тоа е темата.
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Баш оти споделуваме искуства.

    Не е фер некој што навистина би имал корист од продукт (кој било продукт) да не го нарача затоа што тебе не ти годи, а ти можеби неправилно го користиш.

    Секој совет овде од моја страна е најдобронамерно пишан, во слободно време што ми е многу ограничено, и пробувам да ти помогнам, а ти упорно наоѓаш причина да не ги прифатиш сугестиите.

    На крај, секој сам си знае што и како ќе користи. Голем е Интернетот, има простор секој да си истражи што го интересира.

    Секое добро, ти посакувам за брзо да ги видиш посакуваните резултати и да се пофалиш :hai:
     
  13. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Може некој да ми помогне во постот погоре?
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Колку време го користиш тоа комбо така?
    Треба да пројде подолг период за да има ефект. Терај така некое време па ќе видиш дали ќе има напредок, а секако дека ќе има.
     
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    За Ниацинамидот, последниот нарачан и веќе во употреба ми е од декември го користам три години и више, нема никој да умре.
    Исто на еден инста акаунт esty lauder некако беше споделиле The Ordinary gave me chemical burns а типката го користела пилингот по дваесет минути.
    За katzzia не ни сакам да коментирам, жалам што младината не е заинтересирана или неспособна да пребара и тестира сама продукт. На истото е сведок и самава тема после 25 испишани страници доаѓа некој здраво како да ги користам The Ordinary.
     
    На martiiinna, koritsaki и ludamaja10 им се допаѓа ова.
  16. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Дали сѐ уште ти пишува дека производите се во Белгија? И мене неколку недели по ред ми пишува дека се таму. :punch:
     
  17. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    20200209_223513.jpg
    Ова може ли да се користи како креме за лице?Инаку сега само прашувам гледам дека е потрошено.:wasntme:
     
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    @Salome Ова Е крем за лице. Убав е лесен и хидратантен, за цената одличен. Под шминка е супер. Земи си го големото пакување искача околу 400денари за 100мл. Само е без спф, така да треба крем со спф одгоре да нанесеш.
     
    На Rose96 и Salome им се допаѓа ова.
  19. Ina V

    Ina V Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    1.560
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, нова на форумов (highfive)
    Сакав да споделам искуство со The Ordinary производите, ги користам редовно нешто повеќе од две години и лицето никогаш не ми изгледало поздраво и почисто, инаку имам 24 год.

    Прва работа е кожата темелно и правилно да се чисти, во спротивно серумите не се толку ефикасни, посебно ако се носи шминка на дневна база. Мојата кожа е нормална накај сува и користам два пати неделно маска со глина или со активен јаглен и два пати неделно третман со AHA 30% + BHA 2% Peeling Solution, секако во различни денови.

    Наутро:
    Миење со поблаго средство Bioderma Sensibio DS+ Cleansing Gel
    Glycolic Acid 7% Toning Solution нанесен со вата
    Микс од три капки Resveratrol 3% + Ferulic Acid 3% со пола дозер 100% L-Ascorbic Acid Powder
    Масажа со миксот околу 1 минута додека добро да се впие
    Natural Moisturizing Factors, понекогаш измешан до две капки 100% Organic Cold-Pressed Rose Hip Seed Oil
    Mineral UV Filters SPF 30 with Antioxidants

    Навечер:
    Темелно отстранување шминка со млеко (различни брендови користам) и миење со Bioderma Sensibio DS+ Cleansing Gel
    Buffet
    Niod
    Multi-Molecular Hyaluronic Complex или Hyaluronic Acid 2% + B5
    Niacinamide 10% + Zinc 1%
    Natural Moisturizing Factors
    Kiehl's Creamy Eye Treatment with Avocado

    Сега за сега функционира идеално, имам заборавено кога последен пат ми има излезено бубуљица (да чукнам во дрво :D)

    Она што го научив е да не се претерува со количината на производите, на почеток од мерак ќе се испозалеташ да ставаш, па почнуваат да се ронат на кожата, посебно Ниацинамидот. Подобро е да се почне со една капка и да се има трпение со резултатите.

    Се надевам дека ова може да му помогне на некој што сега почнува со користење на The Ordinary.

     
    На Sanniii, LivingGlam, Juicy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Но како и да е, би ценела луѓето повеќе да користат вака студиозно рутини за други работи, него ли за шљакање лице. И просто изненадени и потресени како Наоми погоре како луѓето се козметички неедуцирани. Па не се, проблем? Има неписмени еден куп, има безосетни на тони, има секакви, но не...козметиката. Лабавко малку.
    Површен, површен свету изложен на излог.
    Што повеќе од класика, мицеларна, гел, серумче со хијалурон, нешто околу очи и крема погодна за лице?! Побогу...

    Ќе се изгорат и има такви кои уште се горат.
    Бтв и ги пробав аха и бха, мала беба која не прави ништо, да не речам работа за почетници, а со толку површинско пилингување само маскира, но продлабочува проблем. Се гледаме во времето кога ќе ви досади да го видиме резултатот... нат соу гуд, особено ако си се шлапкаат секој ден, а спф убедена сум дека многу малку користат. Ко што секоја година се повеќе има заболени од рак на кожа, убавини.
     
    Последна измена: 11 февруари 2020
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.